Неколку прашања, кои од секогаш ме интересирале...

Член од
20 јуни 2005
Мислења
14
Поени од реакции
0
Отидовме во Охрид на неколку дена. Еден ден решивме наместо на плажа да одиме низ стариот дел на Охрид и да ги посетиме црквите низ Охрид. Прво бевме во Плаошник влеговме во црквата запаливме свеќи и оставивме некоја паричка по иконите. Од тука отидовме на Канео и таму влеговме јас и мојата сопруга. И јас зедов една свеќа од 20 денари за да ја запалиме за нас дваицата, и тој сто продава свеќи ми се обрати цитирам: „Треба да платите влезница или да купите повеќе свеќи немозе со една да влегувате“.
Јас му кажав дека влезница нема да му платам, а ќе оставам пари по икони.
Но од тогаш толку сум револтиран и сум решил повеќе ни денар нема да дадам за најголемите крадци на сопствениот народ.
Само на пари мислат и на нисто друго. За крштевка земаат, за венчавка земаат,за крстење на вода, за погреб земаат, а не прашуваат дали имас или не само дај.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.371
Пола христијани ако не и више не веруваат во црквата.Истите тие + дел од оние кои веруваат во црквата ја немаат прочитано библијта.Сите овие заедно и што имаат прочитано библијата и што ја немаат и што ја почитуваат црквата и што не почитуваат носат крстови и чуваат икони дома мада исус тоа не го сакал.Добар дел (од по секоја категорија по малце) луѓе практикуваат обичиаи и традиции кои врска немаат со христијанската религија.Да ставиш 10 христијани во 10 различни соби секој различно ке ти каже за Исус и за неговото верување мада сите се декларираат како едно исто.Па добро бе мајката знаете ли вие у опште во што верувате? И дали воопшто верувате во некаков си бог или пак ова го сваќате како политичката определба? Нај јако е тоа што и оние христијани што серат за црквата и за поповите пак се венчаат во црква, му бацуваат рака на попот кога ке дојде вода да крсти кај нив дома, и прашувааат попе колку треба? Па чекај бе, нели е тоа твојата религија? Твој бог, твој создател, твој татко зошто јас го имам учено тоа како така.Што не се борите за да ги истребите тие попови ако толку не чинат? Ако ви е толку битно тоа во животот, зошто дозволувате некој да сере по тоа и да си прави профит а?

A повеќето од вас се одлучуваат за најинтересната опција.Си правите селекција, што ми се свиѓа си зиам, што не ми се свиѓа ај не верувам во тоа.И од сето тоа што ја прави христијанската религија тоа што е, вие си го земавте богот кој таа го пропагира, без да знаете што точно тој бог пропагира.Си ги земавте иконите за да имате пред што да се молите, ама во црквата не верувате сите.Се молите за што вас ви треба а не за тоа што тој бог рекол, и се молите пак во црква иако бог ваш ви рекол немојте таму, дома молете се.Си ги славите светците и викате попови за вода светење, а од славење празник освен вино, мезе и мевце ретко кој знае што и како друго да направи.И да, поповите се лоши, не им верувајте на нив.Си почитувате традиции кои се на овие простори уште пред христијанството ама нема везе тоа нели?И за крај серете по атеистите а многу од вас живеат далеку по неморален живот, и сите вие ке одите во рајот без разлика колку грешите пошто он ке ви прости, а ние другите сме сјебани више.Епа ако има бог, нека се скрие некаде пошто јас би се срамел од вас да сум на негово место.
бла блааа долго.... не го ни прочитав досадно во секој случај... како и да е не ме заболе мене кој читал библија кој не кој верува кој не верува.... до таму кај што прочитав нешто попови коренење блаа.... Ми дошло мене да мењам корени на црква и попови ... НЕ-.- како што реков си почитувам религијата и моралните вредности на која таа ме учи! другото не ме занима како да ти објаснам :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Само на пари мислат и на нисто друго. За крштевка земаат, за венчавка земаат,за крстење на вода, за погреб земаат, а не прашуваат дали имас или не само дај.
Само за споредба, во протестантските цркви нема икони, свеќи, крстени водички и сл. За крштевање, венчавање, погреб и сл. не се наплаќа. Црковни ценовници не постојат. Сите богослужби се бесплатни и достапни за секој човек.
Покрај славењето на Бог преку христијански песни и молитвите, најголемиот дел од богослужбите се посветени на поучување од Библијата најчесто во спрега со тековните актуелни настани што не опкружуваат.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас сум син на поп. Немам кола туку имаме една кола само која е купена на старо и вози на плин, јас уште немам возачка, учам на државен факултет до кој што одам со ЈСП, живееме у стан кој до пред неколку месеци прокиснуваше од покривот, заедно со татко ми кречевме по дома пред некој месец, ајвар праевме заедно сите, не сум купил нови фармерки од пред 1 година, носам патики од 600 денари, имам обичен Сони Ериксон мобилен и трошам по 300 денари кредит месечно, не сум бил во странство до сеа а моите само еднаш во последниве 20 години. Заедно со татко ми, собравме цело камионче од стар мебел и алишта и им ги однесовме кај едни сиромашни луѓе кај што тој работи. Знам еден колега на татко ми, поп значи, оди на работа со автобус, нема пари за кола ни на старо. И вие најдовте да зборите од ракав дека СИТЕ попови се арамии и богаташи? Мизерии сте. Сигурно повеќето тука имате повеќе од мене што зборите какви се поповите ова она.

Владиките се друг муабет, не сум запознаен со нивниот живот ама за тоа што зборите попови ова она - срам да ви е. И сигурно има дел од вас кои не сте запознаени со тоа што значи владика, поп, монах, ѓакон и слично па затоа се мешате со термините. Ама за тие што знаат и го зборат тоа - нека ви е со арно со паметот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.903
Само за споредба, во протестантските цркви нема икони, свеќи, крстени водички и сл. За крштевање, венчавање, погреб и сл. не се наплаќа. Црковни ценовници не постојат. Сите богослужби се бесплатни и достапни за секој човек.
Покрај славењето на Бог преку христијански песни и молитвите, најголемиот дел од богослужбите се посветени на поучување од Библијата најчесто во спрега со тековните актуелни настани што не опкружуваат.
Парите од Ју Ес Еј ви ги праќаат или работите прекувремено? :)
 
С

сашенко

Гостин
бла блааа долго.... не го ни прочитав досадно во секој случај... како и да е не ме заболе мене кој читал библија кој не кој верува кој не верува.... до таму кај што прочитав нешто попови коренење блаа.... Ми дошло мене да мењам корени на црква и попови ... НЕ-.- како што реков си почитувам религијата и моралните вредности на која таа ме учи! другото не ме занима како да ти објаснам :)
Христијанството те учи на многу работи пријателе.Вториот дел што не го прочита најверојатно е баш за тоа.Таа е една целина, и ако не почитуваш дел од тоа нешто значи дека не се согласуваш со тоа.Ти си го прифатил богот кој таа го пропагира, а со пола од работите кои следуваат за тој бог ти не се согласуваш.Пола од работите кои треба за тој бог да ги правиш, ти не ги ни познаваш што значи и дека не ги правиш.Епа како веруваш ти во тој бог?Во што веруваш? Дека постои? Епа тоа не е вера бе пријателе.Тој нели рекол многу работи, кој тебе ти кажа за тие работи а? Не и веруваш на црквата така? Епа кој те научи за тој бог и што точно ти почитуваш кај тој бог?Во Исус веруваш нели? Епа црквата пропагира за Исус.Тоа што таа го вели за него го почитуваш ли? Или ти веруваш дека постои некој бог, а тоа што го почитуваш се всушност истите морални вредности кои и ние атеистите ги почиватуваме само што не ги препишуваме на некој бог.Епа тогаш тоа најветојатно и не е Исус.Пошто јасно знаеме кој е Исус и што тој рекол и пропагирал.Ако не се согласуваш со тоа, значи веруваш во нешто друго, а не во Исус.
 
Ако ја почитувам не значи дека верувам!
Верувам во себе и во моите способности. Не ме интересираат религиозни полемики затоа што не ми се достојни ниту пак потркепени со нешто што вреди да се спомнува и дискутира. Едноставно религија е вештачка работа направена за манипулирање народ преку втемелување на морални ставови, мислења и норми. ништо повеќе. муабетот завршува тука.
 
С

сашенко

Гостин
Јас сум син на поп. Немам кола туку имаме една кола само која е купена на старо и вози на плин, јас уште немам возачка, учам на државен факултет до кој што одам со ЈСП, живееме у стан кој до пред неколку месеци прокиснуваше од покривот, заедно со татко ми кречевме по дома пред некој месец, ајвар праевме заедно сите, не сум купил нови фармерки од пред 1 година, носам патики од 600 денари, имам обичен Сони Ериксон мобилен и трошам по 300 денари кредит месечно, не сум бил во странство до сеа а моите само еднаш во последниве 20 години. Заедно со татко ми, собравме цело камионче од стар мебел и алишта и им ги однесовме кај едни сиромашни луѓе кај што тој работи. Знам еден колега на татко ми, поп значи, оди на работа со автобус, нема пари за кола ни на старо. И вие најдовте да зборите од ракав дека СИТЕ попови се арамии и богаташи? Мизерии сте. Сигурно повеќето тука имате повеќе од мене што зборите какви се поповите ова она.

Владиките се друг муабет, не сум запознаен со нивниот живот ама за тоа што зборите попови ова она - срам да ви е. И сигурно има дел од вас кои не сте запознаени со тоа што значи владика, поп, монах, ѓакон и слично па затоа се мешате со термините. Ама за тие што знаат и го зборат тоа - нека ви е со арно со паметот.
Не патат христијаните од поповите, него од нивниот памет.Незнаат во што веруват, не си ја познаваат својата религија доволно и веруваат на се и сешто.Традициите и обичаите уште од времето кога многубошци биле балканциве се препотепени и сега ги викаат христијански и си ги почитуваат сеуште луѓево овде.За еден погреб попот зима 2000ден. за црквата, ама тие што погребуваат трошат минимум уште 500 евра за јадење и глупости и споменици после ставаат од 700евра па нагоре.Е за тоа попот не им е крив, од нивниот памет си патат.Самите си прават работи од кои ги боли главата и им се празни џебот и после се жалат поповите ги краделе.
--- надополнето: Oct 13, 2011 11:32 PM ---
Ако ја почитувам не значи дека верувам!
Верувам во себе и во моите способности. Не ме интересираат религиозни полемики затоа што не ми се достојни ниту пак потркепени со нешто што вреди да се спомнува и дискутира. Едноставно религија е вештачка работа направена за манипулирање народ преку втемелување на морални ставови, мислења и норми. ништо повеќе. муабетот завршува тука.
Незнаеш колку ми е мило што го читам ова сега.Ама ме интересира пошто рече дека веруваш во бог, во кој бог веруваш?Ова што го пиша, многу атеисти го имаат пишано на форумов и ми се свиѓа и ти што си на тоа мислење.Ама и покрај тоа во Исус веруваш?
 
М

Мартин`

Гостин
Верник сум - да но не верувам баш премногу во владики, попови итн.. инаку и таму како и кај сите работи немој да мислите дека нешто многу зимаат обичниве попови се знае таму кој ги собира на крајот парите и си купува бемвиња, вили, викендици итн. Останатите си се просечна плата (ваљда за плата работат) и повеќето си се скромни, инаку во Турција бар ко што знам оџите ги плаќа државата и тоа дебело .. таму уште побетер.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.257
Поени од реакции
4.862
Точно така се вели и во Библијата:

„Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“
(2 Коринтјаните 9:7, Библијата)

Значи ранохристијанските цркви основани од Христос и апостолите немале ценовници. Оние кои донирале донирале исклучиво доброволно!
Донациите биле за службите на црквата, за сиромасите, за сираците, за вдовиците и за потребите на црковните полновремени водачи
E, moi dragi citateli.... parite sto gi davate vie po crkvite, odat vo dzebot na gorecitiraniov.
Bese samo prasajne na vreme koga ce se pojavi.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Убаво си рече едно другарче у основно, кога не прашуваа што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме.

"Мартин, ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?" - "Поп!"
"Зошто?" - "Пошто имаат многу пари"

...
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Испровоциран од последните случувања поврзани со Архиепископот и „неговиот“ (или чив и да е, битно црковен е) Мерцедес од осумдесетина илјади евра, едноставно морав да ја отворам темава. Не навлегувам во детали и прости оговарачки муабети, туку сакам да чујам некакво објаснување. Можеби има некоја логика за овие работи, кои јас сеуште не сум успеал да ги сфатам.

Од секогаш ме интересирало, ама никогаш не сум прашал. И искрено, се надевам дека ќе ми одговори некој поупатен, а можеби дури и црковно лице (затоа што знам дека имаме такви на форумов)...

Ајде, почнуваме со две едноставни прашања:

- Од кога почна црквата да наплаќа влез и дали е тоа христијански? Зар сиромасите не смеат да влезат во црква/манастир?

- Зошто црковните лица возат автомобили од 100.000 евра? Не е некако похристијански да ги пренаменат тие пари за други работи (има еден куп, да не ги набројувам), а да се возат во нормални автомобили (кои исто така добро си ја вршат намената, а чинат 95.000 евра помалку)?
1.Кога одиш во дискотека или кафич плаќаш или кафето само ти слетува на масата?

2.Свештеничката должност што ја извршува Г.Г Стефан е одговорна и бара присутност на терен кој е тешко достапен, калив, и со многу дупки и камења, затоа е одбрано возило со високи перфоманси возило кое непречено ќе овозможи Добрата Вест да стигне навреме.
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Да имам одврзани раце барем неколку часа би им ги искинал гркланите со заби на овие криминалци попој, а овај стефан че го
мачам и че го запалам жив во џипот нов!!!!СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ КАКО ОВАЈ ПОГОРЕ
На шо личи ова бе страм невиден, се каам што кога сум бил мал сум влегувал во тие криминални дувла-цркви!
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
па еднодтавно е ,вртат многу пари а со тоа и добри коли .
Парата го расипува човекот .
над 95 проценти си ја сакаат верата а од нив дали и 10 проценти ги сакаат поповите .да се потсетиме на онаа народната
{ако сакаш да го видиш цовек каков е дај му власт т .е пари .
 
S

Sagan

Гостин
Видете само какви тешки политики бистрат владиците. Па овие бетер од политичките партии у Собрание се...

Изборен контраудар од владиката Петар за архиепископот Стефан

бла бла пари црква бла бла владика бла епархија бла бла позиции
...плановите на архиепископот Стефан се неговиот фаворит, архимандритот Јосиф од Kалишта, да стане викарен епископ на Скопската епархија, додека бигорскиот јеромонах би можел да се најде во улогата на заменик на владиката Kирил, поради неговото пензионирање или да преземе дел од Американско-канадската епархија, во случај на нејзината поделба на два дела. Анализите укажуваат дека ваквиот епилог најмногу би ги зајакнал позициите и влијанието на архиепископот Стефан и на владиката Тимотеј, поради што уследил контраодговор од битолскиот митрополит...
бла бла контраодговор бла бла влијание позиции бла бла пари владика фаворит

Хиени политикантски кои си го кријат лицето зад името господово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom