Ненамерно почнав да ги собирам кутиите од цигари. Прво целта ми беше да ми текне еден ден да избројам колку имам и колку пари сум дала, па демек да ги откажам, да ми се сврти во умот. Ама сеуште не ми дошло така, иако над 6 штеки празни кутии имам (а собирам од неодамна). Сега ги собирам затоа што имам замисла да направам нешто со нив, па не ни ми текнува да пресметам колку пари сум потрошила на нив.
Кога ќе биде готово тоа што ќе го направам со кутиите, тогаш ќе ставам тука слика да видите сите (само немојте да ми рачунате колку пари сум дала за цигари).