Ма дајте бре луѓе, па што ви е вас? Јас не ни побарав мислење од вас кој е во право а кој не. Ете, тргнете од претпоставка дека моето дете ја испровоцирало кавгата. Дали тоа значи дека треба да биде удирана и тоа баш сега кога е во една таква деликатна ситуација? Дали тоа исто така значи дека во моментот кога и се пожалила на учителката требало да биде така грубо одбиена? Детето барало помош. Било одбиено. Јас прашав дали тоа е во ред, а не да оцените чие дете е криво.Сум работела со деца и тоа е една од најделикатните работи, особено сега, кога децата се набилдани со запознавање на своите права.
Физичкото и вербално казнување (навреди) не се забранети од вчера, туку отсекогаш. Нашите учители си дозволуваа шамарање, кубење, навредување, омаловажување само затоа што никој не им беше стегнал тужба.
Сега се случува еден парадокс: сите се запознаени со правата на децата, ама некако како децтаа да немаат никакви обврски. Учителите пак имаат само обврски, а како да немаат никакви права. Голем дел родители пак не знаат дека детето не е слива што ќе ја посадиш у двор и таа сама ќе си расте.
@маја.а.
Сфаќам дека си загрижена за своето дете, како и секој родител, особено кога уште во трето одделение летаат боксови, но ти не си била таму и не знаеш што всушност се случило! Не знае ни учителката, а кога децтаа се повикуваат за сведоци, тогаш е рашомонијада!
И ти и се јавуваш да и држиш лекции на учителката како требала да постапи во ситуација за која знаеш само од кажувањето на ќерка ти. Безобразно!!!
Нешто што родителите „не го знаат“ е дека едно е однесувањето на децата во школо, друго е дома.
Мене ми паѓа во очи тоа што ти не кажуваш ништо друго за учителката освен оваа случка. Како да немаш мислење за неа, како детето да е втор ден во училиште на не веќе во трето одделение, а тоа укажува дека ти не ја познаваш учителката која ти го учи детето.
Децата кажуваат дома се! Ама баш се!
А ти : или не поминуваш доволно време со детето, за да чуеш што има детето да ти каже и да знаеш што се случува или си загрижена за детето и твојата реакција е претерана.
Што е со девојчето што ја удрило/удирало? Зошто тоа треба да биде настрана од тепачката? Тоа е исто така чудно.
Треба сите страни да се испитаат, ама како да е најлесно да се истури бесот на учителката.
И на крај ќе изезе крив докторот што одобрил детето да тргне на училиште.
Доволно е да се види само овој дел од последниот нејзин пост............Што изнакажа бе аууууууууу страшна работа, па неможеш да се зачлениш на форум да ја изнесеш твојата вистина да обвиниш,а притоа да очекуваш само одобрување.
Да има и такви со ситна ретардација кој што веднаш ке те подржат, без да размислат а богами нема ни да прочитаат,ке го прочитаат насловот и два три збора на почетокот.
И урлањето против наставничктака започнува.
............и да се види дека најмалку и е важно што и како било и тоа да се изглади, едноставно се бара жртва за одмазда... се бара глава.Учителката и понатаму не ја сакам, и никогаш нема да и простам за нечовечката постапка па макар и да се сите закони на овој свет на нејзина страна, а сеуште не сум сигурна дека се.
на форумов има секакви повеќето бадијалџии што уста неможеш да им затвориш колку и да си у право.Мене наставничката така ми ставаше 4ка музичко не сум знаел да свирам а другите знаеле потоа 4ка ликовно точакот не ми бил добар (едното тркало поголемо другото помало) и ред други небитни работи бидејќи за тоа треба дарба неможе секој да биде уметник , пејач... моите дојдоа т.е и се побунија оти ова оти она ја ,,тепаа со факти'' таа на почетокот се поправи али почна пеколот баш тогаш (и сеуште незнам каде и згрешив кои беа причините за нејзините подли игри) така да моите беа принудени да ме префрлат во друго школо.Него муабетот ми беше Маја за разговорот што си го направила со наставничката може уште повеќе да ја влоши ситуацијата ама те разбирам мајчинска љубов , види ако нешто ја малтретира или пак ,, лош клас'' неможе да се привикне префрлете ја во друг клас или пак ново училиште , на почетокот потешко али ке се привикне и се ке си дое на свое место од чисто искуство тоа е мојот совет позз )Ма дајте бре луѓе, па што ви е вас? Јас не ни побарав мислење од вас кој е во право а кој не. Ете, тргнете од претпоставка дека моето дете ја испровоцирало кавгата. Дали тоа значи дека треба да биде удирана и тоа баш сега кога е во една таква деликатна ситуација? Дали тоа исто така значи дека во моментот кога и се пожалила на учителката требало да биде така грубо одбиена? Детето барало помош. Било одбиено. Јас прашав дали тоа е во ред, а не да оцените чие дете е криво.
Погрешна е мојата постапка што и се јавив на учителката. Тоа сепак не го менува фактот дека таа во тој момент одбила да провери што се случило и да му пружи помош на дете кое е рековалесцент и е под одредена медицинска заштита, затоа што не бил одделенски час. Истото и мене ми го потврди кога и се јавив. Ми рече, ние тука имаме правила, проблемите не се решаваат кога на некого ќе му текне.
Во основа се согласувам дека правилата треба да се почитуваат, ама ПОБОГУ, ЛУЃЕ, исто така тврдам дека во итни, опасни и загрозувачки ситуации правилата треба да се занемарат.
Лангелина, ти ми држиш лекција а воопшто не ме познаваш, и тоа е безобразно. И твоето гледиште е субјективно бидејќи како што кажуваш, си работела со деца па веројатно имаш одредени искуства кои те наведуваат да ги осудуваш веднаш родителите и децата а да ги браниш оние од другата страна.
И кажи ми молим те, на што би личело кога би застанала да ви го опишувам четиригодишното досегашно искуство со учителката и да ви го пресликувам нејзиниот карактер? Намерно го одбегнав тоа мислејќи дека е ирелевантно и дека не е место тука на форумот да зборувам за тоа. Спомнав само дека до сега ниту јас ниту моето дете не сме имале проблеми ниту со неа ниту во училиштето воопштено, можеби не си читала се внимателно. А и онака веднаш би се нашле личности слични на тебе кои би анализирале дали е вистина тоа што го пишувам за учителката или не и безобразно би ме напаѓале без оглед што во никој случај не можат да докажат ни дека ја зборувам вистината ниту пак дека лажам. Има многу лоши луѓе. Вашите коментари ме растажуваат, и душата ме боли за моето дете како што впрочем би се чувствувале повеќето родители во ваква ситуација.
Јас ЗНАМ дека сум во право. Ти не знаеш ама ме напаѓаш под претпоставка дека, можеби не сум во право, дека можеби моето дете е криво итн, итн. Зошто не тргна од обратната претпшоставка, дека можеби СУМ во право? Од тие неколку збора што ги напишав ти ги извлече само негативните заклучоци. Уште и лоша мајка ме направи, дека не сум ја познавала доволно учителката, а со самото тоа и детето бидејќи децата дома кажуваат се. Па како можеш да го напишеш таква глупост, ако не сум ја опишала учителката на пет страни тоа не значи дека не ја познавам. Ако сакаш ќе ти ја опишам подробно во порака, ти само изрази желба. Со своите деца имам прекрасен однос, ама ти со својата способност за анализирање веројатно ќе ме побиеш во ова мое тврдење Јас пак од твоите зборови можам да извлечам заклучок дека си лоша особа.
Единствена моја грешка беше што и се јавив на учителката, избрзана реакција која сметам дека и не е толку чудна со оглед на ситуацијата. Е, ама после таа моја избрзана реакција учителката превзела мерки. Девојчето кое ја удирало ќерка ми не одрекува дека ја удирало. Тоа се извини. А докторката нема никаква вина бидејќи тоа е вообичаената постапка при мононуклеоза. Непредвидени ситуации не можат да се одбегнат воопштено, а удирање по стомак не е секојдневие така да веројатно тоа не се зема во предвид.
Згрешив што воопшто за помош се обратив тука на форумот. Изедов толку критики колку што во животот не сум изела, а мораше да знам дека тоа ќе се случи. Не може во неколку реда да се опише комплексна ситуација кое има свое минато, па секој си извлекува заклучок каков што сака. После моето јавување на учителката, тоа е мојата втора грешка.
Во секој случај драго ми е што можам да кажам дека работите полека се средуваат. Веќе реков дека никој нема способност да избегне одредени непредвидени ситуации, ама знам дека намерното удирање по стомак беше инцидентно и најверојатно нема да се повтори. Учителката и понатаму не ја сакам, и никогаш нема да и простам за нечовечката постапка па макар и да се сите закони на овој свет на нејзина страна, а сеуште не сум сигурна дека се. Во денешниот разговор со неа ми напомна дека ништо веќе нема да биде како порано и дека четворките многу лесно може да не преминат во петки. И реков тоа го оставам на вашата совест. Нема НИКОГАШ да реагирам за оценка, мислам дека и овој податок, лангелина, ке ти биде интересен за анализа. И види, уште еден куп работи ти изнапишав за учителката, се надевам дека барем малкуцка ти е задоволена љубопитноста. Ми рече и тоа дека е многу навредена. А јас, дека повторно исто би постапила.
Си ветувам себе си дека веќе нема да одговарам на било чии критики тука на форумот. Не сум јас за форумџија .
Поздрав до сите добри и лоши форумџии
Не ја брани учителката сите сме учеле основно знаеме какви гнаси се сите !Сум работела со деца и тоа е една од најделикатните работи, особено сега, кога децата се набилдани со запознавање на своите права.
Физичкото и вербално казнување (навреди) не се забранети од вчера, туку отсекогаш. Нашите учители си дозволуваа шамарање, кубење, навредување, омаловажување само затоа што никој не им беше стегнал тужба.
Сега се случува еден парадокс: сите се запознаени со правата на децата, ама некако како децтаа да немаат никакви обврски. Учителите пак имаат само обврски, а како да немаат никакви права. Голем дел родители пак не знаат дека детето не е слива што ќе ја посадиш у двор и таа сама ќе си расте.
@маја.а.
Сфаќам дека си загрижена за своето дете, како и секој родител, особено кога уште во трето одделение летаат боксови, но ти не си била таму и не знаеш што всушност се случило! Не знае ни учителката, а кога децтаа се повикуваат за сведоци, тогаш е рашомонијада!
И ти и се јавуваш да и држиш лекции на учителката како требала да постапи во ситуација за која знаеш само од кажувањето на ќерка ти. Безобразно!!!
Нешто што родителите „не го знаат“ е дека едно е однесувањето на децата во школо, друго е дома.
Мене ми паѓа во очи тоа што ти не кажуваш ништо друго за учителката освен оваа случка. Како да немаш мислење за неа, како детето да е втор ден во училиште на не веќе во трето одделение, а тоа укажува дека ти не ја познаваш учителката која ти го учи детето.
Децата кажуваат дома се! Ама баш се!
А ти : или не поминуваш доволно време со детето, за да чуеш што има детето да ти каже и да знаеш што се случува или си загрижена за детето и твојата реакција е претерана.
Што е со девојчето што ја удрило/удирало? Зошто тоа треба да биде настрана од тепачката? Тоа е исто така чудно.
Треба сите страни да се испитаат, ама како да е најлесно да се истури бесот на учителката.
И на крај ќе изезе крив докторот што одобрил детето да тргне на училиште.
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:
1. Или сум јас луда
2. Или учителката е луда
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.
Кои се правата на моето дете?
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?
А што правиме ако мажот на учителката е некој рунтав?Прво со директорот бидејќи он е одговорен и за децата кои се во неговото школо и за учителките . Ако се понашаат ноншалантно тогаш пушти и го мажот па нека и ја извади нејзината слезина(на наставничката) па да се осети и она загрозена.....
Маја, ја разбирам твојата постапка. Јас не сум родител, но бев доста слабо и болникаво дете и сум се нашла во слични ситуации па ја знам родителската грижа и чуствата на мајката во тој момент. Мојата мајка во таква ситуација би постапила многу по жестоко, би го алрмирала цело училиште ако е потребно, што не велам дека е правилно. Но мајчината грижа е посилна во тие моменти и доброто на детето е на прво место. Тоа не мора да значи дека наставничката е виновна за настаните. Виновно е девојчето и нејзините родители кои дозволиле нивната ќерка да има таков ментален склоп, па да напаѓа деца, особено кога знае дека се послаби од неа и дека може да им предизвика сериозно зло. Нејзе треба да не ја сакаш. Учителката е виновна поради непокажување на човечка емпатија кон детето, ама тоа е карактеристика која е индивидуална а не професионална. За жал нема психолошки тестови пред некој да се запише на факултет или да добие работно место. Од друга страна, денес навистина и наставниците се во незавидна положба. Во твојот случај реакцијата е оправдана. Би била лош родител кога не би се загрижила за состојбата на своето дете, и без разлика кој ја започнал вербалната расправија, ништо не може да оправда физичка пресметка. Баш поради недостатокот на грижа и на родителите и на наставниците во вакви случаи, децата мислат дека можат да прават се без да имаат никакви последици. Но постојат родители кои трчаат кај наставниците и ги срамнуваат со земја поради тоа што не знаат за поинаков начин на воспитување на своето дете. Родители кои слепо му веруваат на детето и во никој случај не смее тоа да е криво, па вината секогаш ја бараат кај наставникот. Можеби на другите форумџии ова им заличи на таков случај па затоа така изреагираа на твојот пост. Треба да се прави разлика помеѓу неодговорни родители кои го обвинуваат наставникот за неуспехот на своето дете и својот неуспех да го воспитаат и родители кои се грижат за доброто на своето дете. Јас би рекла дека твојот случај припаѓа во втората група, затоа што не ја обвинуваш наставничката за дискриминација на своето дете (во стилот „мамо мене наставничката ме мрази, затоа имам 3јка“), туку се грижиш за здравјето на своето дете кое во моментот било загрозено. Но и опциите на наставниците се лимитирани. Ако изреагирала побурно можеби ќе добиела критики од родителите на другото девојче.Ма дајте бре луѓе, па што ви е вас? Јас не ни побарав мислење од вас кој е во право а кој не. Ете, тргнете од претпоставка дека моето дете ја испровоцирало кавгата. Дали тоа значи дека треба да биде удирана и тоа баш сега кога е во една таква деликатна ситуација? Дали тоа исто така значи дека во моментот кога и се пожалила на учителката требало да биде така грубо одбиена? Детето барало помош. Било одбиено. Јас прашав дали тоа е во ред, а не да оцените чие дете е криво.
Погрешна е мојата постапка што и се јавив на учителката. Тоа сепак не го менува фактот дека таа во тој момент одбила да провери што се случило и да му пружи помош на дете кое е рековалесцент и е под одредена медицинска заштита, затоа што не бил одделенски час. Истото и мене ми го потврди кога и се јавив. Ми рече, ние тука имаме правила, проблемите не се решаваат кога на некого ќе му текне.
Во основа се согласувам дека правилата треба да се почитуваат, ама ПОБОГУ, ЛУЃЕ, исто така тврдам дека во итни, опасни и загрозувачки ситуации правилата треба да се занемарат.
Лангелина, ти ми држиш лекција а воопшто не ме познаваш, и тоа е безобразно. И твоето гледиште е субјективно бидејќи како што кажуваш, си работела со деца па веројатно имаш одредени искуства кои те наведуваат да ги осудуваш веднаш родителите и децата а да ги браниш оние од другата страна.
И кажи ми молим те, на што би личело кога би застанала да ви го опишувам четиригодишното досегашно искуство со учителката и да ви го пресликувам нејзиниот карактер? Намерно го одбегнав тоа мислејќи дека е ирелевантно и дека не е место тука на форумот да зборувам за тоа. Спомнав само дека до сега ниту јас ниту моето дете не сме имале проблеми ниту со неа ниту во училиштето воопштено, можеби не си читала се внимателно. А и онака веднаш би се нашле личности слични на тебе кои би анализирале дали е вистина тоа што го пишувам за учителката или не и безобразно би ме напаѓале без оглед што во никој случај не можат да докажат ни дека ја зборувам вистината ниту пак дека лажам. Има многу лоши луѓе. Вашите коментари ме растажуваат, и душата ме боли за моето дете како што впрочем би се чувствувале повеќето родители во ваква ситуација.
Јас ЗНАМ дека сум во право. Ти не знаеш ама ме напаѓаш под претпоставка дека, можеби не сум во право, дека можеби моето дете е криво итн, итн. Зошто не тргна од обратната претпшоставка, дека можеби СУМ во право? Од тие неколку збора што ги напишав ти ги извлече само негативните заклучоци. Уште и лоша мајка ме направи, дека не сум ја познавала доволно учителката, а со самото тоа и детето бидејќи децата дома кажуваат се. Па како можеш да го напишеш таква глупост, ако не сум ја опишала учителката на пет страни тоа не значи дека не ја познавам. Ако сакаш ќе ти ја опишам подробно во порака, ти само изрази желба. Со своите деца имам прекрасен однос, ама ти со својата способност за анализирање веројатно ќе ме побиеш во ова мое тврдење Јас пак од твоите зборови можам да извлечам заклучок дека си лоша особа.
Единствена моја грешка беше што и се јавив на учителката, избрзана реакција која сметам дека и не е толку чудна со оглед на ситуацијата. Е, ама после таа моја избрзана реакција учителката превзела мерки. Девојчето кое ја удирало ќерка ми не одрекува дека ја удирало. Тоа се извини. А докторката нема никаква вина бидејќи тоа е вообичаената постапка при мононуклеоза. Непредвидени ситуации не можат да се одбегнат воопштено, а удирање по стомак не е секојдневие така да веројатно тоа не се зема во предвид.
Згрешив што воопшто за помош се обратив тука на форумот. Изедов толку критики колку што во животот не сум изела, а мораше да знам дека тоа ќе се случи. Не може во неколку реда да се опише комплексна ситуација кое има свое минато, па секој си извлекува заклучок каков што сака. После моето јавување на учителката, тоа е мојата втора грешка.
Во секој случај драго ми е што можам да кажам дека работите полека се средуваат. Веќе реков дека никој нема способност да избегне одредени непредвидени ситуации, ама знам дека намерното удирање по стомак беше инцидентно и најверојатно нема да се повтори. Учителката и понатаму не ја сакам, и никогаш нема да и простам за нечовечката постапка па макар и да се сите закони на овој свет на нејзина страна, а сеуште не сум сигурна дека се. Во денешниот разговор со неа ми напомна дека ништо веќе нема да биде како порано и дека четворките многу лесно може да не преминат во петки. И реков тоа го оставам на вашата совест. Нема НИКОГАШ да реагирам за оценка, мислам дека и овој податок, лангелина, ке ти биде интересен за анализа. И види, уште еден куп работи ти изнапишав за учителката, се надевам дека барем малкуцка ти е задоволена љубопитноста. Ми рече и тоа дека е многу навредена. А јас, дека повторно исто би постапила.
Си ветувам себе си дека веќе нема да одговарам на било чии критики тука на форумот. Не сум јас за форумџија .
Поздрав до сите добри и лоши форумџии
Јас не ги бранам сите учителки.Не ја брани учителката сите сме учеле основно знаеме какви гнаси се сите !
Се согласувам со тебе околу тоа да се сослуша и втората страна,но никогаш не сум ги почитувал наставниците од 1-8 одделение поради тоа што:немаат никаков однос,од нив можеш да слушнеш најразлични пцовки од типот вол,ѓубре,скот,говедо итн. и тоа упатени на деца од 9-10 години,иако на таблата на основното училиште пишува образование и воспитување тие ретко да дадат некаков совет на некое дете,туку само ке дојде ќе си предаде и никому ништо пијат кафиња на одморите воопшто не внимаваат на децата и третата работа која навеке ме нервира е тоа што секогаш си имаат наставниците "љубимци" помеѓу децата кои секогаш служат за пример во класот и во однесување и во успехот и најчесто тие деца се ќерки и синови на директори,функционери,началници итн.Јас не ги бранам сите учителки.
САмо сакав да се видат сите страни. Во овој случај, учителката ама баш за ништо не е виновна, ама се бара жртвен јарец.
Ќе излезам малку од темата.
Последниве две годни сум сведок на повици за линч и на јуришање на голема маса на фрумите само затоа што некого според нечии проценки ќе го проглассат за педофил, за манијак, за некој што треба кривично да одговара, а јас сум една од ретките што кажува дека недостига да се сослуша другата страна. и кога ќе се јави другата страна, повеќето коментатори се засрамени од жестоките изјави, зашто сликата е сега поинаква.
Излегувдека феејсбук не е за деца од второ одделение, и дека родителите освен да флертуваат на интернет, треба да видат и што им прават децата и дома и во школо и на интернет. Дека треба да престанат да учат кои се права ан децата, а да поднаиучат малку кои се обврските како родител.
Мислам дека е време да се затвори темата.
*навистина е тажно да се чуе дека си учел во школо каде си ги запознал сите наставници од прво до осмо и сите те разочарале. кажи кое е тоа школо да знам да не ги пуштам таму моите деца....Се согласувам со тебе околу тоа да се сослуша и втората страна,но никогаш не сум ги почитувал наставниците од 1-8 одделение поради тоа што:немаат никаков однос,
...од нив можеш да слушнеш најразлични пцовки од типот вол,ѓубре,скот,говедо итн. и тоа упатени на деца од 9-10 години,
...иако на таблата на основното училиште пишува образование и воспитување тие ретко да дадат некаков совет на некое дете,
...туку само ке дојде ќе си предаде и никому ништо пијат кафиња на одморите воопшто не внимаваат на децата
...и третата работа која навеке ме нервира е тоа што секогаш си имаат наставниците "љубимци" помеѓу децата кои секогаш служат за пример во класот и во однесување и во успехот
...и најчесто тие деца се ќерки и синови на директори,функционери,началници итн.
1.Завршив во Димо Хаџи Димов во Влае не ги запознав сите наставници ама запознав добри 60%.*навистина е тажно да се чуе дека си учел во школо каде си ги запознал сите наставници од прво до осмо и сите те разочарале. кажи кое е тоа школо да знам да не ги пуштам таму моите деца.
*иако сето наведено не е во ред да се каже на дете, етикетите кои ги наброја не се пцовки, а исто така се сомневам дека ги користат многу наставници.
*за некој да го воспиташ и да прими совет од тебе, тој треба да те сослуша и да верува во твоите добри намери. за жал, многу деца (секако не сите) немаат елементарна почит кон сопствените родители а камо ли кон некој си таму наставник чија примарна задача е да образува. и патем, не, наставникот е робот кој не треба ни да помисли на кафе или разговор со колегите. наставникот и кога спие мора да ги сонува училишните ходници .
*нешто од воспитувањето мора да се всади и дома, а во тоа спаѓа и прифаќањето авторитет кое многу родители не успевајќи сами да го стекнат во очите на сопствените деца, не успевајќи да поттикнат кај нив работни навики и соработка (не велам слепа послушност), ја префрлаат вината на училиштето,
*од друга страна, секој обид на наставникот да воведе ред дисциплина се толкува како кршење на детско-родителските права, навреда и лекување на сопствените комплекси.
*учениците кои се учтиви, вредни, исполнителни или барем покажуваат дека се трудат (не мора да се одлични, па ни многу добри) се разбира дека треба да се пофалат и посочат за пример. тоа не треба никого да навредува, туку да покаже дека доброто однесување и вложениот труд се ценат и дури и кога резултатите не се восхитувачки. учењето е процес кој трае цел живот. некој го достигнува својот максимум во основното, а некој работејќи на докторатот.
*неспорно е дека врските се вмешани секаде, не само во школството, но сепак сметам дека учениците кои постигнуваат резултати а се „со непознато потекло“ заслужуваат уште повеќе почит од „познатите фаци“. Меѓутоа, и кај овие вторите има примерни ученици кои пак страдаат поради товарот на своето „име“ и секој нивен успех се смета за незаслужен и се припишува на нешто друго.
Зборот ми беше, лесно е да ги поедноставиш работите до црно-бело. Ама во работите има работички, шо велат во Кавадарци и пошироко