Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
A

anaveno

Гостин
ПАРАДОКСОТ НА ГРЧКИТ Е ФРУСТРАЦИИ ЗА УСТАВНОТО УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈA

Офанзивата на грчката надворешна политика продолжува со несмалено темпо и грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и натаму ја труе европската јавност со грчката параноја, фрустрации истравови кои, за жал, успеа да ј ги подметне на ЕУ како кукавичко јајце! Таа се испазари за поддршката на Брисел околу проблемот со името, откажувајќи сеод својот став против независно Косово!
"Колепката на демократијата" со тоа само ја докажа својата уценувачка политика, преку ноќ менувајќи ги своитепријатели, пред сe, Белград!

Доколку се вратиме малку назад во историјата ќе ни биде јасно ова параноичнооднесување на грчките лидери,кое всушност води корени од нивниот катастрофален пораз во битката кај Херонеја, кога фалангата на македонскиот цар Филип Втори, токму оној кој Демостен го навредувал дека говорелна јазик неразбирлив за Атињаните, ј го нанесе најголемиот срам на тогашната атинска аристократија!

За волја на вистината, деновиве Атина навистина и хистерично се однесува во однапред изгубената битка околу уставното име на Република Македонија, сеејќи магла и прав со агресивните настапи по европските и светските престолнини, кои ја претставуваат моќта на меѓународната заедница, со надеждека ќе успее да ја оневозможи политиката за проширување на НАТО или наЕУ, во чие донесување учествувала и таа или, пак, ги прифатила ставовите наостанатите членки на овие евроатлантски интеграции.

Се прашуваме: Можат ли креаторите на грчкиот цинизам и ксенофобија да ја објаснат сопствената заложба, која инаку би значела оставање црна дупка во Западен Балкан, а тоа би била Република Македонија како единствен признат државен ентитет,кој би останал надвор од НАТО и од ЕУ,односно како нов вкусен залак за кој натаму би се бореле четирите волка од соседството на Македонија!
Или како што луцидно забележа еден македонски патриот Грција ќе мора да го избрише името Македонија кое дури 26 пати сеспомнува во Светото писмо - Библијата!

НАРОД НЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА – ТОЈ ПОСТОИ ИЛИ ГО НЕМА!

Деновиве, испровоцирана од реалноста на состојбите кои не одат во прилог на грчката националистичка и ксенофобична политика кон своите соседи, Дора Бакојани изјави дека ако постоело македонско малцинство во Грција тоа досега ќе се појавело на јавната сцена.
Но, по сe изгледа, наспроти силните историски емоции за античкиот период, таа заборава на многу нешта:
на Букурешкиот договор со кој етничката територија на Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија;на обврските за воведување образование на македонски јазик со употреба на АБЕЦЕДАРОТ, испечатен по налог на тогашното Друштво на народите, а кој требаше да се употребува на "ново освоените територии"; на спогодбата Калфов-Политис за размена на населението меѓу Бугарија и Грција кога Македонците од Егејскиот дел ги преселуваа во Бугарија, а на нивно место се носеа "маџири" од Мала Азија;на беснеењето на андартските банди или на џандарите на диктаторот Метаксас, на асимилацијата и денационализацијата на македонскиот народ, кој таму остана да живее под најтешки услови; на ЕЛАС и ДАГ и на измамата на македонските борци дека КПГ ќе се залага за нивна рамноправност во една нова и демократска Грција; на 28.000 деца кои беа "спасувани" со депортирање во Источна Европа; на Законот за репатријација на бегалците од Граѓанската војна, но само за оние кои ќе се изјаснат како "Грци пород"; на систематското уништување на македонските гробови и цркви во Егејска Македонија, дури и на артефактите од античкиот период, кои говорат за македонското културно наследство на тие простори; на преименувањето на селата и градовите со грчки имиња за кои сведочи книгата на д-р Тодор Симовски "Топонимите во Егејска Македонија"...

Меѓутоа, примената на апстрактниот модел на спекулативниот идеализам напознатиот германски филозоф Хегел,кој на прашањето што би рекол кога некој факт би се нашол во спротивност со неговата филозофска шема, одговора - дотолку полошо за самиот факт, на актуелната грчка политика која се плаши од нов пораз ј се заканува голема опасност!
Со неумерено пренагласување на неисториски или на анахрони тврдења дека Македонија всушност била Грција, без да одговори зошто тамошните Македонци, и покрај суровата репресија, и натаму го користат мајчиниот јазик, народните обичаи и култура, односно пред светот да каже, на пример,зошто Вселенскиот патријарх Вартоломеј и натаму ги задржа ингеренциите за поставување владици на православната црква, кои се надлежни за верниците во Егејска Македонија, а тоа не го прави поглаварот на ГПЦ, Архиепископот Христодуло!?

ГРЦИЈА И БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР!

Сега слушаме дека долгорочната стабилност на Балканот зависела од решавањето на проблемот со грчките фрустрации за нашето уставно име!
Браво!
Значи, добрососедските односи и градењето политика на доверба и соработка зависат од фактот дали ние ќе потклекнеме пред уцените на Грција!
А зад сe тоа вешто се протураат фабрикувани невистини дека Македонија гаела иредентистички претензии со именувањетона аеродромот кај Петровец со името на најголемиот македонски цар Александар Македонски, кој очигледно треба да остане во ексклузивна сопственост на грчката пропагандна машинерија, која не престанува со повиците"Македонија е грчка", без при тоа да објасни зошто 30.000 атински војници се бореле против фалангите на Александар Македонски во Мала Азија во борбата со персиската армада на царотДарие!

Значи, досегашните историчари биле во голема заблуда и воопшто не ја знаеле оваа "братоубиствена војна", кога соодветно на грчките ставови произлегува дека "Грците се борат против Грците"?!
Лицемерно е да се прифаќа ваквата проблематична грчка позиција ако се знае дека токму нејзината актуелна политичка елита беше сведок кога до почетокот на распаѓањето на бивша Југославија, Егејска Македонија се нарекуваше Северна Грција, а со осамостојувањето на Република Македонија таа почнува со преименувањата: солунскиот аеродром го доби името "Македонија", солунската новинска агенција стана"Macedonian Press Agency", странците се чудат кога при поминувањето на граничниот премин Богородица, штом излезат од Република Македонија, гледаат во огромно пано со "Welcome in Macedonia"!

Новинарите ќе мора при првиот престој на Дора Бакојани во РМ, најверојатно во јануари идната година, да ја прашаат што значат повиците на солунскиот владика Антимос за освојувањена преостанатите грчки територии, што се однесува на Р Македонија и дали тоа можеби не претставува акт на изразување територијални претензии, за што засега во Атина нема никакви реакции!

Од друга страна, атинската дипломатија веќе почна да ги пребројува "пријателите" и "непријателите", особено оние кои незаинтересирано ја следат неуспешната битка на Грција околу името на нашата држава, со цел за уште една офанзива со која на сите начини ќе настојува овој непостоечки и во основа билатерален конфликт да го внесе во текстот на документите, кои ќе бидат усвоени на средбата на врвот на НАТО на 14 декември. Во таа "битка" Грција за главен непријател ја смета Велика Британија, која во последно време сe повеќе ја следи политиката на САД, која беше преточена во признавањето на нашата држава под уставното име и оценките дека проблемот околу името, зашто Вашингтон сугерираше да продолжат преговорите меѓу двете страни, не може да биде услов за донесување одлука за прием на РМ во НАТО.
На таков начин неблагодарната Атина загуби голем сојузник, кој во досегашната историја на формирање на грчката држава имаше големо влијание за европското препознавање на античката историја и"грчка" култура и цивилизација, во време на романтичарскиот занес на големиот англиски поет Џорџ Гордон Ноел Бајрон, кој успеа да ги канализира европските навраќања кон античкиот период и во време кога европскиот романтизам се воодушевуваше од тогашните достигнувања во областа на културата.

Очигледно времињата се менуваат и тоа не е во прилог на грчката националистичка и ксенофобична политика, која на ваков начин се откажува од пријателството со Велика Британија.
А што, ако сепак, во поинакви услови,се постави прашањето за ревизија на Букурешкиот договор од 1913 година и поделбата на етничката територија на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија, во време кога сe поактуелни и повозможни се новите територијални разграничувања на Западниот Балкан?
За тоа нека мисли Грција, а ние ќе знаеме што да правиме?!

http://www.makedonskosonce.com
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Пу пу, тоа не важи, ама и пу-пу тоа не може...!

Во изминативе петнаесетина години Европа во неколку наврати ни „покажа“ многу заднини
КОЛЕ МАНЕВ

Добро се сеќавам, пред неколку години во Париз, по повод половина век од усвојувањето на Декларацијата за човекови права, од Ајфеловата кула до Трокадеро, каде што се наоѓа Музејот на човекот, беше оптегната дебела челична сајла долга стотина метри по која акробат на симболичен начин ја носеше Декларацијата за на крајот да му ја предаде на Жак Ширак, тогашен претседател на Франција. Возбудлив спектакл на кој присуствуваа голем број европски лидери! Славењето на Декларацијата е апсолутно за почит, но жалосно е кога одредбите од неа делумно или честопати воопшто не се практикуваат во збирот на меѓучовечките односи. Од историски аспект, Македонија е земја на која и' се нанесени големи неправди токму од Европа и поради тоа ние се' уште го одиме патот по жицата полн со неизвесности и можни ризици.

Се чини како за нас да не важи пораката од Декларацијата која посочува дека, без разлика на нашите различности, ние луѓето треба да бидеме еднакви со право на сопствен избор во однос на сопственото опстојување во светските цивилизациски вредности! Нашиот од по жицата како да нема крај! Од нашето осамостојување како независна држава, Македонија беше исправена пред долг список на искушенија кои како домашни задачи ни ги нуди елитата на Европската унија! Бевме и сега сме во состојба на своевиден политички карантин благодарение на агресивната и параноична грчка политика! Дел од Европејците се длабоко убедени дека Македонија го носи „вирусот“ на историска опасност за сите свои соседи! Од ваквата опасност најмногу бил изложен нашиот јужен сосед Грција! За доброто на Грција, за таа да биде спокојна, ни препопрачуваат да се откажеме од нешто што е исконско наше и да се преобразиме во недефиниран народ кој не треба да има сопствени историски и културни белези.

Што е најтрагично, од нас се бараат нови и нови отстапки и тоа во името на демократијата и човековите права!!! Се мисли единствено такви ќе сме биле близу до портите на ЕУ! Дури по некоја случајност или глупост да прифатиме да се подложиме на од нив толку посакуваната „преобразба“ ,тогаш каква полза би имала Европа од нас кога ќе не види во своевидна рециклирана невредност!? Кој квалитет би и го понудиле на Европа еднаш склопени во таква невкусна форма која нема свој идентитет и историски корени!?

Дека Европа во својот историски развој е склона да применува варијабилна демократија во зависност од сопствениот интерес ни го потврди и Бернар Кушнер. Тој своевремено како прв човек во хуманитарната организација „Лекари без граници“ по повод масакрот во логорите Сабра и Шатила, има изјавено дека страданијата и болката сите луѓе ги доживуваат на ист начин! Сега тој истиот Кушнер, како актуелен министер за надворешни работи на Франција, ја фрли хуманитарната мантија и се определи за интересот, велејќи, ако треба да одбира меѓу Грција и Македонија, тој застанува на страната на Грција затоа што таа била поголема земја!

Пред неколку дена добивме уште еден студен туш од Брисел! На самитот на лидерите на народните партии, членки на ЕУ, извесниот Вилфред Мартенс, претседавач на самитот, го спомна и „големиот проблем“ што и го создава малата непослушна балканска земја, бидејќи таа одбива да биде прекрстена! На тоа грчкиот премиер Костас Караманлис сериозно се закани, ако не го прифатиме името Нова Македонија, Атина ќе го спречи приемот на нашата земја во евроатланските структури! Бидејќи заканата на Караманлис изгледа како бисер во демократијата, многумина од европските умови ја дочекаа со аплауз! Од друга страна, ако ние случајно се осмелиме и побараме Грција како членка на ЕУ да ги практикува одредбите од Декларацијата за човекови права како, на пример, признавање на малцинствата, посебно на Македонците кои живеат во Грција и кои, за жал, и денес се изложени на секакви притисоци. Или слободното враќање на бегалците од Граѓанската војна од 1948 година за кои Грција и не сака да слушне! Но, секогаш кога сме имале можност да поставиме вакви прашања, Европа во нејзин манир, со елегантно движење ни го покажува раскошниот нејзин заден дел и ни вели: пу-пу, тоа не важи! Во изминативе петнаесетина години Европа во неколку наврати ни „покажа“ многу заднини се' со цел да го одбрани својот интерес или на некоја нејзина членка и покрај тоа што во речникот на Унијата демократијата и човековите права се најмногу присутни!

Во името на заемното разбирање, прифатливи се добронамерните подучувања кои ни ги испраќа Европа, исто така и критиките кои се однесуваат на многуте наши немарности кои, во име на вистината, знаеме да ги создадеме! Сепак, и покрај неблагодарните состојби во кои сме втурнати, јас верувам во прогресивните сили кои дејствуваат во Европа и кои го носат светот во порафинирани културни и општествени состојби. Можеби, ако Грција и дел од членките на ЕУ и понатаму инсистираат да се откажеме, или како што велат некои од нив да направиме избалансиран компромис со нашето историско име, традиција и самобитие, велам можеби, во стилот на европскиот манир колку тоа да изгледа непристојно, да им го покажеме нашиот скромен заден дел и да им речеме: пу-пу, тоа не може...!
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Луѓе името е наше и секогаш ќе биде наше така да ние ќе одлучиме како ќе се викаме без разлика грција што мисли и дали ќе идеме во еу и нато. Таа битка е наша без разлика на се нашето име нема да го смениме
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Срамота е тоа што воопшто влеговме во глупостта наречена битка за името , нема со кого и за што да се бориме , името ни е тоа едно и единствено .Тој стариот јазовец заслужува да му се одере кожата на сред плоштад.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
европа се наоѓа под голем притисок
сад и русија
внатрешно неможе да крене глава од национални немири

само малку мудрост и

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ако не попуштиме ке ја добиеме, а мораме да не попуштаме оти малку по малку ке не земат цели. Како им тргна, си се раскомотија ко дома гледам. Почнаа да купуваат се, сите фирми, вработените им работат за 100 евра плата а што е "'најсмешно"" на производот пиши маде ин греце.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
По завршувањето на Руско-турската војна, четири дена по турската капитулација, на 1 февруари 1878 г., Грција ì објавила војна на Османлиската Империја. Како последица на тоа, грчката влада можела на Берлинскиот конгрес да настапи како “победничка сила”. При застапување на своите територијални претензии врз Тесалија и Јужен Епир, Грците на Конгресот во Берлин не ја спомнале Македонија со ниту еден збор. Ниту, пак, на наредната конференција што морала да се свика на 16 јуни 1880 г. во Берлин, само заради спроведување на одлуките на Конгресот, до кои Турција не се придржувала, и на чиј дневен ред исклучиво биле грчките права на Османлиската Империја, атинската влада не ја спомнала “Македонија” со ниту еден збор. Со оглед на речиси неповторливата можност на лично присуство на грчките делегации на две меѓународни конференции на европските велесили за Балканот, би било незамисливо Грција макар и оддалеку да оствари надеж на какво било основано право врз македонска територија.

И ова е уште еден меѓу безбројните докази дека подоцнежното грчко (како и српско и бугарско) освојување и припојување на Македонија во 1912/13 г. било чист империјалистички акт.

За време на една од редовните посети на грчкиот крал на почетокот на 80-тите години од 19 век во главните градови на европските велесили, меѓу другото и во Виена, Јоргос И веројатно го замолил австрискиот канцелар и министер за надворешни работи, грофот Калноки, за услуга во интерес на Грција, бидејќи е запишан неговиот одговор на молбата на Јоргос: Невозможно е Грците да бараат од виенскиот кабинет да врши пропаганда за Грција во Македонија! Оваа реакција е посебно информативна, бидејќи грчкото население не можело да е одамна населено во Македонија, иако Атина уште тогаш настапувала со тој лажен став. Во 1980 г., Јоргос морал да му признае на Калноки “дека во Македонија има многу малку Грци”.

АТИНА ПРИЗНАВА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ГРЦИ

Во 1887 г., грчката влада упатила критика во Букурешт дека Романија културно ги поддржува своите сонародници, влашкото малцинство во Македонија, а на тие активности во Атина се гледало како на “пречка за подоцнежно грцизирање”. Значи, Грција отворено признала дека во Македонија воопшто нема или едвај да има Грци, но уште тогаш планирала, по очекуваното освојување на Македонија, да го грцизира тамошното население - за што уште однапред сакала да ги задржи своите ексклузивни права. Тоа се случило точно 25 години пред избивањето на Првата балканска војна. Долгорочно планирање!

Во 1930 г. Јоргос се пожалил во Виена дека Бугарите оставаат впечаток како само тие да имаат права на Македонија, и иако Атина секогаш тврдела дека во цела Македонија живееле Грци, грчкиот крал сега признал дека “грчкиот елемент” преовладува само во “крајбрежните области и во некои градови”, на пример, во Монастир. На тој начин грчкиот крал донекаде се доближил до реалноста.

По уште една посета во Виена, во 1905 г., кај царот Франц Јозеф и министерот за надворешни работи Голуховски, Јоргос разговарал и со германскиот амбасадор за “мерките на грцизирање” во Македонија. Грофот Ведел го потсетил грчкиот крал на комитските банди од соседните држави Бугарија, Србија и Грција, кои уште однапред сакале да ја обележат својата територија во Македонија поради нејзината очекувана идна поделба, масакрирајќи се притоа меѓусебно на македонска почва. Кога тој му укажал на противречноста на постојаното тврдење дека борбата била насочена против Турците и дека по нивното протерување ќе владеела среќа и хармонија помеѓу христијанските народи, на кралот не му останало ништо друго освен да потврди дека тоа, за жал, е вистина и дека секој христијанин треба да се срами поради настаните во Македонија. Меѓутоа, тој оправдан срам не го спречил Јоргос по задолжителните крокодилски солзи, интензивно и систематски да продолжи со грчките планови за експанзија во Македонија и во Тракија - сè до горчливиот крај во 1912/13 г.

На ова место само патем ќе споменеме дека грчкиот крал, како и сите останати меѓународни личности, се разбира, постојано зборувал за “Македонија”. Ова име Грција дури го користела во меѓународни документи, на пример, во Грчко-бугарската спогодба за основање на Балканскиот сојуз во мај 1912 г. Постојат примери дека, меѓу другото, канцеларот фон Бизмарк - во конкретниот случај во разговорот со рускиот амбасадор Шувалов во Берлин - се разбира, зборувал за “Македонија” како за самостоен народ.

Од таа причина, ако воопшто постои потреба, јасно е побиено смешното тврдење на грчката влада во 1992 и 1993 г. дека на новоформираната република името Македонија ìјго дал Тито дури во 1944 г.

Архивските акти на германското Министерство за надворешни работи се полни со наводи за обидите на балканските држави по Берлинскиот конгрес да развијат заедничка стратегија и да формираат Балкански сојуз, со цел заедно да ја преземаат власта на остатокот на турската територија на европска почва. Сите обиди биле неуспешни поради несогласувањето на балканските држави за поделбата на очекуваниот плен, поради недоволната вооруженост, како и поради тоталната неможност на велесилите да им дадат приближно веродостојно образложение.

На пример, уште во 1883 г. се воделе бугарско-грчки сондирачки разговори за време на посетата на кнезот Александар во Атина. Тогаш се одмерувала и поделбата на Македонија. Меѓутоа, бидејќи двете страни, сеќавајќи се на прастари и одамна поминати времиња (едните на Византија, а другите на Првото и на Второто Бугарско Царство), поаѓале од претпоставката дека секоја треба да ја анектира целата територија за себе, овие средби биле неуспешни.

Во 1891 г., грчката страна преку својот бивш премиер Трикупис сондирала во Бугарија и во Србија дали можеби ќе се договорат за сценарија на поделба на територијата. Дали на Грција воопшто би ì паднало наум да дискутира за деликатното прашање за поделба на Македонија и на Тракија токму со своите најголеми конкуренти (кои освен тоа ги презирала зашто се Словени), ако кога и да е ì припаѓал макар најмал дел од тие територии? Германскиот претставник во Белград, фон Брај, за оваа констелација најде соодветна формулација: Секоја држава на Балканот за себе ја бара “речиси целата европска Турција и уште малку повеќе од тоа”.

АНТАНТАТА ЈА ДЕЛИ МАКЕДОНИЈА

Од ова извонредно набљудување, за жал, произлегува и околноста дека одговорните во Европа можеле навреме да ја препознаат потенцијалната неправда, меѓутоа, во тоа време, веројатно не ги сфатиле сериозно овие преувеличани разговори. Многу подоцна, кога Антантата сфатила дека може да ги искористи балканските земји за своите цели против Германија и Австрија, таа активно учествувала во неправичната поделба на македонските и тракиските народи и територии на трите балкански држави.

Иако плановите на Антантата на преминот од 19-ти кон 20 век, кои довеле до Првата светска војна (во Англија и Русија соодветните размислувања против Германија датираат уште од средината на 19 век), значи дека Антантата играла не само некаква, туку одлучувачка улога за судбината (и) на Македонците, во ова резиме не треба да се навлегува во поединечните етапи на тој развој. На ова место, на пример, може да се пропушти опишувањето на сеопфатните промени во Европа поради основањето на Антантата кордијал, помеѓу вековните непријатели Англија и Франција во 1904 г., како и нејзиното проширување со Русија во Тројната антанта во 1907 г., која зборува сама за себе. Меѓутоа, некои станици, сепак, мора да се прикажат:

Инструментализирањето на кралствата на Балканот од страна на Антантата за сопствените планови на конечно опколување на Германското Царство и на Австро-Унгарија, започнало најдоцна на англиско-руската средба (кралот Едвард VII со царот Николај II) на пристаништето Ревал. Тогаш паднала одлуката Македонија да им се жртвува на балканските држави и на тој начин нераскинливо да ги врзе за Антантата и нејзините планови против Германија.

Сепак, подготовките траеле уште три години, додека Русија во 1911 г. да склучи тајна спогодба со Србија и со Бугарија, со која на овие две царства на Балканот им ветила помош против Турција во борбата за Македонија и Тракија, како и поддршка против Австрија која секогаш будно и полна со завист ги набљудувала настаните. На тој начин биле отстранети најважните пречки кои цели триесет години ги спречувале балканските држави да започнат војна против Османлиската Империја за териториите на Македонија и на Тракија. Со јужниот сектор, сега се комплетирал железниот прстен околу двојниот сојуз (Германија и Австрија).

Меѓутоа, балканските држави за цената на Македонија прифатиле уште поголеми обврски, имено, полноправно членство во Антантата со сите последици!

Ханс Лотар Штефан
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A koj imase muda toa da go objavi vo vesnik?? Posle doglo vreme krienje vo memlivi fioki n dve vladi??

Forum na Casule.
 
Катја

Journalist
Член од
18 декември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3

ова го читав во последниот форум, ќе има уште 3 продолженија, историски факти, но колку тие можат да ни помогнат во нашата стратегија при преговорите со грција :tapp:
Тука сакам да отворам едно прашање, БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА , да или против? се разбира доколку не ставеа рампа големите сили.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
МИСЛИШ МАКЕДОНСКА ИДНИНА ВО БАЛКАНИКА
НИКАКО !
НЕ ДОАЃА ПРЕДВИД !
прво обидинување , па разидинување со војни , аман зар не ја научивме лекцијата.

ВЕЌЕ ВИДЕНО СЦЕНАРИО
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Еве ја листата ,според википедија , на земји кои не не признале ни под едно име:
Andorra, Bahamas, Barbados, Bhutan, Botswana, Chile, Cyprus, Fiji, Georgia, Grenada, Kiribati, Lebanon, Liberia, Mali, Malta, Monaco, Namibia, Palau, Palestinian Authority, Papua New Guinea, Philippines, Sahrawi Republic, Saint Kitts and Nevis, San Marino, Solomon Islands, South Africa, South Korea, Syria, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Tuvalu, Zimbabwe.

Епа...на ред е Милошоски.

П.С. Израел, еврејштината која е толкав голем пријател на Македонија не има признаено....ама знае ли некој како??? the former Yugolsav Republic of Macedonia(FYROM) ЕТЕ БАШ ТАКА!!!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Чекај или мене не ме држи меморијата како што треба или до Википедијата е...
Нели Suriname не призна под уставно име?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Не е апдејтувана википедиа изгледа...и Парагвај не има признаено. Ги тргам од листава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom