А ако седиш дома, не работаш, сметката за струја ќе ти биде 1000?
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:18 ---
Ја не знам како не ви е досадно дома без работа, безделничење по цел ден. Па јас би се мрднала.
Едно имаш право, седење дома без работа е крајно (и неописиво) досадно, и ја би додала општо деструктивно за нашата природа и опасно затупувачко.
Мора да расчистиме нешто: Дали Срце живее со мама и тато (па сезонската работа за разбивање на досада и обезбедува џепарац) или Срце живее сама (или со маж-дечко), еве нека е и во сопствен стан, и нека немаат дете, па со нејзината 'дај шта даш' работа (7.000-10.000) мора да учествува во подмирувањето на месечните издатоци?
Ако тебе ти е доволно САМО да работиш нешто, а не и дали тоа што го работиш, е правилно и како што треба вреднувано (и, према тоа, платено) тогаш - имаме проблем. Намерно не реков ИМАШ ПРОБЛЕМ, пошто ти сопствениот проблем (со себе, несогледувањето на сопствениот потенцијал) го правиш мој проблем, со еден збор-правиш општ проблем. Ваква групица на истомисленици (што кај нас се во значително мнозинство) прави одвратна клима во земјава.
Сигурна сум дека ќе ме прашаш зошто.
Затоа што филозофијата 'дај шта даш', и 'џабе работи џабе не седи', не убива колективно. Ја убива можноста за било каква промена. Се додека постојат луѓе кои се спремни да работат и без пари (за да поднаучеле нешто), за кои 10.000 е пристојна плата, 15.000 е солидна почетна плата за високообразуван кадар на "соодветно работно место според струката", 25.000 ти е врв а веќе со 30.000 си господар на Универзумот, имаме ГОООЛЕМ ПРОБЛЕМ.
И, зошто некој газда би сакал да плати со 25.000 некој работник, кога за истото место може да бира меѓу 1.000 Срцки кои би работеле САМО колку да работат. Во тој контекст, треба да нагласам и дека газдите се спремни да ризикуваат со вработување на неспособни и неквалификувани работници кои би ги менувале на 6 месеци (и на било каков знак на отпор) отколку на вработување на солиден работник за подолго време. Ја не ја разбирам ваквата логика, но сум ја доживеала. Ете. Функционира.