Неписменоста на форумот

Јас навистина се извинувам ако не сум во право, и мојов пост е крајно добронамерен; можеби неписменост е претежок збор затоа што сепак постои можност да се работи за лапсус ама:

На некому му е потребна помош, откажи се од едно кафе или две кутии цигари.

е потписот на Џену Грл. Колку што јас сум запознаена со македонската граматика, на некому му е некако двојна или тројна определеност. Зарем не е “на некого му е потребна помош“ = “некому е потребна помош“?

Како што кажав, поентата не ми е да ја навредам Џену Грл, ниту пак да ја направам неписмена, туку само да укажам на можен лапсус, кој постои можност да е случаен, да биде поправен . Не дека сум јас безгрешна, ама ова ми боде очи веќе подолго време. Ако јас некому бодам очи, слободно нека ме пријави во темава.
Ако се откажеш од едно кафе и 2 кутии цигари значи дека си помогнал на двајца а можеби и на тројца! :smir:
Тебе ти е потребна помош или не?
 
Чекај, шо ви е сеа муабетот на вас последните двајца... “на некому му“ тврдите дека е исправна форма? Стварно е смешно да се натегаме ама вака реченица не може да стои според мене.

Некому е потребна помош. На некого е потребна помош. Ама тоа у наводниците морам да признаам дека ми е чудно.
 
Ц, на мене само придонесе кон темата и на мене ветува дека веќе никогаш нема да ви упаѓа на вам во на зборот. Фала ви и на вам.
 
Имаш право.

Вториот мајчин јазик ми е руски, па затоа понекогаш интуитивно ќе употребам некој руски збор во текот на разговор на македонски ако тој збор ми звучи природно (т.е. кога истиот корен го има и во македонскиот; на пр. „звање“).

Доколку е таков случајот, добро, и да се обидеш да пишуваш македонски. Но навистина ме иритираат таквите зборови кога се употребени и од личности кои се родени во Македонија и детството го поминале во Македонија. А што се однесува до „звање“, мислам дека и тоа не е збор од македонскиот јазик.
 
„Не е убаво кога се пишува неписмено ,но сепак не сме во школо,нели?:toe:

Зошто ти писменоста ја сфаќаш само присилно? Зошто на пример не го сфатите форумот, како место каде што ќе можете да ја тестирате и вежбате својата писменост, на школо како сакаш зборувај, кога ќе дојде да бараш работа во некоја реномирана фирма што ќе му речеш? па ова не е школо па писмата да ги пишувам литературно, или пак ова не е школо па со моите клиенти да зборувам литературно, и форумот и училиштето сфати го како место каде што се учиш да бидеш писмен и да го користиш литературниот јазик ама не заради тоа што е со сила така наметнато туку поради тоа што ќе ти потреба некогаш во животот.
Не ми се листаше по темава наназад, но еве овој цитат ќе го издвојам како доста корисен и заслужен за аплауз!
Разгледав повеќе мислења и во основа се сложувам со повеќето кои се против неписменоста на форумот, но би додал и воопшто неписменоста на интернет светов. Сѐ повеќе се пишува на латиница и не се обрнува внимание на граматичка логичност и интерпукциска исправност на напишаното. Ако сакаме нетов да биде сериозно и место за валидни информации и реални дружења, потребно е да се придржуваме кон интернет бонтонот. Исто е и со животот, ако сакаме да биде поубав (меѓу другото и во естетична смисла), потребно е да си го направиме таков!
На блогерај имаше нававено за иницијативата за поттик на користење на кирилица на интернет, која всушност беше покрената од самите блогери. Целта меѓу другото е и токму сфаќање на блогирањето како високо квалитетно у вредно за внимание, дејствување, дискутирање, информирање и дружење.
Во секој мој пост и на блоговите и на форумов користам исклучиво кирилица и никогаш не ги изоставувам знаците „ ѐ и ѝ“ (ова не е кажано лаички и може да го проверите). Се трудам и за висока граматичка точност бидејќи меѓу другото таа навика ми е во прилог поради активното писателување во последниве неколку години, а и имам голема љубов кон тоа. Како и да е, на сите им е потребна таква навика, секако, доколку мислат дека им е! А на останатите повеќе од било кога досега, им е потребна поголема писменост и сериознозност на форумов, тоа веќе го дознав од неколку повеќегодишни членови овде. Не можев да го увидам бидејќи не бев толку време активен на форумов, но со оглед на досегашната активност, веќе почнувам да го увидувам тоа. Она што ме ужасува на ова поле е и неписменоста на новинарите на медиумските страници по нетов..

И запомнете, неписменост не значи лапнати или додадени неколку букви поради обемноста на постот и брзање, туку граматичка нелогичност и интерпукциска неправилност, а и немарност и одбивност за исправување на истите.
Поздрав!
 
Неписмени има да ринеш со лопата. Не знаат ни интерпункција да користат (значи нема точки, запирки, за големи букви да не правиме муабет). Таква ни е државата. Мислам дека да имавме збор за она „аааааааааааа“ (т.е. тоа е некој глас меѓу а и у али не е важно) мислам дека на 90% од постовите ќе го имаше и тоа.
Трагично е колку се „писмени“ членовите по форумов (а и не само на овој).
 
Неписмени има да ринеш со лопата. Не знаат ни интерпункција да користат (значи нема точки, запирки, за големи букви да не правиме муабет). Таква ни е државата. Мислам дека да имавме збор за она „аааааааааааа“ (т.е. тоа е некој глас меѓу а и у али не е важно) мислам дека на 90% од постовите ќе го имаше и тоа.
Трагично е колку се „писмени“ членовите по форумов (а и не само на овој).

Ќе ја извадам од концпет реченицата, ако беше воопшто ставена во некаков и сакам да прашам, зошто? Не зошто ни е таква државата, туку зошто ова напишано кога нема врска со темата? Под државата мислиш образовниот систем и неговата функционалност?

Една Македонија од два милиони, ја плукаме за испуштен интерпункциски знак, или неубаво претиснат Shift за голема буква, кога 60% oд американците користат your место you're? Форум е. Забава. Ако сакам и спејс нема да користам. Се` додека не прекршувам правило, индивидуално е изразувањето. А вашата способност за покажување (па и докажување) супериорност, по дома. :smir:
 
Ќе ја извадам од концпет реченицата, ако беше воопшто ставена во некаков и сакам да прашам, зошто? Не зошто ни е таква државата, туку зошто ова напишано кога нема врска со темата? Под државата мислиш образовниот систем и неговата функционалност?

Една Македонија од два милиони, ја плукаме за испуштен интерпункциски знак, или неубаво претиснат Shift за голема буква, кога 60% oд американците користат your место you're? Форум е. Забава. Ако сакам и спејс нема да користам. Се` додека не прекршувам правило, индивидуално е изразувањето. А вашата способност за покажување (па и докажување) супериорност, по дома. :smir:
Незнам со колку луѓе си имал контакт. Незнам колку читаш весници или гледаш телевизија. Јас не зборувам само за форумот. Тоа беше само пример. Погледни ја државава, повеќе од половината од народот незнаат да пишуваат како што треба, дури и писмата што ги испраќаат до државните институции се нејасно напишани. Една реченица е долга 10 реда. За интерпункција да не почнувам. Кога некој прави интервју на телевизија, не е ретко да видиш некој кој склапа реченица како да има 5 години. Почнува со: „Јас сакам да кажам...“, и истата реченица ја завршува со „.. да кажам јас сакам.“. Вакви примери имаш милион. Дури и меѓу професорите на факултет, дури и во државните институции. Многу често ми се случувало кога комуницирам со луѓе тие да не знаат да се изразат како што треба (се вртат во круг цело време со мал фонд на зборови).
Заклучок, писменоста не е само да можеш да куцаш на тастатура, и да пишуваш со молив/пенкало. Тоа е многу повеќе од тоа.
Ако не користиш спејс и интершпункција, дури и на форум знаеш ли каков впечаток оставаш? На неписмен човек. Форумот е за забава, и со тоа што не следиш правопис навистина не прекршуваш правила. Но сакаш да се правиш паметен, да дискутираш. Како очекуваш воопшто некој да те сфати сериозно кога пишуваш како прваче.
Очигледно не е само важно да се трескаат глупости туку и како ќе се трескаат :wink:
 
Често пати го забележувам мешањето на кој и кои

пример:
кој имаат - наместо кои имаат...
 
Не знам. :wink:
Got me there. :wink:
Иако трагичното е што некои професори по македонски јазик во нашата држава сметаат дека незнам се пишува заедно. (и секако шкртаат на писмени работи).
 
Да сакаше повеќе да згреши неможеше...

555555n.jpg
 
Пишувам на форум исто како што и се изразувам во живо, неможам со сила да се правам писмен или да си го менувам дијалектот.
 
Got me there. :wink:
Иако трагичното е што некои професори по македонски јазик во нашата држава сметаат дека незнам се пишува заедно. (и секако шкртаат на писмени работи).

Во контекст со професори, професорката моја по македонски, дојдена од Берово или незнам од каде, тврди дека наместо ,,напиши’’ или ,,избриши’’ литературно е да се вика ,,напишај‘‘ т.е. ,,избришај’’:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom