Секта некоја, некоја мантра тантра јога мога, владе да го прашаш ќе ти речи ливадарка дека ќе стани уште не стигната до 25 и слично. На крај можда владе и во право ќе излези пошто решенијата кои и ги нудат во насока на осаменост водат само кон изолираност со себството, не со други покрај тебе.
Да не се лажеме дека секој не треба да има одредена цел во животот, да треба, ама на некој со 20 и кусур во газот да му збораш за некое универзално просветлување кога тој некој само сака да излегува и да се журка (да оди по кафани де) шо знам колку е целисходно.
Променати се сега некои работи, порано да можеби женско на 25 и ќе имаше родено или крајно ќе размислуваше за брак, сега до 30 шетаат и дружат, журкаат, инвестираат време во професионален напредок и учат. Умре времето кога грото од нив ќе стават суќна до глужд, ќе тргнат по манастири и ќе се продуховат. Пример.
Не е и идејата барање на возвишена цел, сама по себе, лоша ама не се вклопува во целокупниот муабет на некој кој се јави тука и кажа дека едноставно си сака дружба и се опиша како екстровертна личност која всушност нема кој да ја прати во чекор.
И не, не и е проблем да журка, да излегува, да е меѓу народ (токму тоа и го посакува), проблем и е што нема со кој. На тој проблем не гледа од аскетска природа и не сака да стане пустиник и номад па да и се нуди опцијата продуховеност, целина од едно нешто, дрн дрн дрн, едноставно не и се годините и
особено ситуацијата за таков вид на барање на себе си (
уште помалку желбите).
Но, добро е да се види дека голем дел од луѓето кои го поминале процесот на журкање или процесот на осамнички живот од X причини, иако повозрасни од неа, сепак се во дилема што понатаму?
Човекот е социјално битие, тоа што викаме УРА и дека сме доволни сами на себе не е решение -
туку бегство. Биди сам со себе за личен напредок и за да расчистиш со некои свои демони (ако ги имаш), за да не си терет на пријатели или партнери заради своето јас, но социјализирај се за да останиш читав во главата пошто како што кажа Акцесо може потоа да ти премини во дијагноза тоа самотијата. Е тек тогаш ќе бараш возвишени цели, поголеми, поуниверзални, ќе си ја чукаш главата.
Се' во свое време. Сега нека излегува, дружи, журка пошто сега ако се посвети на самотија и на 35-45 се фрли на журкање ваљда утнала некои работи. Таман е тоа што го бара, искуство секако ќе и донесе, а со тоа и можеби промена на своите навики и очекувања.