Си се опуштам најмеланхолично, мавам еден жежок туш, натегнувам пиџами, си барам топло млекце, се истегнувам на долго и на широко, си пуштам чилче, си се ќуфнувам под топло ќебенце и секако читкам додека сонот тивко и нечујно не ми ги затвори страниците. . .тоа е варијанта на екстремна истоштеност. Инаку, состојба на блчаг замор манифестирам со за околината чудни, а признавам и за мене недоволно објаснети нагони да одам да се слајам и негде да скитам без цел колку да се движам, за да се доуморам...понекогаш и добро ми иде да дојдам до ризичната точкица кога почнувам да титкам со единствена порака на избледеното дисплејче: battery low!!!