Мене една работа ми е многу интересна околу видовњаците.
Зошто никој од нив не предвидел нешто корисно, нешто со што би им помогнале на луѓето?
Ете на пример, пред неколку години исчезна девојче во Мариово, мислам во Дуње дека беше, полициската потрага беше неуспешна и дури по некое време најдоа само остатоци од телото. Како покрај толку видовити луѓе, ниеден од нив не откри што е со девојчето? И не е само тоа девојче, во земјава секоја година исчезнуваат деца, а во светот ги има илјадници. Каде се гатачите и бајачите да ги пронајдат тие деца, или да ги разрешат илјадниците нерешени убиства, кражби, силувања и слични злосторства? Или уште подобро, зошто не ги спречат сите тие настани? Нели се видовити, нели имаат моќ да ја предвидат иднината? Зошто никој од нив не го предвиде земјотресот во Скопје во `63, зошто никој не ги предвидува стотиците земјотреси, поплави и урагани по светов? Илјадници животи би биле спасени.
Наместо тоа, видовњаците "предвидуваат' работи кои многу лесно може да се дознаат како на пример, каде имало турски гробишта, или па тотално неодредени работи во кои секој би можел да се пронајде како на пример, имаш црна душманка, некој ти мисли лошо, несречна си била, имаш неки документи, све че да се реши (поздрав до тетка Сабинче) и слични бескорисни глупости. Мижи Митре тулумби паѓаат.