Новите трговски центри работат и ќе работат успешно. Во развиените земји, вообичаено е еднаш неделно да се оди во купување и при тоа купување да се потроши 200 - 300 евра. Трговските центри, поставени на периферијата, се нешто поефтини и затоа се повеќе посетени. Ние сега немаме толку пари за трошење, но во иднина се надеваме дека ќе имаме.
Од оваа штета ќе имаат малите трговци и тие што продават на пазарите. И сега тие што продаваат на пазарите тешко се борат со конкуренцијата, бидејќи големите трговски центри набавуваат стока на големо, можат и самите да увезуваат и можат да понудат пониски цени. Затоа, неминовно е ситната трговија да пропадне. Но што да се прави, тоа е текот на развојот на општеството.
Тука е потребна државна интервенција да се обезбедат нови работни места. Скоро читав дека во Германија се обезбедени двеста иљади нови работни места со користење на сончева енергија, био маса, дрвени одпадоци и други алтернативни извори енергија. За пример ќе кажам, бидејќи посебно се интересирам за наплатата на паркирањето и злоупотребата на пајак возила во Скопје, дека само за опремување, со рампи, куќички и сл., на четири паркиралишта на Општина Центар се потрошени околу 160 илјади евра. А од нив нема никаква корист. Со нив не само што се малтретираат и понижуваат граѓаните, туку прават и загуба па Општината ги „ субвенционира “. Ако тие пари се вложеа во сончеви колектори, 1000 домаќинства ќе добиеа топла вода од сончева енергија и при тоа ќе се заштедеа два милиона киловат часови елекрична енергија и кој знае колку нови работни места ќе се отвореа. А ова сума е само за четирите паркиралишта на Општина Центар. Едно пајак возило е 90 иљади евра, Општина Центар, од скоро има две. Колку пари се потрошени низ Скопје на зонски и рампаџиски паркиралишта, на огради, рампи, лисици, пајак-возила, и што ти знам не, може само да се погодува, а од сето тоа само понижување и дискриминација и плати за неколку директори.
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:43 PM ---
Океј што се инвестира али алал да му е на тој што го заебал инвеститоров у петровец да гради..Да бидеме реални никој нема да иде таму да купува коа има неколку трговски окулу центар..
Ќе одат луѓето од околните места, и верувам луѓето од поблиските населби на општина Гази Баба, како и туристите од/кон аеродромот.