Ние со Албанците сме ја прешишале Летонија со Русите

  • Креатор на темата oon
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Ние со Албанците сме ја прешишале Летонија со Русите

29.02.2012
Не дека некој овде во Македонија има нешто против летонското членство и во НАТО и во ЕУ, но онака принципиелно нé интересираат извештаите за исполнетите критериуми за човекови права, не само во Летонија туку и во некои други членки на Унијата. Не заради друго, туку затоа што кај нас, најмногубројното малцинство перманентно има некакви забелешки, па можеби ќе можеме нешто да научиме на овој план од нивните искуства



ЕУ и САД се потсмеваат на македонските рецепти

Пред десетина дена во балтичката Летонија, или Латвија, беше одржан референдум на прашањето дали рускиот јазик може да се воведе како втор службен во земјата. Над 70 отсто од излезените гласачи го одбија предлогот на руското малцинство и со тоа приказната, барем засега, е завршена. Русите во Летонија ќе мора да чекаат некоја подобра пригода за својот предлог, ако таква пригода воопшто се појави.

Инаку, според летонската статистика, во државата во 2011 година имало нешто над два милиони жители (2.067.887), од кои 62 отсто Летонци, а 26,9 отсто Руси, односно околу 550.000. Еден од проблемите е што околу 300.000 жители на земјата, главно Руси, немаат статус на граѓани на Летонија, туку се водат како лица што не ѝ припаѓаат на ниту една држава. Во согласност со тоа, тие немаат право ниту да гласаат, па поради нивното неучество на референдумот и, воопшто, поради нивниот статус реагираа и пратеници на руската Дума. Тоа се луѓе што фактички се во некаква сива зона, а сличен проблем, со многу помал број луѓе, имаше и во Словенија.

Но тоа што е интересно за нас не е статусот „ни на небо ни на земја“ на 300-те илјади Руси, туку прашањето на рускиот јазик како втор службен. Официјално, во земјата има 27 отсто Руси и, според стандардите што демократскиот западен свет ѝ ги наметна на Република Македонија, тие би имале право на службен јазик не на територијата на целата земја, туку во оние делови каде што се мнозинство. Истовремено, Русите би имале право и на пропорционална застапеност во летонската државна администрација, што секако на Летонците не има паѓа на памет да го дозволат (посебни училишта на руски јазик од осново ниво до високото образование се подразбира, како што се подразбира и дека во тие училишта не би се учел летонскиот јазик, туку на учениците ќе им се подарува двојка, колку да не се заморуваат со официјалниот јазик на земјата во која живеат).

Причината за тоа е сосема разумна: во оваа држава се смета за нормално луѓето да се вработуваат според способноста и квалификациите, а не според етничката припадност. Оттука, просечниот Летонец, не е принуден да плаќа данок за од тие пари да мора по сила на устав и закон, а во крајна линија и по сила на оружје и закани за отцепување од државата, да се вработува некој Русин.

За да нема забуни, Летонија не е на списокот на Вашингтон и на Брисел како држава што ги загрозува човековите права на сопственото малцинство, туку напротив, членка е и на НАТО и на ЕУ. Заедно со Грција, во која, пак, официјално, нема никакво малцинство. Што би значело - еден народ, една држава.

„Гранитни“ стандарди

Наспроти тоа, Република Македонија не е членка ниту на еден од двата сојуза. Патем, кога зборуваме за Летонија, само во Рига, главниот град на земјата, 40 отсто од жителите се Руси, наспроти 42 отсто Летонци. Двојазични табли со натписи во Рига? Нема шанси. Како и во вториот по големина град во оваа држава, Даугаваплис, каде што Русите се мнозинство со 56 отсто. Тука, според стандардите што кај нас со помош на Брисел и на Вашингтон ги наметна албанското малцинство во Македонија, Летонците би требало да бидат тие што би се бореле за сопствена рамноправност, вклучувајќи ја и рамноправноста на нивниот јазик со рускиот.

Интересно, во Македонија не би ни можело да се одржи референдум за вакво нешто, бидејќи прашањата што се однесуваат на малцинските права (односно правата на помалите етнички заедници, бидејќи терминот малцинство кај нас е забранет) не може да бидат предмет на сеопшто изјаснување. За нив е предвидена посебна процедура, а откако некое од тие прашања ќе биде усвоено, не е можно да се промени додека со тоа не се согласи и етничката заедница на која се однесува.

Во летонскиот устав не постојат вакви „рамковни“ одредби што би спречувале мнозинство да носи решенија за кои смета дека се од интерес за целата држава, па затоа и беше можно одржување на референдумот. Интересно, по одржаното изјаснување, претставничката на ООН за човекови права Рита Исак прокоментира дека оваа ситуација е добра за да може да почне дијалог меѓу летонското мнозинство и руското малцинство за употребата на рускиот јазик и за правата на руското малцинство.

Исак ја „охрабрува“ летонската влада да разговара за овие прашања, нагласувајќи: „Овој референдум не треба да се смета како победа на една заедница над друга, туку е подобро да се сфати како можност за почнување дијалог за правата на малцинствата во Летонија. Ги охрабрувам властите на Летонија да направат посериозни напори за да ги седнат различните заедници и да им помогнат да ги надминат историски натоложените недоразбирања и стравови“.

Тоа се зборовите на експертот за човекови права на ООН. Еден таков експерт, пред некоја година бараше и, за волја на вистината, најде Македонци во Грција, различни од Македонците со кои се удира во гради експремиерот на земјата Караманлис. Тоа што беше најдено, беше и нотирано, но сеедно, оттогаш наваму се нема ништо сменето на тој план - Грција и натаму е земја во која малцинските права се забранета тема. Неодамна еден таков извештај на ООН беше објавен и во врска со Бугарија. Се разбира, и тој нема да биде есапен, а нема ни зашто - и Бугарија, како и Грција и Летонија, е членка на ЕУ, а во ЕУ, очигледно, полесно ќе ги натерате различните цркви, пред сѐ Католичката и Православната, на примена на начелата за морален живот (што во принцип изгледа како невозможна мисија), отколку да се почитуваат вакви ефемерии како човековите права.

Бриселска скрипта

Но, со ефект или без ефект, ООН реагираше. Иако е смешно во 2012 година членка на ЕУ да се охрабрува да го почне дијалогот внатре во земјата со сопствените малцинства. Па, зар не било решено тоа прашање при приемот на земјата во НАТО и во ЕУ? Очигледно не било. Но ако се читаат извештаите на Стејт департментот и на Фридом хаус, проблеми во земјата нема, бидејќи во Летонија има големо руско малцинство на кое му биле гарантирани базичните права. Што бараат сега Русите преку леб погача, навистина не е јасно. Како што не е јасно зошто во земјата има 300.000 жители на Летонија што всушност не се жители на Летонија. Но треба да се има предвид дека во прашање се Руси, па кога станува збор за нив веројатно прстите низ кои се прогледува се многу пораширени. А, можеби за овие луѓе била прашана Атина, од каде стигнал одговорот дека тоа се агенти на Скопје, односно на Москва и, се разбира, хомосексуалци. Ама, изгледа дека не е така.

Инаку, ако на некој од тие 300.000 Руси му се посреќи да влезе во процедура за добивање летонско државјанство, ќе мора да полага и неколку теста. Меѓу нив и еден каде што задолжително треба да се одговори дека во 1940 година Советите, а со тоа и Русите, ја окупирале земјата. Што е приближно како да натерате Србин од Косово да полага тест во Приштина на кој треба да каже дека Србите биле окупатори на покраината.

Сепак, како што рековме, ООН барем реагираше. ЕУ, на чело со Ромпуј и Баросо, на чело со Меркел и Саркози, молчи како да има зацементирана уста. А не дека некој овде во Македонија има нешто против летонското членство и во НАТО и во ЕУ, но онака принципиелно нѐ интересираат извештаите за исполнетите критериуми за човекови права, не само на Летонија туку и на некои други земји. Не заради друго, туку затоа што кај нас најмногубројното малцинство перманентно има некакви забелешки, па можеби од овие напредни членки на ЕУ ќе можеме нешто да научиме на овој план. Меѓу другото и за тоа како ЕУ, односно балтичките членки на ЕУ го решиле со Русија прашањето на читање на историјата. Оти не веруваме дека некоја земја можела да влезе во клубот на ЕУ, а да има нерасчистени односи од овој вид со една членка на Советот за безбедност како што е Русија и со првиот сосед Белорусија. Колку што ни е познато, за ЕУ добрососедството е принцип што е над сѐ и пред сѐ, нели? Поради тоа, претседателот Иванов, премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Попоски сигурно досега веќе имаат побарано некоја скрипта од Баросо и од Хилари Клинтон.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22912840182&id=9&prilog=0&setIzdanie=22518
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.881
Поени од реакции
11.597
На Русија не и треба летонија за да биде голема, и така е огромна. А на шиповиве им треба Македонија за да биде голема немачка.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Не знам кога ќе сватат албанциве дека се најпривилегирано малцинство во цел свет и ќе престанат да се бунат за банални работи.
Се имаат обезбедено во Македонија ...настава на албански јазик ,а како прво немаат познавање од државниот јазик(македонскиот)само кај нас го има ова нигде на друго место.
За привилегиите во администрација да не почнувам турни врата земи плата.
Наместо во администрација најдобриот да ја земе работата на нив им се дава привилегија не поради знаење, искуство или квалификации туку поради проста причина што се малцинство што е чиста глупост исто како во Америка да му дадат работа на некој само затоа што е црнец(рандом пример).

Искрено се надевам еден ден ќе се освестат колку многу им е дадено и ќе кажат благодарам.(Знам дека желбите ми се преголеми;))
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Како беше онаа поговорката- подај му прст, ќе ти ја земе цела рака.
Летонците ни нокт не поддаваат а камо ли прст, а нашиве одбрани со двете раце раширени ги пречекуваат.
 

LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Дај Боже секому такв руско малцинство. Ама Албанците се друго пиво ...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Не знам кога ќе сватат албанциве дека се најпривилегирано малцинство во цел свет и ќе престанат да се бунат за банални работи.
Се имаат обезбедено во Македонија ...настава на албански јазик ,а како прво немаат познавање од државниот јазик(македонскиот)само кај нас го има ова нигде на друго место.
За привилегиите во администрација да не почнувам турни врата земи плата.
Наместо во администрација најдобриот да ја земе работата на нив им се дава привилегија не поради знаење, искуство или квалификации туку поради проста причина што се малцинство што е чиста глупост исто како во Америка да му дадат работа на некој само затоа што е црнец(рандом пример).

Искрено се надевам еден ден ќе се освестат колку многу им е дадено и ќе кажат благодарам.(Знам дека желбите ми се преголеми;))
првиод болд. - голема е веројатноста тоа да го согледаат... НИКОГАШ.
вториот болд - не да ти е голема желбата - огромна ти е. тоа е подеднакво иста како да посакаш да возиш кола на воздух ( незамислена работа ).

најголемата македонска грешка проследена со мнооооогу немили настани и инциденти кај нас е рамковниот договор. да не дискутирам натака ке се забега премногу од темата.

онтопик - русите се огромна држава и баш ми е чудно како тоа стотици илјадници руси си дозволиле да немаат никакво државјанство а живеат во една држава. па добро плаќаат даноци барем? ги прават истите работи како што и самите летонци? според муабетот све праат исто ама кога е момент за гласање е тука неиде. - ова мене ми личи на типичен пример за дискриминација. се важи и за едните и за другите ама кога ке се гласа едните ке можат другите не.

море да им ги пуштиме малце браќава ние да им кажат како се преуредува една државна структура од темел? шо викате за ова?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
море да им ги пуштиме малце браќава ние да им кажат како се преуредува една државна структура од темел? шо викате за ова?
Па ако се прашуваме ние на форумов шо викаме, вака викаме : слободно одете преуредувајте, барајте права, се да ви одобрат од се срце ви посакуваме таму да ви е најубо и никогаш појќе да не ви текнит да се вратите.
Несомнено моево мислење го делат многу мина;)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
ДајБожесекомутакврускомалцинство.АмаАлбанците седругопиво...
Ај глеам се "палиш" на ЕУ и нејзината праведност кажи ми нели е ова типичен пример за неправедност и двојни аршини !?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Искрено се надевам еден ден ќе се освестат колку многу им е дадено и ќе кажат благодарам.(Знам дека желбите ми се преголеми;))

:pos: Ама си ме изнасмеал сабајлечки, алал да ти е:P
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ај ке кажеш ние не сме некоја меѓународна сила па не преташ толку г'таш се.
Ама Русине, бааааап Рамковниот на маса во ОБСЕ, ЕУ и сите тие западни вукоонадини, ајде да видиме вашиот проект како ќе го примениме тука, пошто го изнафаливте дека бил супер демократски.
Ќе се скинат од смеење.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Najubavo e da prestaneme veke so aplikacii za NAto i EU zasto slusam muabeti po televiziive i Grujo vika ne sum optimist za vlez da sklucime alijansa so RUsive neka otvorat kaj nas baza tenkvoi,avioni podmornici na ohrdsko se se najmoderno pa da im go stavime u gz na Amerite i na nasive Indijanci od Kosove ,ama strav mi e deka i mother Russia nema da ne saka poradi Skiptarive
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ај глеам се "палиш" на ЕУ и нејзината праведност кажи ми нели е ова типичен пример за неправедност и двојни аршини !?
Тоа е ЕУ. Несериозна wannabe политичка унија, која нема зацртани цели и принципи. Додека не се реформира, нема да има ни правда, ни шмавда...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Како беше онаа поговорката- подај му прст, ќе ти ја земе цела рака.
Летонците ни нокт не поддаваат а камо ли прст, а нашиве одбрани со двете раце раширени ги пречекуваат.
Дури знаат и да се натртат за да им влезе подлабоко
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ај глеам се "палиш" на ЕУ и нејзината праведност кажи ми нели е ова типичен пример за неправедност и двојни аршини !?
Каде са двоjните аршини? Сека држава сама решава за вакви прашаниja. Нема обшто важечко правило. Това дали ке се подаде на надворешен натиск си е неjна работа. Jaс разбирам дека прават споредва и во колумната со РМ

Но тоа што е интересно за нас не е статусот „ни на небо ни на земја“ на 300-те илјади Руси, туку прашањето на рускиот јазик како втор службен. Официјално, во земјата има 27 отсто Руси и, според стандардите што демократскиот западен свет ѝ ги наметна на Република Македонија, тие би имале право на службен јазик не на територијата на целата земја, туку во оние делови каде што се мнозинство.
Па предпоставувам,дека и ти правиш истата споредба, но от вашиот случаj не произлегува правило за малцинствата, а многу повеке личи и се разгледува како един от неколкото прецеданти.
 

Dietrich

Just a fan...
Член од
12 мај 2010
Мислења
161
Поени од реакции
80
Балканов отсекогаш бил шаховска табла за големите сили да си играат со своите пиони и никогаш нема да биде оставен со свој суверенитет, премногу е интересен за да биде оставен на мира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom