Најубавите стихови во Библијата

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.008
Поени од реакции
1.054
*Кога ставате псалм, прикачувајте го цел!"
Псалми 61
Ништожноста човекова
Само во Бога успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна Карпа и прибежиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште. Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! Не верувајте во насилство и не посакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.008
Поени од реакции
1.054
Лука 12:1-6
Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг – Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, кој е лицемерие. Нема ништо сокриено што не ќе се открие или тајно што нема да се дознае. Затоа, она што сте го рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и она што сте го шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите. А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат. Ќе ви покажам од кого да се плашите: плашете се од Оној Кој, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се! Зар не се продаваат пет врапчиња за две асарии? И ниедно од нив не е заборавено пред Бога.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
2 Коритјаните 3

1. Пак ли ќе почнеме сами да се фалиме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?
2. Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, кои го познаваат и читаат сите луѓе;
3. вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето.

.....
6. Он ни дал способност да бидеме слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.251
Поени од реакции
12.265

Извадок од „Clavicula Salomonis Rex" или „Клучот на Кралот Соломон“.

1737138906224.png
אדני יהוה

„Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;
За да не рече мојот непријател: „Го надвив!”. “
- Псалм 13


 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.557
Поени од реакции
3.348
И видов кога од устата на змејот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби (Откровение 16:13)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom