- Член од
- 3 јули 2010
- Мислења
- 1.230
- Поени од реакции
- 1.863
Види вака, ме навредуваш изјаснувајќи се дека носам “розеви“ наочари... Така се чувствувам како верник во Латас, неуморен спамер по форум и Фејсбук за успесите на оваа влада, за лошиот лик и дело на Б.Ц итн... уффф грозно чувство...не сум воопшто фрусриран, далеку од тоа, само ви се чудам на умот и на неискуството во животот. реалноста е таква , само колку време ке ти треба да ја согледаш без розови наочари зависи од тебе и од никој друг.
инаку да компаниите се тие кои ги одбираат најдобрите од најдобрите, ама не од што мораат туку од што сакаат. ако не сакаат жива сила нема да ги натера да те вработат.
тоа е прво.
како второ агенцијата за вработување должна е да ти најде работа?? и тука некако неубаво ја имаш сватено работата, така да ке те исправам.
таа ке ти најде работа , ама било каква. ако имаат потреба од лопатар ке те побараат. таа ке ти најде работа, дали ти ке одиш тоа е друго. е така можеш трипати мислам, четвртиот пат ако одбиеш значи не ти се работи, и најверојатно ке те избришат од списокот. никој не рече дека ке ти барат според струката таму работа, туку работа каква таква.
и сега малце порозово за да сватите дека тоа е инвестиција , а не закон.
ако јас играм лото значи се надевам дека ке ми падни, а не дека сигурно ке ми падни. јас пак инвестирам купувам лозови, гледам тв пратам , ама можеби ке ми падни 7 можеби не.
така е и со факултетот. кој ти рекол поинаку нека ти ги врати парите, пошто очигледно те заебал.
и да се вратам малце во историјата во моите средношколски денови. од цел клас кој беше просечен, само 10 души беа вуковци.
од тие 10 само 6 стварно заслужија, другите 4 беа бубалици, учеја напамет или незнам така нешто, иначе во пракса појма немаа.
сите тие 6 души кога се сретнавме на матура беа на видни места и добро платени. едниот е во телеком нешто големо, другиот во сименс или така нешто, третиот во романија профеор го повикаја и да не должам.
другите 4 едниот изиграва сервисер за компјутери( јака работа ), едниот вози такси, третиот се жени и замина во странство а последниот стварно изгубив контакт и појма немам каде е и што прави.
кога се запишувавме на факултет од 100 души само 10 се гледаше дека се за таму, другите отидовме дека сите одеја а и евтино беше, не како сега. тие 10 навреме и кололвиуми и семестри и се, останатите квадрати такви работи. е тие 10 сами ги побараја фирмите, не им најде државата работа, некој забележал дека стварно вредат и ги побараја. останатите истуркавме до 6 ,7 некако, ама никој не не побара. моравме сами да се снајдваме.
сега ти си во тие 10 или во останатите 90. ако си во тие 10 тогаш очигледно нешто не е како што треба со тебе инаку ке те побараја досега, ама тоа незнам види си сам , преиспитајсе кај грешиш.
Ок можеби лошо се изразив дека Агенцијата за вработување е “должна“ да ти најде работа, но сепак ќе се сложиш дека тоа и е единствената функција. Е сега не си во право со тоа што велиш дека до 3 пати може да ти најде работа (било каква) и ако не сакаш да работиш, има право да те отпише од регистарот. Да мислам дека е точно тоа за 3 пати, НО мора да е во твојата струка... Не може пример јас за стоматолог да сум завршил и Агенцијата да ми нуди работа за вајар на “Воинот на коњ“, така? Мислам малку логика.
За приватните факултети си во право, тоа е инвестиција на компаниите, тие вложуваат во твоето образование и потоа те вржуваат со договор за работа кај нив. Но сепак ти одбираш.... нешто што во МК не можеш ни да го сонуваш. Ова го зборам за просечен студент во странство на факултети, не некој со 9.8/10 просек.
Инаку за мене не се секирај, ја напуштив Македонија пред неколку години, си работам во мојата струка тука и ми е супер
