Dejana напиша:
Jas mislam, odnosno sigurna sum deka dokolku prviot pat mi bide so ljubovta na mojot zivot nikaogas nema da mozam da se otkacam od nego. Odnosno on da me otkaci... zatoa razmisluvam da go napravam so........... barem togas nema toa nesto tolku da mi znaci i ke mozam lesno da prodolzam ponatamu koga ke dojde moment da rascistam so nego. Seriozno razmisluvam da postapam taka no nekako mi treba prvo podrska od nekoj koj pominal niz tie raboti za konecno da se resam.... i da zavrsam veke so toa.... veke stanuva macno ova so nevinosta.. prviot pat bla bla. SEPAK nekoj mora da bide prv neli?
Како прво колку години имаш? Второ: ситуацијата ти е невероватно едноставна само ти си ја правиш комплицирана со тоа што се плашиш. Ако ти само сакаш да си ја изгубиш невиноста со тој “фраерот“ што го зборите за да не останеш повредена на крајот, тоа ти е многу лоша идеја. Не треба да си ја изгубиш невиноста само колку да си ја изгубиш невиноста, да ти мине редот едноставно. Треба убаво да си размислиш со кој сакаш, како сакаш, за да си ја намалиш шансата да бидеш повредена. Во право си дека некој треба да биде прв, но зошто некој кој што ти значи? Не се плаши да бидеш повредена, затоа што сите барем еднаш во животот ќе завршат со скршено срце, но тоа не е причина да бегаме понастрана од љубов. Сигурно ја имаш слушнато познатата изрека: “Подобро да љубам и да изгубам, отколку никогаш да не љубам“.
А сега како што те слушам по муабетот, не би рекла дека ти воопште си спремна за односи, не ни треба да помислуваш на тоа. Би те посоветувала да чекаш, почекај барем една година, кај се брзаш толку? Ако тој типот кој што збориш дека ти е љубовта на твојот живот, ако е тоа така, тогаш тој нема да те повреди. А доколку те повреди, значи не ни ти бил љубовта на твојот живот, а тоа значи дека таа твоја “сродна душа“ која што никогаш не би те повредила (и која што ти ја заслужува невиноста) сеуште ја немаш пронајдено.
Само запомни дека се се преболува. Верувај ми дека ќе зажалиш ако ја изгубиш невиноста со некој кој што не ти значи, посебно ако си ја имала личноста која што многу ти значи до тебе а не си искористила шанса. Можеби на почетокот ќе бидеш разочарана, али после 5-10-15 години нема ни да ти биде многу битно кој ти бил првиот, али зошто да не биде некој кој што ти значи? Зошто да не си имаш еден убав спомен од него?
Али крајна точка: воздржи се додека уште малку не созрееш и не почниш да ги гледаш работите од друг агол. Не си психички доволно возразна за да направиш ваква одлука (ова го викам без никаква навреда), така да размисли си убаво и не брзај, никој не ти бега, имаш уште многу време пред тебе.