Ако одите преку Косово имате три опции:
1.Преку Брезовица. (Штрпце)
Патот е долж Шар планина, најкратка рута, најинтересна, опколен од планини, но најтешка, кривини, јака угорница, а потоа удолница, тесно, мене плус ме фати силен дожд. За тие што сакаат природа, најдобра рута, но за тие што патуваат према Црна Гора или Хрватска, не ви треба да се изморите уште на почеток.
Од Блаце до граница со Албанија 100км, од кои 30км автопат.
2. Преку Дух'љ.
До Феризај се оди преку автопат, а потоа по регионален пат фаќаш правец Штиме, Дух'л, се спушташ директно на автопат во близина на Сухарека, и од таму до граница по автопат. Не сум ја поминал, но знам многумина одат бидејќи е пократко и не е толку мачно.
Од Блаце до Албанија 111км од кои 70км автопат.
3. Целосно по автопат.
Најдолгата рута, се оди до пред Приштина целосно по автопат, потоа се вози околу 25км по пат кој е исто така како автопат со 3х3 ленти, меѓутоа мислам ограничувањето беше 80, бидејќи возачите од околните објекти имаат слободен пристап, за потоа повторно да се приклучуваш на автопат се до границата со Албанија. Значи 149км од Блаце до граница со Албанија се вози во 3х3 ленти.
Во Албанија не сум бил преку Косово, но од други знам дека таму патот не е на висок стандард како на Косово, но работат на тоа, и знам дека поставија една патарина која кошта 5 евра. А на Косово сеуште нема патарини.
На Косово глобите за пребрзо возење надвор од населено место се:
-до 10 км/ч над дозволеното нема казна
-од 10-20 км/ч глоба од 20 евра
-од 20-30 глоба од 40 евра
-од 30-50 глоба од 100-300 евра
-над 50 км/ч глоба од 200-600 евра и забрана 3 месеци.