Новиот Тесла автомобил почна со дистрбуција на возила без фосилни горива

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А зошто ТЕСЛА модел.
Зошто не биде ХХХХХХХХ модел. пак ХХХХХХХХ модел..или ХХХХХХ модел
а ХХХХХХХХХ - би било име на некој наш професор од УКИМ,
Па нели УКИМ постои 60 и кусур години, по толку и толку со ВСС дипломи
дај што измислиле овие години - кажете
Освен дрвените штипки за алишта што ги направија пластични,
( а и тоа незнзм дали е нивно)
Сакам јавно да кажам за ништо не ги бива ( мислам на инжињерски кадар )
не мешам тука правни науки медицина,општествени науки и слични кадри
посебно за администрација и лежарење знам дека сме специјалисти.
Кога машински факултет прави а-тест на фабричко вграден плинску уред на Волво, какво мислење би имале за нив.
Исто како на Ферари да му прават а-тест на моторот.:)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Кога машински факултет прави а-тест на фабричко вграден плинску уред на Волво, какво мислење би имале за нив.
Исто како на Ферари да му прават а-тест на моторот.:)
Тие од волво поима немаат од плиски уреди, затоа овие ги проверуваат. И тие од ферари кај знаат па тие па мотори да прават, нашиве мора тоа да го проверат, не ради парите, туку ради безбедност во сообраќајот. :)
Шала на страна, не ми се верува дека направиле такво нешто со фабрички монтиран плински уред. А ако направиле, тогаш јасна е причината, а таа е... треба да се плати тој атест.
А можно ли е законски да мораат да ги прават атестите? Сигурно имаат некаква регулатива, некаква процедура, не може на кој како му текне да прави.
Што се однесува до возилото, многу ми се бендисва, мислам дека со таа технологија и дизајн, цената е реална. Ке си купам едно..... здравје ко ке направам добра инжинерска кариера. :)
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Доста привлечно, посебно Tesla model s...браво ...спој на иновација и добар стил!Единствен автомобил кој можеби ќе го замени мојот омилен модел Volvo c30:)
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Колава е супер ја имаше на top gear пред некое време и ептен ја испофалија, него реално гледано многу е нефункционална, и кога ја возеа на top gear дојдоа до заклучок дека многу помалце проаѓа отколку што би требало(зборам за километрите) а потребно и е период од 16саати да се наполни скроз..
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
А можно ли е законски да мораат да ги прават атестите? Сигурно имаат некаква регулатива, некаква процедура, не може на кој како му текне да прави.
Не, од ќејф си ги прават, од шо се курнази многу.
 
V

Vollstandig

Гостин
Камо среќа брате, нека паднат нафташине што се фураат и цело време не зезаат за цените!
Ова се возилата на иднината и секако најповолни во заштеда на пари и животната средина.
Е тогаш очекувај бензиските наместо БМ ОИЛ, МАКПЕТРОЛ, итн, да се прекрстат во ЕВН, и место пумпи за бензин - полначи за коли.
Сепак некој ќе изгради монопол, верувај досеа не сум видел производ што можиш да го купиш и користиш онака - неограничено, без некоја претплата.

Ако купиш мобилен, обврзан си да најдиш оператор на кој ќе му плаќаш да ти овозможи услуга-зборување/интернет/ итн..
Ако купиш нафташ-кола, ја имаш ама мораш да идиш до бензиска да купуваш нафта.
И телевизор да земиш треба да плаќаш каблоска, освен ако не си фраер да најдиш сателитска...
Компјујтерот ти бара интернет... и да не набројувам,муабетот со целиот асортиман на производи што му се дава на човештвото е правење пари, ова иди од типот: Еве ти гратис тајнир и лажица, ама манџата купете си ја.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.710
Поени од реакции
12.707
електрични автомобили ти се само привремено алтернативно решение....пошо за автомобил да биде во возна состојба пак ти треба да го наполниш....ќе се фрлаат огромни суми на пари за струја ( а и струјата ја добивамe главно од нуклеарни централи )...така да не е идејно решение.....од друга страна http://en.wikipedia.org/wiki/Honda_FCX_Clarity хонда успеаа да направат нешто далеку поревулуцинорено уште пред 4 години....за да се користи хидрогенот како гориво, не се драстично поголеми побарувачките од тоа да се експлоатира наместо нафта или бензин.....ама ако тоа се направи, тогаш ќе немаат светскиве велесили никакво оправдување за „ воени интервенции “ секаде каде има нафтени полиња....основачот на gillette во една прилика има изјавено „ да се направи сечило кое никогаш неотапува, не собира влакна, и може да се користи бесконечно, е многу лесно да се направи. Но доколку го направиме тоа, каде е тогаш нашиот профит “ ....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
добра презентација,возилото вака на полигон импресионира,е сега пошто сум љубител на постара техника во возилата и не ми правиќеиф сета таа електроника која тешко се поправа......

хибридните возила се одлични и можеби подобра опција него оваа......

да видиме која е заштедата и кога би почнале да се увезуваат и сервисираат кај нас (претпоставувам 2070та година:нинџ:).........ако треба да ја полнам на штекер,подобро нека не ја носат воопшто,супер е она на Human за можност на далечинско безжично полнење
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
електрични автомобили ти се само привремено алтернативно решение....пошо за автомобил да биде во возна состојба пак ти треба да го наполниш....ќе се фрлаат огромни суми на пари за струја ( а и струјата ја добивамe главно од нуклеарни централи )...така да не е идејно решение.....од друга страна http://en.wikipedia.org/wiki/Honda_FCX_Clarity хонда успеаа да направат нешто далеку поревулуцинорено уште пред 4 години....за да се користи хидрогенот како гориво, не се драстично поголеми побарувачките од тоа да се експлоатира наместо нафта или бензин.....ама ако тоа се направи, тогаш ќе немаат светскиве велесили никакво оправдување за „ воени интервенции “ секаде каде има нафтени полиња....основачот на gillette во една прилика има изјавено „ да се направи сечило кое никогаш неотапува, не собира влакна, и може да се користи бесконечно, е многу лесно да се направи. Но доколку го направиме тоа, каде е тогаш нашиот профит “ ....
Истото важи и за лековите.
А бе што сакате, уште на времето, Тесла направил автомобил на струја кој имал моќност околу 90kw. Од тогаш поминаа сто години и во рок од тие 100 години да сакале да инвестираат во таа технологија до сега ке сме имале автомобили што се движат на безжична струја. Само оние кои инвестираат гледаат каде можат повеќе пари да приграбат, пошто се алчни и желни за моќ и слава, не мислат како да го направат светот подобро место за живеење за сите нас, а можат, бидејки ја имаат главната алатка т.е пари. И нормално по профитабилно било да убиваат и окупираат територии на блискиот исток и африка.
Само 2% од од луѓето во светот се многу богати, односно се оние кои го контролираат светот т.е засега го водат светот во погрешна насока. Знаете што може да им се случи ако на тие 98% им скурчи владеењето на овие 2%?
Ке ги снема со брзина на трепкање на око.
Мораме малку и ние како народ да се освестиме, за да го подобриме квалитетот на нашиот живот. Мал народ сме но од некаде мора да се почне промената. Силата е во народот, не во оние кои "менаџираат" со него. Не е моќта во оние кои седат во кожните фотељи и донесуваат важни одлуки со кои сите ние треба да живееме утре. Тие си мислат дека се јаки, се додека не видат колку се неважни, кога сложно ке се побуни народ. Мислите дека полицијата која треба да ги брани, ке ги брани? Или пак војската, ке ги брани ли? И тие ке бидат на страна на народот, затоа што оние кои нема да бидат, ке ги снема со светлосна брзина, заедно со нивните владетели.
Кај ке бегаат тие, кај ке идат, што мислат дека ке можат да се телепортираат некаде и да поминат без последици?
И сега си замислувам како би бил животот после 100 години од денес.
-Нафтата е секундарен извор на енергија, и нејзините светски резерви се на самиот крај, што значи многу е скапа, и е непрофитабилна.
-Ел. енергија, водородна енергија, сончева енергија и некои други незагадувачки извори на енергија се главни извори на енергија, светска движечка сила.
-Природата полека сама се прочистува од претходното големо загадување од човекот кој 150 години со согорување на нафтата и нанесе преголема штета, но сепак природата успева да се регенерира како и секогаш, бидејки природата е единствен систем познат на човекот кој сам по себе совршено функционира. Во природата нема несовршено, се е поврзано и се си има своја функција и совршен дизајн кој ја прати функцијата.
-Ние дишеме почист воздух, водата е почиста, автоматски нашата здравствена состојба е подобрена.
-Не умираат луѓе во војни, од глад и болести бидејки тогаш човекот ја научил својата лекција од она што се случило во блиското минато.
-Народот се побунил против пирамидалното општествено уредување, и воспоставил нов начин на комуникација и живот.
-Бидејки нема потреба од окупирање на туѓи територии поради изворите на нафта, односно во превод, изворите на моќ а бидејки веќе други се изворите на енергија и се распределени рамномерно низ светот и ги има во голема обилност, водата секаде ја има, ел. енергија секаде ја има, сонцето секаде го има, и нема да има потреба од борба за надмоќ бидејки секој ке има подеднакво моќ.
-Нема да има потреба од фрлање беспотребно пари за воени проекти и технологија, парите одат за научни цели, за креирање нови иновации, кои секојдневно ке му го подобруваат животот на секој човек.
-Сите оружја се стопени, и од нив се изградени убави домови за живеење, изградени се соларни централи во Сахара, кои ја снабдуваат цела европа со струја, постојано, без да се загадува природата, изградена е подобра инфраструктура и посовршени средства за транспорт.
Сега ова е фантазија, ама јас сум сигурен дека еден ден ке стане реалност, затоа што ние луѓето не сме создадени да уништуваме, нашата природа не тера да се поврзуваме, да мислиме заеднички, бидејки сами не можеме да опстоиме. И да сакаме да сме сами, никогаш не сме бидејки сите сме тука на планетава и мораме да пронајдеме начин како подобро заеднички да живееме.
А и друго нешто, кога ке ги отфрлиме религиите, вакви какви што денес ни ги презентираат ке видиме колку не е важно да поседуваме моќ да ги контролираме другите луѓе,
Желбата кај одредени луѓе за исполнување на своето его и желба за надмоќ, потекнува директно од религијата, бидејки нели Бог е семоќен, тој е совршен и ние како луѓе природно е да се движиме кон совршенството односно моќта.Бог не е љубов, бидејки Бог ги контролира луѓето, и луѓето кои веруваат во него пробуваат да ги контролираат другите луѓе, односно пробуваат да се угледаат на него, нивниот татко и креатор, сакаат да го достигнат него, ама се зезнале, пошто тој не постои. Тој е човечка фикција, имагинација во нашите глави, која со векови не тера да правиме лоши работи на другите луѓе, не потикнува да посакаме да ги контролираме другите односно да имаме голема моќ, а со голема моќ доаѓа голема одговорност. Повеќето кои ја имаат моќта, не се однесуваат одговорно, и затоа ги чекаат големи последици.
Малку забегав од темата но ова според мене е тесно поврзано со нашето ниво на развој, и е една пд причините зошто ние споро се усовршуваме, а можеме многу побрзо да правиме напредок и подобрување на нашиот живот.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Ај малце однопаку. зошто му е на некој економичен автомобил ако има 50к да дај за него? за тие пари можи 10 години хамер да вози шо троши 20 на сто.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.849
Поени од реакции
23.209
Колава е супер ја имаше на top gear пред некое време и ептен ја испофалија, него реално гледано многу е нефункционална, и кога ја возеа на top gear дојдоа до заклучок дека многу помалце проаѓа отколку што би требало(зборам за километрите) а потребно и е период од 16саати да се наполни скроз..
и јас ја гледав баш таа емисија.
да точно отпрвин многу ја испофалија, ама отпрвин.
од кога се изпразнија батериите и на едниот модел, па после и на другиот и кога направија математика колку време ти треба да стигнеш од точка А то точка Б не бев баш многу инпресиониран. ебати колата ако за да ја возам неколку сати треба да ја полнам еден ден. да не треба две да купам за да додека едната се полни, другата да ја возам
сума сумарум воопшто не се практични за секојдневна употреба или за начинот на кој сме навикнати да ги користиме возилата. едноставно ја немаме независноста што ја имаме при другите возила и затоа колите на батерии мислам дека ама баш никогаш нема да се пробијат баш ради таа ахилова пета.
возилата на водород или кои користат горивни келии се каде каде поблиску до концептот и во секој случај подобри од било која кола на батерии. буквално се полнат како обичните коли
и се употребуваат како истите, така да би биле полесно прифатени како замена за сегашните. а водород колку да сакаш. а и со тек на време технологијата би се усовршила и би поевтинила. па сигурно првиот бензинец или дизел ги немал перформансите на денешните коли и нивната цена.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ебати колата ако за да ја возам неколку сати треба да ја полнам еден ден. да не треба две да купам за да додека едната се полни, другата да ја возам
Има решение и за ова, се заменуваат батериите во специјализирани „полнилици“ каде се остава празната батерија, а се зема друга веќе наполнета. Операцијата мислам дека траеше 15-20 минути.

Јас вака правам со боците за плин за шпоретот за готвење, оставаш празна земаш полна.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.849
Поени од реакции
23.209
Има решение и за ова, се заменуваат батериите во специјализирани „полнилици“ каде се остава празната батерија, а се зема друга веќе наполнета. Операцијата мислам дека траеше 15-20 минути.

Јас вака правам со боците за плин за шпоретот за готвење, оставаш празна земаш полна.
на ова би ти одговорил оти да биде просто ко може да биде сложено. или по технички кажано треба сите батерии да бидат исти или компатибилни. па да бидат колку толку исправни, да не ти стават батерија која не држи струја. па после замисли да има неколку души пред тебе за менување на батерии, остана таму цел ден.
мислам дека ме свати каде е пробемот тука.
додека кај горивни келии си се паркираш на бензиска, си полниш водород во резевоарот кој е ист дали си полнел тука или којзнаје каде и пичиш. исто како и сега. што мислиш според тебе која технологија побрзо би ја прифатиле општата популација. оваа или твојата. затоа велам дека тие коли се ќорсокак во еволуцјата на автомобилизмот. едноставно немаат иднина.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Ај малце однопаку. зошто му е на некој економичен автомобил ако има 50к да дај за него? за тие пари можи 10 години хамер да вози шо троши 20 на сто.
Така си е и за 50 години луѓето ќе вдишуваат јаглерод а ќе испуштат кислород и се ќе биде добро.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 13:39 ---
и јас ја гледав баш таа емисија.
да точно отпрвин многу ја испофалија, ама отпрвин.
од кога се изпразнија батериите и на едниот модел, па после и на другиот и кога направија математика колку време ти треба да стигнеш од точка А то точка Б не бев баш многу инпресиониран. ебати колата ако за да ја возам неколку сати треба да ја полнам еден ден. да не треба две да купам за да додека едната се полни, другата да ја возам
сума сумарум воопшто не се практични за секојдневна употреба или за начинот на кој сме навикнати да ги користиме возилата. едноставно ја немаме независноста што ја имаме при другите возила и затоа колите на батерии мислам дека ама баш никогаш нема да се пробијат баш ради таа ахилова пета.
возилата на водород или кои користат горивни келии се каде каде поблиску до концептот и во секој случај подобри од било која кола на батерии. буквално се полнат како обичните коли
и се употребуваат како истите, така да би биле полесно прифатени како замена за сегашните. а водород колку да сакаш. а и со тек на време технологијата би се усовршила и би поевтинила. па сигурно првиот бензинец или дизел ги немал перформансите на денешните коли и нивната цена.
Top Gear се испокакаа со таа емисија, си добија и тужба за тоа. А ти секој ден по 500 км да не возиш па да викаш не се практични? Сме немале независност? Независност ли е да одиш до бензинска секоја недела? Плус да не зборувам колку може капацитетот на батериите да се подобри за неколку години и за едноставноста и чистотата кај електричните спрема водородните и нафташите.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
на ова би ти одговорил оти да биде просто ко може да биде сложено. или по технички кажано треба сите батерии да бидат исти или компатибилни. па да бидат колку толку исправни, да не ти стават батерија која не држи струја. па после замисли да има неколку души пред тебе за менување на батерии, остана таму цел ден.
мислам дека ме свати каде е пробемот тука.
додека кај горивни келии си се паркираш на бензиска, си полниш водород во резевоарот кој е ист дали си полнел тука или којзнаје каде и пичиш. исто како и сега. што мислиш според тебе која технологија побрзо би ја прифатиле општата популација. оваа или твојата. затоа велам дека тие коли се ќорсокак во еволуцјата на автомобилизмот. едноставно немаат иднина.
Не знам од каде виде дека е моја технологија. За мене и едната и другата се подеднакво остварливи технологии, само ги дискутираме проблемите и можните решенија на секоја од нив.

Проблемот со водородот е што е премногу експлозивна супстанца, енергијата што ја има е преголема за да се користи како единствено гориво во постоечките бензински мотори, па мора целосно да се изменат самите мотори за што треба време и многу вложувања. Сепак не би одбил да пробам возило базирано на водород.

Заклучокот е дека би сакал да возам автомобил кој се базира на било која од алтернативните енергенси, новиот Тесла е еден од нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom