Хммм... еднаш во школо... помеѓу два часа, со мнооогу деца околу... јас бев на едниот крај од школскиот ходник, а тој на другиот... и нешто ме "удри" и почнав да трчам и да се дерам на цел глас:
"I love you baby, and if it's quite allright
I need you baby to warn a lonely night
I love you baby, trust in me when I say..." итн...
И трчав, трчав, така и кога му се џитнав со сета сила во прегратка, за малце ќе падневме ама за среќа успеа да ме додржи... И така се гушкавме и се вртевме неколку минути
...абе филмови!
Не е нешто не знам колку храбро... ама лудо е
Ааа да. Уште нешто. На истиот дечко, еднаш на пијано му понудив брак. :kesa: И он беше пијан, сите околу беа пијани. Инаку бевме пред некоја летна дискотека, и тука се најде една другарка, ни рече дека ќе не венча. И така пијана другаркава почна да се дере "Вооо доброоо и злооо, на пијанооо и трезнооо ги венчавам овие млади чеда божји..." и ред глупости изнатреска, милион луѓе околу ни се прснаа од смеење, па после пошто немавме прстени си разменивме некои гранчиња и младоженецот ја бакна невестата