Темава е закон значи!
Е сеа јас да си кажам, шо ми се случи пред некој ден. Седиме со другарки на кафе, и беше дојден братучед на една од другаркиве. Имуабет ова она се, помина кафето. Другиов ден другаркава ми вика братучед ми те бендиса, а претходно праевме нешто муабет за работа, си барам јас работа. И типов ме додава на фејсбук, и јас го прифаќам.
И почнува да ми врти некој муабет, демек прашав кај мене во маалото во една продавница бараат продавачка. И јас нормално му викам дај кажи ми број телефонски од газдите или улица кажи ми, да појдам. И ко ми се запна машко, не бре шо дека че ти дам број нема да се разбериш убо по телефон, дај јас че дојдам утре че те земам и че те однесам. И сеа од култура не знаев како да го одбијам му викам ама сакам овие работи сама да си ги бркам.
Ама не ми вика, нема да се снајдиш, че дојдам че те земам че те однесам че прајш муабет.
И би помина тој муабет ај, а иначе јас иам и моментално работа ама си барам друга, и го гледам ми дошол на работа
, и арно шо можев да забушавам и да забегам да не се сретниме. Па после следеа муабети од типот: јас дојдов кај тебе на работа оти ми се скри, си купив цвеќе од кај тебе ако?
По патетично не можи да биди...и крај краева срам не срам и реков на другаркава прибери си го братучед ти мн е напорен.