- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.011
- Поени од реакции
- 1.221
Русија: Западот да не поддржува револуции на Блискиот Исток
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги предупреди САД и нивните сојузници на Западот дека не би требало да поттикнуваат протести и револуции на Блискиот Исток
Протести во Иран
Според него, таквите потези би можеле да бидат контрапродуктивни.
- Убедени сме дека повиците за револуции би можеле да бидат контрапродуктивни. Ние имавме повеќе револуции во Русија и сметаме дека нема потреба да им се наметнуваат на другите. Нема причини Русија да се определува за некоја страна - нагласил Лавров по средбата во Лондон со неговиот британски колега Вилијам Хејг.
Според него, меѓународната заедница би требало да се воздржи од повиците до лидерите и владите на Блискиот Исток и во Северна Африка да им излезат во пресрет на барањата на демонстрантите.
- Само на тој начин можеме да обезбедиме стабилна еволуција во насока што би била од интерес за секоја од тие држави - рекол Лавров, нагласувајќи дека е погрешно да се охрабруваат другите да воведат демократија според некој специфичен образец.
Лондонски „Дејли телеграф“, кој е близок на владејачките конзервативци, го толкува таквиот настап на Лавров како знак дека Москва е нервозна поради народниот бунт на Блискиот Исток. Според весникот, Русија стравува дека бранот на протести би можел да се прошири и во нејзиниот двор, ако се земат предвид големите проблеми со корупцијата и авторитарните власти во земјата.
Во меѓувреме, насилните протести се проширија и во Либија, каде што демонстрантите барале оставка на премиерот Багдади ал-Махмуди. Исто како и во случајот со Египет и со Тунис, повиците за демонстрации биле упатувани преку социјалната мрежа Фејсбук, каде што за денеска се најавени целодневни демонстрации. Интересно е, пренесуваат светските медиуми, што демонстрантите во Бенгази не барале оставка на либискиот лидер Моамер Гадафи.
Покрај Либија, во Јемен и Бахреин веќе неколку дена се одржуваат демонстрации против власта, а ситуацијата зоврива и во Иран, каде што властите најавија протести против лидерите на опозицијата, на кои ќе се изрази незадоволството од нивните акции.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21711923261&id=11&prilog=0&setIzdanie=22209