Читајќи ве, се засрамив од себе, затоа што испаѓа дека и немам нешто храбро направено во име на партнерската љубов.
Сум се жртвувала итекако кога се работи за пријатели, социјална неправда, идеал..но, не и за партнер:kesa:
Веројатно сета недовреба која одамна ја носам во себе, во комбинација со стравот дека ќе ми го повредат достоинството, ме прави прилична кукавица кога се работи за партнерски односи.
Некако ми е секогаш полесно да правам "екстремни" нешта кога се работи за некоја општа идеја, група на луѓе, итд. отколку кога се работи за љубов кон дечко