Инспириран од дискусијата во темата за Премиер лигата, дефинитивно ми дојде на памет оваа тема за да се искажам.
Лузерството на Раниери е исфорсирана работа со појавата на страничките како трол фудбал, каде што ќе му стават една негова фаца со натпис на крајот "and he still finished second
" и ајде од долу фрчат лајкови, читаат луѓе што можеби и немале појма кој е Раниери до тогаш одма право здраво за готово го земаат дека сигурно е лузер, па како и да не е лузер кога трол фудбал така вели, нема шанси да не е
Да се разбереме уште од старт. Раниери
е многу далеку од квалитетен тренер. Ниту пак ќе стане квалитетен тренер ако освои годинава со Лестер. Една ластовичка не прави пролет. Никогаш во кариерата не покажал особен квалитет, да направи некоја разлика, да настапи некаде да се осети тренерската рака во тимот. Тој си е обичен, просечен тренер кој водел пред се мали и средни тимови. Големите тимови кои ги водел, а тоа се Јуве и Интер и двата тима во неговиот период беа под некои фактори кои во тој момент беа ограничувачки до даска за да може да се очекува голем успех од нив. Јуве беше тукушто вратен од Серија Б и Раниери во двете сезони избори пласман на трето и второ место (иако последните две кола од 08/09 Јуве го водеше Ферара). Апсолутно со тој тим на Јуве ова беа солидни резултати. Во ЛШ испаднавме од Челзи, а во групата Јуве беше на прво место
победувајќи го два пати Реал Мадрид.
Интер веќе кога го презеде Раниери беше целосно пропаднат тим со старци, што го покажуваат резултатите во сите овие години на Интер. Да успееше некој да направи нешто повеќе овие години, ќе си речеш стварно до Раниери е, ама што може тој да промени со неговиот просечен квалитет како тренер (за каков и се смета).
Секој има интернет за да ја провери кариерата на Раниери од почеток се до сега. На почетокот од кариерата првиот попознат тим кој го водел е Каљари. Три сезони ги водел, прво место во трета лига и пласман во втора, одма наредната сезона трето место во Серија Б и пласман во Серија А, а последната 14то место во Серија А каде што обезбедува опстанок. За три години ги носи Каљари
од трета до прва лига и ги задржува таму.
Од 91ва до 93та е тренер на Наполи. Во првата сезона 4то место, во втората 11то. После тоа оди во Фиорентина каде што во првата сезона 93/94 завршува прво место во Серија Б и обезбедува пласман во Серија А. Наредната сезона завршува 10то место, 95/96
завршува трето место,
освојувајќи го купот на Италија, а во последнат завршува 9то место.
Во Валенсија нема инфо за 97/98, додека 98/99 завршува
четврто место во Ла Лига, исто така освојувајќи го купот. Наредната сезона со Атлетико испаѓа од лигата, но тимот има некои административни проблеми.
Периодот во Челзи му е проследен со две 6ти места, еднаш 4то и последната сезона второ место. Ништо лошо.
Од тука натаму горе-долу ни е познато тоа што се дешава, ама мислам дека фамата за лузерството најмногу се рашири во Рома кога беше тренер и се разбира со Мурињо од другата страна кој јадеше гомна за Раниери во која и прилика да стигне. За разлика него, Раниери ништо нема кажано за ултра лузерската сезона на Мурињо каде што успеа шампионите да ги претвори во тим на 12то место. Него да се вратам на Рома. Рома беше во предност 1 бод пред Интер кога загубија од Сампдорија дома на 3-4 кола до крајот со пресврт и тогаш се створи целиот тој медиумски муабет. Она што сите го забораваат е дека Рома сезоната ја започна со Спалети и тоа на очаен начин.
Со два порази во првите две кола. После тоа ги презеде Раниери и целосно ги опорави. Никој од Рома не ни сонуваше дека за Скудето ќе се борат таа сезона.
Јасно е мислам дека Раниери е просечен, обичен тренер. Ама муабетите дека е вечен лузер стварно се исфорсирани и ако се сака може да се уптребат врз 100 други тренери. Затоа сметам дека потребно е малку повеќе да се отворат очите и на крај краева рака да му се даде за она што досега го направи со просечниот тим на Лестер.