Ниту работат, ниту сакаат да се доквалификуваат за да најдат работа

Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
не сум воопшто фрусриран, далеку од тоа, само ви се чудам на умот и на неискуството во животот. реалноста е таква , само колку време ке ти треба да ја согледаш без розови наочари зависи од тебе и од никој друг.
инаку да компаниите се тие кои ги одбираат најдобрите од најдобрите, ама не од што мораат туку од што сакаат. ако не сакаат жива сила нема да ги натера да те вработат.
тоа е прво.
како второ агенцијата за вработување должна е да ти најде работа?? и тука некако неубаво ја имаш сватено работата, така да ке те исправам.
таа ке ти најде работа , ама било каква. ако имаат потреба од лопатар ке те побараат. таа ке ти најде работа, дали ти ке одиш тоа е друго. е така можеш трипати мислам, четвртиот пат ако одбиеш значи не ти се работи, и најверојатно ке те избришат од списокот. никој не рече дека ке ти барат според струката таму работа, туку работа каква таква.
и сега малце порозово за да сватите дека тоа е инвестиција , а не закон.
ако јас играм лото значи се надевам дека ке ми падни, а не дека сигурно ке ми падни. јас пак инвестирам купувам лозови, гледам тв пратам , ама можеби ке ми падни 7 можеби не.
така е и со факултетот. кој ти рекол поинаку нека ти ги врати парите, пошто очигледно те заебал.
и да се вратам малце во историјата во моите средношколски денови. од цел клас кој беше просечен, само 10 души беа вуковци.
од тие 10 само 6 стварно заслужија, другите 4 беа бубалици, учеја напамет или незнам така нешто, иначе во пракса појма немаа.
сите тие 6 души кога се сретнавме на матура беа на видни места и добро платени. едниот е во телеком нешто големо, другиот во сименс или така нешто, третиот во романија профеор го повикаја и да не должам.
другите 4 едниот изиграва сервисер за компјутери( јака работа ), едниот вози такси, третиот се жени и замина во странство а последниот стварно изгубив контакт и појма немам каде е и што прави.
кога се запишувавме на факултет од 100 души само 10 се гледаше дека се за таму, другите отидовме дека сите одеја а и евтино беше, не како сега. тие 10 навреме и кололвиуми и семестри и се, останатите квадрати такви работи. е тие 10 сами ги побараја фирмите, не им најде државата работа, некој забележал дека стварно вредат и ги побараја. останатите истуркавме до 6 ,7 некако, ама никој не не побара. моравме сами да се снајдваме.
сега ти си во тие 10 или во останатите 90. ако си во тие 10 тогаш очигледно нешто не е како што треба со тебе инаку ке те побараја досега, ама тоа незнам види си сам , преиспитајсе кај грешиш.
Види вака, ме навредуваш изјаснувајќи се дека носам “розеви“ наочари... Така се чувствувам како верник во Латас, неуморен спамер по форум и Фејсбук за успесите на оваа влада, за лошиот лик и дело на Б.Ц итн... уффф грозно чувство...
Ок можеби лошо се изразив дека Агенцијата за вработување е “должна“ да ти најде работа, но сепак ќе се сложиш дека тоа и е единствената функција. Е сега не си во право со тоа што велиш дека до 3 пати може да ти најде работа (било каква) и ако не сакаш да работиш, има право да те отпише од регистарот. Да мислам дека е точно тоа за 3 пати, НО мора да е во твојата струка... Не може пример јас за стоматолог да сум завршил и Агенцијата да ми нуди работа за вајар на “Воинот на коњ“, така? Мислам малку логика.
За приватните факултети си во право, тоа е инвестиција на компаниите, тие вложуваат во твоето образование и потоа те вржуваат со договор за работа кај нив. Но сепак ти одбираш.... нешто што во МК не можеш ни да го сонуваш. Ова го зборам за просечен студент во странство на факултети, не некој со 9.8/10 просек.
Инаку за мене не се секирај, ја напуштив Македонија пред неколку години, си работам во мојата струка тука и ми е супер;)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.284

мило ми е поради тебе, а и донекаде се објаснуваат нелогичностите во муабетот што го имаш.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Треба нешто сериозно да си згрешил во животот за да работиш за 7-8000 денари.
Во Македонија стотина илјади луѓе работат за толку.
Друга работа е што тие 100.000 вршат ефективна работа како за 200.000 ако не и повеќе ако се земе во предвид во какви услови работат, работните часови, неплатеното прекувремено, немањето годишен одмор или слободни денови и сите убавини на транзициониот капитализам и олигархијата на која и одговара огромна резервна армија на невработени кои немаат избор и ќе прифатат дури и таква плата со која ни теоретски неможе да се обезбеди физички опстанок.
Со тоа по дифолт се губат 100.000 работни места.
Инаку е смешно за европска земја со 2 милиони жители да не може да има пристоен стандард на живот.

Причината како опстојува тој систем е во тоа што семејството тука сеуште функционира и овозможува крпење од први до први, пример 4 члено семејство, родители и деца работат, живеат во еден стан и некако туркаат подмирувајќи ги трошоците со разни акробации и систем на штедење и скратување на све што не е егзистенцијален минимум.
Но тоа содржи една замка која станува се поизразена а тоа е невозможноста за било што повеќе од наведеното - “од први до први“.
Ако нема наследство во вид на стамбен објект некаков, млад човек со просечни па и натпросечни примања нема апсолутно никакви шанси да дојде до свое живеалиште.
Друга опција е чекањето на родителите да заминат на оној свет и да се наследи станот/куќата, секако на некои 45,50 или 60 години, конечно македонскиот граѓанин со просечни примања ќе биде свој на своето...:icon_lol:
Трета работа е што има многу млади во странство кои помагаат.

Како и да е, ваквиот систем е неодржлив и со тек на време ѓаолот ќе си дојде на своето.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации за да можат да најдат работа, велат познавачите

867

граѓани се јавиле на обуките за преквалификација во Агенцијата за вработување во последните три години

С
е бараат електроинсталатери, електромонтери, болничари, автосервисери, готвачи, фризери – ова се најчестите дејности што преку огласи ги бараат компаниите, но не можат да најдат соодветен кадар и тоа во градовите со најголема невработеност, велат од Агенцијата за вработување. Меѓутоа, иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации, за да можат да најдат работа.
Од Агенцијата велат дека во последните три години за обуки за преквалификација или доквалификација се јавиле само 867 невработени луѓе. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, коментира дека дури и малиот интерес за посета на обуките за преквалификација, го обезбедиле со тешки маки.
„Неверојатно тешко е да обезбедиме група која ќе биде квалификувана за некој занает или квалификација. Некои од луѓето кои ќе се пријават за доквалификација по само неколку посетени часа од обуката, се откажуваат. Пред некое време имавме обука за општи знаења, како јазици, компјутери и комуникација и интересот за обуките беше поразителен. Особено во оние градови каде што бројката на невработеност е многу голема“, вели Поповски.
Според него, поголема мотивација за преквалификации има кај повисоко образованите граѓани отколку кај оние кои се со средно или пониско образование.
„Одржувавме ИТ-обуки и само 39% од пријавените се појавија на обуките. Сите останати не дојдоа, особено невработените од Битола и од Скопје, иако кадрите од оваа област се многу барани и веднаш наоѓаат работа. Често организираме обуки и од области кои се многу потребни на пазарот на трудот како градежници, заварувачи или гипсери, но има многу малку заинтересирани“, вели Поповски.
Директорката на Центарот за образование на возрасните, Љиндита Ќезими, исто така вели дека е зачудена што има толку мал интерес за обуките на ниво на целата држава.
„Треба да работиме на подигнување на свеста на граѓаните за тоа кои се придобивките од посетата на преквалификација и доквалификација и која е нивната крајна цел - повеќе можности за вработувања“, вели Ќезими.
Од Министерството за образование и наука, велат дека сите граѓани кои не го дооформиле своето образование или со сегашното образование не може да се пронајдат на пазарот на труд, треба да се пријават на обуките за преквалификација и доквалификација кои траат шест месеци, за потоа да можат да најдат работа. Агенцијата за вработување за 2012 година планира обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот за повеќе од 200 луѓе за кои се одвоени околу 180 илјади евра.
Според Агенцијата за вработување во 2009 година во обука за преквалификација или доквалификација биле вклучени 383 невработени луѓе, а од нив се вработиле 245 луѓе. Во 2010 година во обука биле вклучени невработени 280 луѓе, од нив се вработиле 165 луѓе. Во 2011 година во обука биле вклучени 204 невработени луѓе и од нив се вработиле 120 луѓе, велат од Агенцијата.
Џон Крокодилов напиша:
Е!!!! Глеаш уште ве лажат воа комуинистиве бе!
Mоите пари завршија во Кина а не во Македонија. И им го направија животот на илјадници Кинези поубав. Сами одлучуваат да работат во Фокскон очигледно е поубаво од садење ориз на 2 декари земја и да ги јадат змии. Неможе преку ноќ да стигнеш како во развиениот свет треба да поминеш низ сите фази чекор по чекор. Капиталот мора пополека да се акумулира. А и на Македонците ќе им биде поубаво ако дојде Епл и во Македонија сами ќе си одлучат дали сакаат под биро и да се шлаат по улици или да работат за Епл. Тоа е права демократија и избор. Нема друг пат кон успехот. Шарени Коњи и напупани државни плати и социјални бенефици се слепа улица.
Да, очигледно им е поубаво. СКОКААТ од радост лугето, буквално.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Видете ова не се случува само кај нас се случува насекаде од едноставна причина што капитализмот има една маана или доблест а тоа е како побрзо за нешто сам да дојдеш или со малку труд да направиш многу е сега колку малку или многу тука нема формула .

Значи ако мене ми треба паркетар поише ќе ми се исплати да земам машина за редење паркет него да ангажирам човек.

Или зошто да работиш една кога можеш повеќе работи ама организмот е еден така.

Значи нема правила на игра.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Добро бе се изнатрескавте глупости , за капитализам селење на бизниси итн, кај на куров ке го селат бизнисот ? Супер маркетине кај ке се селат ? Тишлераине ? Механичарскине работилници , фармите , прехранбени погони кај на куров ке ги носат, за да најдат поевтина работна сила ? Во тунгузија јаките бизниси у пичку матер 10 вработени преку сила кој ги третираат робовски со по 7000 плата само за да им биде профитот што поголем.
Тие приказни за мали деца на друго место, капитализам и селење на капиталот како да се работи за којзнае колкави конгломерати а не за фасадери, тишлери механичари и остали шлајм.
Проблемот е што народов е премногу глуп,тоа е целата работа.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:01 ---
Видете ова не се случува само кај нас се случува насекаде од едноставна причина што капитализмот има една маана или доблест а тоа е како побрзо за нешто сам да дојдеш или со малку труд да направиш многу е сега колку малку или многу тука нема формула .

Значи ако мене ми треба паркетар поише ќе ми се исплати да земам машина за редење паркет него да ангажирам човек.

Или зошто да работиш една кога можеш повеќе работи ама организмот е еден така.

Значи нема правила на игра.
ова бе пријател нема врска со капитализам верувај
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Плата 7000, храна и превоз 2000, сметка за струја 8000. Дефинитивно некои работи не можат да се купат со пари. :)
А ако седиш дома, не работаш, сметката за струја ќе ти биде 1000?
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:18 ---
Подобро со 3000 без работа, отколку со 8000 на работа, од кои 5000 се трошат за пат и јадење.
Ја не знам како не ви е досадно дома без работа, безделничење по цел ден. Па јас би се мрднала.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
А ако седиш дома, не работаш, сметката за струја ќе ти биде 1000?
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:18 ---

Ја не знам како не ви е досадно дома без работа, безделничење по цел ден. Па јас би се мрднала.
Па да ти кажам право подобро ке седам дома отколку да црнчам од 6 до 6 за 5 илјади, а на мој грб некој да купува џипови и куки на 3 месеци, за 13 поколенија нанапред...
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Ја не знам како не ви е досадно дома без работа, безделничење по цел ден. Па јас би се мрднала.
И јас би се мрднал, ако е за мене.
Ако е за некој ага да го правам побогат, ич нејќам да мрдам.
Мрдајте си вие.
Користењето на зборот "мрдање" наместо работење е буквално преземено од вокабуларот на поседувачите на човечката мака и труд. Омилена фраза им е "Ајде мрднете малку", кога сакаат да им кажат на работниците дека не работат доволно.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Па да ти кажам право подобро ке седам дома отколку да црнчам од 6 до 6 за 5 илјади, а на мој грб некој да купува џипови и куки на 3 месеци, за 13 поколенија нанапред...

И јас би се мрднал, ако е за мене.
Ако е за некој ага да го правам побогат, ич нејќам да мрдам.
Мрдајте си вие.
Македонска работа. Ако јас немам, ај сите да немаат.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Македонска работа. Ако јас немам, ај сите да немаат.
Не. Ниту им земам, ниту сакам да имам работа со нив.
И пак Цацко крив, а?? Оти нејќе да работи за без пари.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Добро бе се изнатрескавте глупости , за капитализам селење на бизниси итн, кај на куров ке го селат бизнисот ? Супер маркетине кај ке се селат ? Тишлераине ? Механичарскине работилници , фармите , прехранбени погони кај на куров ке ги носат, за да најдат поевтина работна сила ? Во тунгузија јаките бизниси у пичку матер 10 вработени преку сила кој ги третираат робовски со по 7000 плата само за да им биде профитот што поголем.
Тие приказни за мали деца на друго место, капитализам и селење на капиталот како да се работи за којзнае колкави конгломерати а не за фасадери, тишлери механичари и остали шлајм.
Проблемот е што народов е премногу глуп,тоа е целата работа.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:01 ---ј

Услужна дејност во основа тешко се сели. Но може и тоа на пример зошто се отворија кал центри од сите јаки компании во Индија а не во САД? Физичкото производство во основа е многу помобилно и се сели лесно. Со ситни исклучоци бродови, авиони и друго. Но, услужната дејност не битна за неа треба мала инвестиција капиталот е во производството а тоа лесно се сели ако не му чини негде или има шанса за подобар профит на друго место.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 19:36 ---
Па да ти кажам право подобро ке седам дома отколку да црнчам од 6 до 6 за 5 илјади, а на мој грб некој да купува џипови и куки на 3 месеци, за 13 поколенија нанапред...
Кога ќе бидеш гладен и црева ќе ти кркорат ќе го смениш мислењето:icon_lol:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Не. Ниту им земам, ниту сакам да имам работа со нив.
И пак Цацко крив, а?? Оти нејќе да работи за без пари.
Не е решението да не се работи.. на друг начин треба да се избориме за поголеми плати,ама со неработење сигурно нема.некои држави од ништо буквално направија нешто,а со мрза и неработење работите сами нема да се мрднат од мртва точка.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Според објавените податоци на Агенцијата во државата има најголема невработеност токму кај лицата со основно образование. Од вкупно 281.144 пријавени невработени лани во декември неквалификувани се речиси половината, или 130.420 лица.

А несакаат да следат курсеви за квалификации. И после цацко им е крив.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Македонска работа. Ако јас немам, ај сите да немаат.

(додека го читате ова свирете си ја музиката од зона сумрака во главата за подобар филинг)
Ти да не си некое газ-денце штом имаш вакви alien мислења.
Не велам јас да немаат, не знам каде го прочита ти тоа, нека си имаат они, туку велам дека нема да дозволам да имаат на моја сметка и мој грб.

Кога ќе бидеш гладен и црева ќе ти кркорат ќе го смениш мислењето:icon_lol:
Никогаш не велам никогаш... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom