На улица по пешачки поминувам со една нога на секое, црно - бело, наизменично. Проблемот е во тоа што чекорот ми е поголем од должината на полето, али си се занимавам, к ме боли дали некој ме гледа и како тоа уопште изгледа од страна.
Не пијам Кока Кола. Ни било што газирано. Ок, Швепс само, али и тоа сеа почнав.
Љубам да лежам во темница. Само да се излежавам, евентуално муабет (што неизбежно преоѓа у церекање). Поубаво ми е да си легнам попладне, да се отспијам човечки и да се разбудам точно кога почнало да се стемнува. Глупа работа, али тој дел од денот повеќе го доживувам како почеток него ли сабајлето.
Џвакам цевки од нескафето или што и да е. Ама цели - цели. По дома тоа, надвор до сеа не ми се десило. Или, пошто не пијам кисела вода, ако некој на маса пие, морам да му соберам лимончето.
Јадам живи шпагети (и макарони).
Сакам тмурно време. Никакво, да не речам. На летен одмор, ако се деси да заврне прва трчам во вода.
Од двете раце ми крцка само еден прст.
Кога се кезам ми се праи дупче само во едниот образ.
И на онакви заби, и на протеза носена, иам еден, единствен глуп заб, и то кец. Не кажувам шо му е, и онака не се приметува.
Мразам свиткани страници од книги и тетратки. Мора да се совршено мазни.
После излегување жива не сум ако не јадам, дали надвор дали дома, сеедно. Као, друштвото, што е една од најбитните работи, и алкохолот, како една од најубавите, сам и храна после. Вага сум, јбг, после една ствар што ми причинува задоволство, сакам друга, одма и веднаш. Разно разни комбинации има, да не навлегувам.
Ако јадам грицки, морам да пијам било што, и морам да имам вода до мене у огромни колични. И шо и да е грицката, ја морам да ја стам прво у пијачката, чисто да пробам како е. Чипс у чоколадно млеко рецимо. Едно или две, не сите.
Не памтам броеви, години, дати и слично. Технички информации никогаш. А случки, цели маубети до зборче, дешавки, настани, по цели денови дури, тоа памтам.
Не можам да спијам со светло. И не можам да спијам на грб, ни случајно. И на десна станувам секогаш. И љубам гола да си седам.
Затворам врати и гасам светла по дома константно. Ме пизди кога не е у ред све.