„Не е убаво кога се пишува неписмено ,но сепак не сме во школо,нели?“
Зошто ти писменоста ја сфаќаш само присилно? Зошто на пример не го сфатите форумот, како место каде што ќе можете да ја тестирате и вежбате својата писменост, на школо како сакаш зборувај, кога ќе дојде да бараш работа во некоја реномирана фирма што ќе му речеш? па ова не е школо па писмата да ги пишувам литературно, или пак ова не е школо па со моите клиенти да зборувам литературно, и форумот и училиштето сфати го како место каде што се учиш да бидеш писмен и да го користиш литературниот јазик ама не заради тоа што е со сила така наметнато туку поради тоа што ќе ти потреба некогаш во животот.
Не ми се листаше по темава наназад, но еве овој цитат ќе го издвојам како доста корисен и заслужен за аплауз!
Разгледав повеќе мислења и во основа се сложувам со повеќето кои се против неписменоста на форумот, но би додал и воопшто неписменоста на интернет светов. Сѐ повеќе се пишува на латиница и не се обрнува внимание на граматичка логичност и интерпукциска исправност на напишаното. Ако сакаме нетов да биде сериозно и место за валидни информации и реални дружења, потребно е да се придржуваме кон интернет бонтонот. Исто е и со животот, ако сакаме да биде поубав (меѓу другото и во естетична смисла), потребно е да си го направиме таков!
На блогерај имаше
нававено за иницијативата за поттик на користење на кирилица на интернет, која всушност беше покрената од самите блогери. Целта меѓу другото е и токму сфаќање на блогирањето како високо квалитетно у вредно за внимание, дејствување, дискутирање, информирање и дружење.
Во секој мој пост и на блоговите и на форумов користам исклучиво кирилица и никогаш не ги изоставувам знаците „ ѐ и ѝ“ (ова не е кажано лаички и може да го проверите). Се трудам и за висока граматичка точност бидејќи меѓу другото таа навика ми е во прилог поради активното писателување во последниве неколку години, а и имам голема љубов кон тоа. Како и да е, на сите им е потребна таква навика, секако, доколку мислат дека им е! А на останатите повеќе од било кога досега, им е потребна поголема писменост и сериознозност на форумов, тоа веќе го дознав од неколку повеќегодишни членови овде. Не можев да го увидам бидејќи не бев толку време активен на форумов, но со оглед на досегашната активност, веќе почнувам да го увидувам тоа. Она што ме ужасува на ова поле е и неписменоста на новинарите на медиумските страници по нетов..
И запомнете, неписменост не значи лапнати или додадени неколку букви поради обемноста на постот и брзање, туку граматичка нелогичност и интерпукциска неправилност, а и немарност и одбивност за исправување на истите.
Поздрав!