Англиското не е толку ослабнато првенство ко што просечниве mid table екипи се јаки.
Имено, на нам ни се чини дека е падната лигата, но дечкиве играат 38 мн тешки утакмици годишно(посебно гостувањата), плус купови (кај што кон крајот има тврди дуели) и Европа. И мислам дека има голема разлика од гостување кај Њукасл,Евертон,Стоук,Саутемптон,Вест Хем, Вотфорд,Свонси или Палас, за разлика од гостување кај просечна екипа од Франција,Немачка или Шпанија.
Италијаниве по овој план малце заостануваат од енглезите, но и ваму со бункериве има доста мачење у текот на сезона.
И затоа не е чудно кога некоја екипа од германија,низоземска,франција,шпанија натрти некоја англиска екипа. Бидејќи објективно мн поодморени се и мн полаган фудбал играат лабавите екипи у наведените земји. Плус како бонус германциве имаат 1 месечна зимска пауза.