Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Хехе армијата се труди да си го спаси гзот и угледот во Египет. Мубарак па-па
Проблемот е што ќе дојдат нови, кои со време можат да станат многу полоши и да преставуваат престанок за развитокот на земјите...Паѓаат диктаторчињата
додаток ( видеа)Верските диктатори бараат смртни казни за опзиционерските лидери
Пратеници од иранскиот парламент побараа смртни казни за двајцата лидери на опозицијата во земјата, Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби. Повод за барањата се вчерашните демонстрации на приврзаниците на опозицијата.
Иранската полиција денеска и официјално ја поврди смртта на едно лице при вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Техеран. За бројот на уапсени лица, полицијата не објави никакви податоци. Како организатори на протестните собири иранските власти ја посочуваат опозициската група „Народни муџахедини“, чија централа е во соседен Ирак. Заменик-претседателот на иранската полиција Ахмад Реза Радан изјави дека народните муџахедини се платеници на САД, Велика Британија и Израел. Кетрин Ештон бара од Техеран заштита на демонстрантите
Апел од ЕУ
Координаторот на европската надворешна политика Кетрин Ештон побара од официјален Техеран да го почитува правото на собирање и мирни демонстрации на иранскиот народ. ЕУ со загриженост ги следи настаните во Иран, посебно протестните собири, но и куќниот притвор за водечките опозиционери во земјата, порача Ештон. Таа во писмената изјава уште бара иранските власти да не применуваат сила против мирните демонстранти. Лидерите на опозицијата Мусави и Каруби се имено во куќен притвор уште од минатата недела, а полицијата уапси и повеќемина нивни блиски соработници. Иранската власт блокираше и повеќе интернет страници, што се сметаат за поддржувачи на опозицијата, а ги прекина и телефонските врски во делови од земјата.
Чие е демократското движење?
Власта претходно ги повика опозициските групи да им се приклучат на официјалните манифестации во знак на поддршка за демократското движење во арапските земји. Официјален Техеран протестите во Египет и Тунис ги нарекува исламска револуција по терк на онаа што се случи во Иран пред повеќе од две децении. Но, опозицијата сепак повика на одвоени демонстрации, што беа закажани за вчера, наспроти изричната забрана од власта. Уште изутрината на улиците на Техеран имаше голем број полицајци, изјави еден сведок на настаните.
„Бројот на милиционери е застрашувачки голем, тие очигледно регрутирале и деца, можат да се видат голем број млади момчиња дури и од по 10 или 11 години, кои седат на моторцикли со палки во рацете. И тие ги запираат минувачите и ги прашуваат каде тргнале...“
Храбри демонстранти
Наспроти ваквиот притисок, во Техеран на повеќе места се собраа неколку десетици илјади демонстратни во помали групи. Но, кога се обидоа да формираат протестна колона, полицијата интервенираше и ги растера.
„Не можев повеќе да дишам. На улиците има уште голем број луѓе, кои извикуваат смрт на диктатурата. Милиционерите ги удираат луѓето бесмилосно со електрични палки...“, изјави постар демонстрант.
Ваквата остра интервенција уште синоќа ја критикуваше организацијата Амнести интернешенел, а еден од советниците на опозицискиот политичар Мусави ги оцени протестните собири како голем успех. „Протестното движење живее и ќе продолжиме со натамошни акции“, порача за БиБиСи Ардешир Амир Арџоманд, кој живее во Париз.
DW in der mazedonischen.
Ова ме радува.Почна и во Либија!