- Член од
- 8 октомври 2008
- Мислења
- 1.686
- Поени од реакции
- 20
Тео Волкот.
Респекат за Капитениот и најфер играчот :helou:Гордоста на Реал: Раул ќе го одигра 500-тиот меч, а до сега не добил ниту еден црвен картон
Напаѓачот на Реал, Раул Гонзалес на гостувањето против Мајорка би требало да го одигра 500-тиот натпревар во дресот на "кралскиот фудбалски клуб".
Се подготвува уште еден одличен јубилеј за фудбалерот чија беспрекорна играчка кариера во мадридски Реал трае 15 сезони и преку која ги сруши речиси сите рекорди кои можеа да се срушат.
Еден од фактите е дека на 499 лигашки мечеви за Реал не доби директен црвен картон ниту два жолти картони во ист натпревар. Во повеќе ситуаци шпанските судии го истакнуваа "кралското" однесување на одличниот напаѓач, кој речиси никогаш не протестира.Во 15-годишната кариера заработи само 22 золти картони, а рекордер е и по бројот на мечеви без жолт картон во низа: застана на бројката 80!
Повеќе од 500 мечеви во шпанската лига одиграле само пет фудбалери, од кои двајца се голмани: Зубизарета (Атлетик, Барселона, Валенсија), Еусебио Сакристан (Барселона), Бујо (Реал Мадрид), Санчис (Реал Мадрид) и Солер (Еспањол, Валенсија).
Во 499 меча постигна 221 голови и до клупскиот рекорд на Алфредо ди Стефано го делат само уште пет голови. За лигашкиот рекорд на Заре, напаѓачот на Атлетико Билбао во текот од четириесетите и педесетите години од минатиот век му требаат уште 40 голови.
"Постигнувањата на Раул се навистина неверојатни. Ако го одминат повредите сигурен сум дека кариерата ќе му трае уште многу долго, доволно за да ги сруши сите рекорди кои потојат" - изјавил тренерот на Реал, Хуанде Рамос.
Секоја чест!