Johnny Stulic напиша:
Знам дека за најфер играч беше и турски играч ако се сеќава некој на голот на влаовиќ на светското 98 за пласман во полуфинале кога турскиот одбранбен играч(не ми текнува сега на името) кога го имаше на фаул на 30 метри меѓутоа го остави слободно да влезе и да ја пласира хрватска.
Aлпај Озалан... Човекот кој во 60 утакмици за Турција имаше дадено само еден гол а нас на една ни стегна 3.
Инаку за
Ди Канио... Најфер играчот во својата кариера покрај салутирањето во фашистички стил е познат по инцидентот од 98-ма кога на еден натпревар во Англиската премиер лига го турна на земја судијата Пол Алкок. Додуша деденцево изгуби рамнотежа повеќе одошто беше силно туркањето, ама поентата ми е дека секој добар играч кој горе долу бил фер, во својата кариера имал моменти на исклуч.
Еве на пример...
Зинедин Зидан, иако имал повеќе исклуч моменти, претставувал голем играч, голем спортист, вистински пример. Кариерата ја заврши (можниот излет во Америка не го земам воопшто во предвид) како глупав пацер наместен од еден лукав идиот...Барем да му закачеше кроше на глупакот... (види подолу)
Марко Матераци... е ова е фер човек. Би ви донел цвеќе на гробот ако ви скине врат за време на утакмица.
Ривалдо - нема потреба да зборувам за неговата големина. Како навивач на Барселона сум уживал секогаш во неговата игра. Сепак го паметам моментот кога на СП 98-ма ми се чини беше, во натпреварот помеѓу Бразил и Турција еден турски играч ја шутна топката и го погоди во нога при еден прекин на играта, а Ривалдо го покри лицето со рацете и падна на земја како ранет македонски херој од битката кај Херонеја... турчето доби црвен картон. Турција го испуши на утакмицата. А добро играа...
Диего Марадона - Имаше убиствена левица, божја рака, надбожен талент и бел нос. Порано се одликуваше и со јокозуна стомак и Еминем фризура, али се врати (колку -толку) во нормала.
Ерик Кантона - Лоб-мајстор. Лидер. Обожавател на Брус Ли.
Ги има доста. Големите се паметени и по добро и по лошо. Нема апсолутен фер играч. Има само фер моменти кои ги забележуваме и нефер моменти кои не ги забораваме.
п.с. Да не го заборавам
Харалд Шумахер, голманот на Западна Германија кој во 86-та година на СП во Мексико замалку да го уби напаѓачот на Франција, Батисон. Со намера.
Бил ѕвер голман. Али на апчиња веројатно