Студирам во Литванија, а женска ми е од Латвија. Скоро секоја недела одам за Латвија и многу добро знам каква е ситуацијата таму. Бев таму и дента кога беше референдумот, 18-ти Февруари. Руси има многу, дури и оние без државјанство како што беше кажано, и они имаат alien passport. Факт е дека нема патокази со 2 јазици (летонски и руски) но факт е дека 90% од летонците зборат руски јазик, ако не и повеќе. Пред се поради СССР каде што морале да учат на школо, но и поновиве генерации знаат руски. Каде и да отидеш во продавница, бензиска, ресторан им почнеш да збориш на руски они ќе ти вратат на руски јазик. Иако Латвија е доста поделена држава од аспект што руси се дружат со руси, и летонци само со летонци, сепак рускиот јазик официјално не е "официјален", но се зборува буквално насекаде, што не е случај со албанскиот јазик во Македонија. Така што овој референдум и да беше изгласан во корист на русите, не верувам дека многу работи ќе се сменеа.