електрични автомобили ти се само привремено алтернативно решение....пошо за автомобил да биде во возна состојба пак ти треба да го наполниш....ќе се фрлаат огромни суми на пари за струја ( а и струјата ја добивамe главно од нуклеарни централи )...така да не е идејно решение.....од друга страна
http://en.wikipedia.org/wiki/Honda_FCX_Clarity хонда успеаа да направат нешто далеку поревулуцинорено уште пред 4 години....за да се користи хидрогенот како гориво, не се драстично поголеми побарувачките од тоа да се експлоатира наместо нафта или бензин.....ама ако тоа се направи, тогаш ќе немаат светскиве велесили никакво оправдување за „ воени интервенции “ секаде каде има нафтени полиња....основачот на gillette во една прилика има изјавено „ да се направи сечило кое никогаш неотапува, не собира влакна, и може да се користи бесконечно, е многу лесно да се направи. Но доколку го направиме тоа, каде е тогаш нашиот профит “ ....
Истото важи и за лековите.
А бе што сакате, уште на времето, Тесла направил автомобил на струја кој имал моќност околу 90kw. Од тогаш поминаа сто години и во рок од тие 100 години да сакале да инвестираат во таа технологија до сега ке сме имале автомобили што се движат на безжична струја. Само оние кои инвестираат гледаат каде можат повеќе пари да приграбат, пошто се алчни и желни за моќ и слава, не мислат како да го направат светот подобро место за живеење за сите нас, а можат, бидејки ја имаат главната алатка т.е пари. И нормално по профитабилно било да убиваат и окупираат територии на блискиот исток и африка.
Само 2% од од луѓето во светот се многу богати, односно се оние кои го контролираат светот т.е засега го водат светот во погрешна насока. Знаете што може да им се случи ако на тие 98% им скурчи владеењето на овие 2%?
Ке ги снема со брзина на трепкање на око.
Мораме малку и ние како народ да се освестиме, за да го подобриме квалитетот на нашиот живот. Мал народ сме но од некаде мора да се почне промената. Силата е во народот, не во оние кои "менаџираат" со него. Не е моќта во оние кои седат во кожните фотељи и донесуваат важни одлуки со кои сите ние треба да живееме утре. Тие си мислат дека се јаки, се додека не видат колку се неважни, кога сложно ке се побуни народ. Мислите дека полицијата која треба да ги брани, ке ги брани? Или пак војската, ке ги брани ли? И тие ке бидат на страна на народот, затоа што оние кои нема да бидат, ке ги снема со светлосна брзина, заедно со нивните владетели.
Кај ке бегаат тие, кај ке идат, што мислат дека ке можат да се телепортираат некаде и да поминат без последици?
И сега си замислувам како би бил животот после 100 години од денес.
-Нафтата е секундарен извор на енергија, и нејзините светски резерви се на самиот крај, што значи многу е скапа, и е непрофитабилна.
-Ел. енергија, водородна енергија, сончева енергија и некои други незагадувачки извори на енергија се главни извори на енергија, светска движечка сила.
-Природата полека сама се прочистува од претходното големо загадување од човекот кој 150 години со согорување на нафтата и нанесе преголема штета, но сепак природата успева да се регенерира како и секогаш, бидејки природата е единствен систем познат на човекот кој сам по себе совршено функционира. Во природата нема несовршено, се е поврзано и се си има своја функција и совршен дизајн кој ја прати функцијата.
-Ние дишеме почист воздух, водата е почиста, автоматски нашата здравствена состојба е подобрена.
-Не умираат луѓе во војни, од глад и болести бидејки тогаш човекот ја научил својата лекција од она што се случило во блиското минато.
-Народот се побунил против пирамидалното општествено уредување, и воспоставил нов начин на комуникација и живот.
-Бидејки нема потреба од окупирање на туѓи територии поради изворите на нафта, односно во превод, изворите на моќ а бидејки веќе други се изворите на енергија и се распределени рамномерно низ светот и ги има во голема обилност, водата секаде ја има, ел. енергија секаде ја има, сонцето секаде го има, и нема да има потреба од борба за надмоќ бидејки секој ке има подеднакво моќ.
-Нема да има потреба од фрлање беспотребно пари за воени проекти и технологија, парите одат за научни цели, за креирање нови иновации, кои секојдневно ке му го подобруваат животот на секој човек.
-Сите оружја се стопени, и од нив се изградени убави домови за живеење, изградени се соларни централи во Сахара, кои ја снабдуваат цела европа со струја, постојано, без да се загадува природата, изградена е подобра инфраструктура и посовршени средства за транспорт.
Сега ова е фантазија, ама јас сум сигурен дека еден ден ке стане реалност, затоа што ние луѓето не сме создадени да уништуваме, нашата природа не тера да се поврзуваме, да мислиме заеднички, бидејки сами не можеме да опстоиме. И да сакаме да сме сами, никогаш не сме бидејки сите сме тука на планетава и мораме да пронајдеме начин како подобро заеднички да живееме.
А и друго нешто, кога ке ги отфрлиме религиите, вакви какви што денес ни ги презентираат ке видиме колку не е важно да поседуваме моќ да ги контролираме другите луѓе,
Желбата кај одредени луѓе за исполнување на своето его и желба за надмоќ, потекнува директно од религијата, бидејки нели Бог е семоќен, тој е совршен и ние како луѓе природно е да се движиме кон совршенството односно моќта.Бог не е љубов, бидејки Бог ги контролира луѓето, и луѓето кои веруваат во него пробуваат да ги контролираат другите луѓе, односно пробуваат да се угледаат на него, нивниот татко и креатор, сакаат да го достигнат него, ама се зезнале, пошто тој не постои. Тој е човечка фикција, имагинација во нашите глави, која со векови не тера да правиме лоши работи на другите луѓе, не потикнува да посакаме да ги контролираме другите односно да имаме голема моќ, а со голема моќ доаѓа голема одговорност. Повеќето кои ја имаат моќта, не се однесуваат одговорно, и затоа ги чекаат големи последици.
Малку забегав од темата но ова според мене е тесно поврзано со нашето ниво на развој, и е една пд причините зошто ние споро се усовршуваме, а можеме многу побрзо да правиме напредок и подобрување на нашиот живот.