Несоодветно однесување на професорите во поглед на заштита на децата и решавање на нивните проблеми

Член од
28 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
4
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:
1. Или сум јас луда
2. Или учителката е луда
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.
Кои се правата на моето дете?
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Наставничката не е дадилка која што треба да изиграва телохранител.
Наставничката е платена да ти го образува детето,не да му пружа љубов и топлина уште помалку топлина,и разбирање.
Имаш педагог во училиштето кај него се изнесуваат сите проблеми што ги има ќеркати со останатите ученици,како и здравствени проблеми.
Класниот раководител е таму,да се грижи за успехот на децата во учењето,да води евиденција за присуство и отсуство на часови.
Не смее ни да искара ни да опомене, а уште помалку да истепа некое дете.
Така да проблемот кај педагогот, наставничката е во право не сака да си создава непотребни нервози за кој што не е платена, единствено што може да стори е да ја ослободи малечката од физичко и толку.
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Пробај прво со директоро и службата во училиштето, ама јас на твое место би поднел тужба, че и ги земиш парите со добар адвокат и во најмала рака че ги покријаш трошоците за лекувањето на черкичката.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?
Мислам дека министерството за образование и наука би било следниот чекор. Е сеа ако директорот е поврзан и со нив - не знам...
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Наставничката не е дадилка која што треба да изиграва телохранител.
Наставничката е платена да ти го образува детето,не да му пружа љубов и топлина уште помалку топлина,и разбирање.
Имаш педагог во училиштето кај него се изнесуваат сите проблеми што ги има ќеркати со останатите ученици,како и здравствени проблеми.
Класниот раководител е таму,да се грижи за успехот на децата во учењето,да води евиденција за присуство и отсуство на часови.
Не смее ни да искара ни да опомене, а уште помалку да истепа некое дете.
Така да проблемот кај педагогот, наставничката е во право не сака да си создава непотребни нервози за кој што не е платена, единствено што може да стори е да ја ослободи малечката од физичко и толку.
ти глуп си бе чоек или намерно пишуваш на секоја тема за да имаш обратен став од останатите?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Пробај прво со директоро и службата во училиштето, ама јас на твое место би поднел тужба, че и ги земиш парите со добар адвокат и во најмала рака че ги покријаш трошоците за лекувањето на черкичката.
А на основа на што ке и ги земе парите ?
каде пишува дека Класниот раководител или наставничката треба да биде бодигард на учениците ?
 
B

BrunoFresh

Гостин
Овој случај не е прв ни последен којсе десил од страна на несовесните однесувања на наставиците кон децата. Колку што добро ме образовале и сум научиш, сватив дека зборот наставник има високи влијание врз децата. Односно децата најмногу учат од наставниците посебно кога се мали. Едноставно тоа ние го викавме дека наставникот или наставничката ни е втора мајка. Што значи дека тоа што децата ќе го научам е врз односнот на наставниците односно како тие пред нив ќе пристапат. Да не бегам од темата, тоа и ми беше цела на цело ова зборување. Значи самата таа наставничка, не ни треба веќе да се изменува како наставничка. Доколку се спроведени сите тие документи кои се потребни за вашето дете да биди изоставено од таквите напори, мислам дека таа треба максимално да обрни внимание не само на вашето дете, туку најмногу на другите деца од странта кои сеуште не разбираат што се придонесите на таквите болести, па мора да ги воспита воедно сите нив а и да го поттикни вашето дете да не паничи бидејќи има таква болест. Или по наше кажано, стварно да глуми како втора мајка посебно со неа. Муабетот е за да се пожалите за некој настатавник најпрво треба кај соодветно лице на училиштето (односно директорот) да се пожалите и да ја кажите точно вака приказната како што била за да има простор да ве викни на консултации да ги слушни 2те страни. Воедно доколку кажавте дека директорот не превзема никакви основни мерки за наставниците пред се да бидат прави НАСТАВНИЦИ, ондак мислам дека треба да се пожалите во министерството за образование и правата на децата. Има посебни институции и најдобро да ја потрврдите целата ваша приказна точно како што тука пред нас ја споделивте. Пред се имајте на ум дека ќе се соочите со луѓе кои ќе сакаат прво да помогнат на наставичката нормално доколку е нејзина партија на власт. Но да не мешаме политика, во сето ова имате право да се буните а и вашето дете има предности пред се. Не е добро ова што го слушам а и не е соодветно. Не било прв пат ни последен. Лично јас познавам другари и другарки кои се полошо тренирани но неможеа ништо освен што се преместија во друго училиште. Пробајте да побарате каде да се обратите за децките права а воедно и распрашате се во министерството за образование. Тоа е мислам мојата помош.

Среќно.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
ти глуп си бе чоек или намерно пишуваш на секоја тема за да имаш обратен став од останатите?
Ако веќе збориме за Глупоќа нешто си далеку пред мене во тој поглед, а кога си паметна ајде дај кажи на кој КУР основ ке тужи и за ШТО КЕ ТУЖИ?
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
А на основа на што ке и ги земе парите ?
каде пишува дека Класниот раководител или наставничката треба да биде бодигард на учениците ?
на основ на то дека не ги опоменала другите ученици за проблемот на малата, или било какви други мерки за да го спречи то. а кој треба да се грижи за безбедноста на децата во училиштето? мајка е да оди со незе?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
на основ на то дека не ги опоменала другите ученици за проблемот на малата, или било какви други мерки за да го спречи то. а кој треба да се грижи за безбедноста на децата во училиштето? мајка е да оди со незе?
Ке рече дека ги опоменала ( што најверојатно и го направила тоа ) Како да ја штити, све по нејзе треба да оди или со нејзе треба да ја носи во канцеларија ?
Други мерки како, да ја стави во кафез додека не е во училницата ? да ги затвори сите други во кафез додека не е таа таму ?
треба да трча по неа на голем одмор и да пази да не скока рипа да не се степа со некое детенце “ Неиспровоцирано“ ? Низ очите на родителот никогаш детето не е виновно,или е професорот крив или е другото дете. Мада има и такви кој се иживуваат ама за тоа си постои педагог во училиштето.
По глупо нешто од предлог за тужба нити имало нити ке има од овој, не се платени за тоа наставниците.
Башка сега и деца со “ посебни“ потреби се запишуваат во нормални паралелки ради соцјализација,епа иди објасни им на нивните родители дека нивните не “Будали“ деца се опасност за останатите,да видиш каков одговор ке добиеш.
Никаде во ниеден правилник не пишува дека Наставник,професор треба да се однесува со нежност кон родител или дете,се знае зошто се тие таму да дадат знаење и ништо повеќе ингеренциите им завршуваат таму.
Се друго иде прегу педагог ,психолог,полиција , министерство.
Не е должна нити наставничката на телефон или во живо да у се мољака на родителката, и да објаснува како и што и зошто се десило нити пак да се извинува за нешто.
Таа кратко и јасно си одговорила,е сега ако на некого не му се допаѓа слушнатото може да си толкува и како ароганција,како грубо однесување и сл.
 
незнам за кој тип на училиште зборуваш ама јас дур учев основно при најмала повреда на дете цел кабинет излегуваја општа паника настануваше и после следуваше „линч“ врз детето шо го предизвикало то, за ум. и им беше одобрено на наставниците од одборот на родители да мава шамари на децата, и не се случи настан во 8 години шо ме згрози како овај шо е опишан (ако е така).
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
имаше еден случај кога едно дете кај што учев јас во седмо одделение мислам , во Кочо Рацин , Куманово , така почнаа 5 минути мал одмор и сите излеговме и во ходникот имаше крв едно дете беше гурнато и се удри во таа цевка за парно греење во глава со тие шилци такви ( поставена така горе ) , и знаете што превземаа ништо , насилникот си остана во школо , а паднатион се премести во друга школа , незнам што да ви кажам за овој случај , едноставно времињата се сменија , не беа професорите во поодамните времиња кои беа строги и знаат да ги стават децата во ред и мир , наместо да видат дека имат проблеми и да им помогнат тие си играт ку*рташак ... ( а тоа момче еднаш и беше онесвестено , беше удрен јако )
Во педагог/психолог што ќе ти кажат , само ќе те испрашат и ќе ти кажат тоа не е во ред и нехумано кој ... бе , наместо да им пратат писмена опомена или строга казна , тие пак ќе си продолжат по своето , мада исто е и ако се премести во било кое школо , мора да се најде некои мангуп/а па да направат некоја беља , јас лично сум осетил и во час и пред очи на професорите , тие ништо не превземаат , секој час ударање , секое вртење рука , тие не гледаат .... што ќе се случи кога ќе се повреди некој ( скршена рука ) и кој е виновникот ?!
Јас мислам да има казна и за насилник и за професор кој нема да превземе мерке , тој е мое мислење извинете ако отидов далеку од темата .....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
незнам за кој тип на училиште зборуваш ама јас дур учев основно при најмала повреда на дете цел кабинет излегуваја општа паника настануваше и после следуваше „линч“ врз детето шо го предизвикало то, за ум. и им беше одобрено на наставниците од одборот на родители да мава шамари на децата, и не се случи настан во 8 години шо ме згрози како овај шо е опишан (ако е така).
Тој одбор на родители неможе да даде такво право,затоа што утре баш за тоа може да тужи родителот на удреното дете за шамарот.
Е сега тоа што сите излетувале од кабинет било некогаш, и од нивна добра воља и сакање нити некаде пишува дека треба тоа да го прават,нити па се обврзани со нешто тоа да го прават.
Едноставно дојде такво време да секој си работи стрикно за она за што си е платен, и не сака да се занимава со проблеми на други,нити пак сака да си создава дополнителни проблеми.
Расправија помеѓу деца тепачка и останато,си има домаќин во училиштето,си има секретар,си има педагог тие се за тоа таму не се наставниците.
А тепањето и бранењето завршија,кога опинокот влезе во училиште и рече МОЕТО ДЕТЕ НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ПИПНЕ.
Така да наставничката во случајов е во право ите како е во право,си ја работи работата и не ја интересира ништо друго.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ке рече дека ги опоменала ( што најверојатно и го направила тоа ) Како да ја штити, све по нејзе треба да оди или со нејзе треба да ја носи во канцеларија ?
Други мерки како, да ја стави во кафез додека не е во училницата ? да ги затвори сите други во кафез додека не е таа таму ?
треба да трча по неа на голем одмор и да пази да не скока рипа да не се степа со некое детенце “ Неиспровоцирано“ ? Низ очите на родителот никогаш детето не е виновно,или е професорот крив или е другото дете. Мада има и такви кој се иживуваат ама за тоа си постои педагог во училиштето.
По глупо нешто од предлог за тужба нити имало нити ке има од овој, не се платени за тоа наставниците.
Башка сега и деца со “ посебни“ потреби се запишуваат во нормални паралелки ради соцјализација,епа иди објасни им на нивните родители дека нивните не “Будали“ деца се опасност за останатите,да видиш каков одговор ке добиеш.
Никаде во ниеден правилник не пишува дека Наставник,професор треба да се однесува со нежност кон родител или дете,се знае зошто се тие таму да дадат знаење и ништо повеќе ингеренциите им завршуваат таму.
Се друго иде прегу педагог ,психолог,полиција , министерство.
Не е должна нити наставничката на телефон или во живо да у се мољака на родителката, и да објаснува како и што и зошто се десило нити пак да се извинува за нешто.
Таа кратко и јасно си одговорила,е сега ако на некого не му се допаѓа слушнатото може да си толкува и како ароганција,како грубо однесување и сл.
По пишувањава твои, мислењата и ароганцијата што ја демонстрираш тука, можам да заклучам дека си адолесцент. Или пак си телесно развиен но сеуште имаш адолесцентски размислувања.
Втората задача на учителите (тие до 4-то одделение), покрај наставната улога, е и воспитната. Покрај што се наставници, тие се и педагози. Соодветно на тоа треба да се грижат за воспитувањето, созревањето, социјализирањето и однесувањето на дечињата. Ако ти тука гледаш некаков проблем и ја дистанцираш учителката од вакви проблеми, тогаш и ти имаш некој проблем очигледно.
Јас кога бев основно училиште, за секоја грешка, макар и поситна, се добиваа воспитни шамари... и тоа шамари, да ти ѕвонат ушите цела недела. Деца дури се мали со ќотек се воспитуваат.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Наставничката не е дадилка која што треба да изиграва телохранител.
Наставничката е платена да ти го образува детето,не да му пружа љубов и топлина уште помалку топлина,и разбирање.
Имаш педагог во училиштето кај него се изнесуваат сите проблеми што ги има ќеркати со останатите ученици,како и здравствени проблеми.
Класниот раководител е таму,да се грижи за успехот на децата во учењето,да води евиденција за присуство и отсуство на часови.
Не смее ни да искара ни да опомене, а уште помалку да истепа некое дете.
Така да проблемот кај педагогот, наставничката е во право не сака да си создава непотребни нервози за кој што не е платена, единствено што може да стори е да ја ослободи малечката од физичко и толку.
Сите наставници, посебно тие во основно училиште, се педагози, или барем треба да бидат. Тоа нема врска со љубов, топлина и разбирање, не иди во крајности.
Второ, ако наставничката не смее да ги искара/опомени децата, како треба да ги држи во ред? Со молење? xD

Патем, за темата, писмена жалба до некое повисоко скалило, министерство, dunno..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom