Најубавите стихови во Библијата

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.123
Поени од реакции
1.191
*Кога ставате псалм, прикачувајте го цел!"
Псалми 61
Ништожноста човекова
Само во Бога успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна Карпа и прибежиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште. Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! Не верувајте во насилство и не посакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.123
Поени од реакции
1.191
Лука 12:1-6
Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг – Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, кој е лицемерие. Нема ништо сокриено што не ќе се открие или тајно што нема да се дознае. Затоа, она што сте го рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и она што сте го шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите. А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат. Ќе ви покажам од кого да се плашите: плашете се од Оној Кој, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се! Зар не се продаваат пет врапчиња за две асарии? И ниедно од нив не е заборавено пред Бога.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.164
2 Коритјаните 3

1. Пак ли ќе почнеме сами да се фалиме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?
2. Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, кои го познаваат и читаат сите луѓе;
3. вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето.

.....
6. Он ни дал способност да бидеме слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.336

Извадок од „Clavicula Salomonis Rex" или „Клучот на Кралот Соломон“.

1737138906224.png
אדני יהוה

„Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;
За да не рече мојот непријател: „Го надвив!”. “
- Псалм 13


 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.608
Поени од реакции
3.418
И видов кога од устата на змејот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби (Откровение 16:13)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.164
Еден од најубавите стихови ... многумина нема да го разберат.:)

3 Ездра 1

5. <„Оди и кажи му ги на Мојот народ неговите лоши дела и на нивните синови беззаконијата, што ги направија против Мене, за да ги известат синовите од своите синови, 6. зашто гревовите на нивните родители се намножија во нив: откако ме заборавија, тие почнаа да им принесуваат жртви на туѓи богови.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
910
Поени од реакции
1.428
Romans 8:11

The Spirit of God, who raised Jesus from the dead, lives in you. And just as God raised Christ Jesus from the dead, he will give life to your mortal bodies by this same Spirit living within you.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.123
Поени од реакции
1.191
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече:
„Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови;
15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот:
16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил:
17‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа.
18И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад.
20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
21И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него,
23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте. 24Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам. 26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;
27зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден.
30Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека ќе Го подигне Христос од плодот на неговите бедра на престолот Свој,
31предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.
32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци.
33И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате.
34Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35додека не ги поставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
36И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.795
Поени од реакции
5.211
Свето евангелие Јован

16 - 22. Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
910
Поени од реакции
1.428
ИСАИЈА 53
б. Господов Слуга: презрен и отфрлен

1„Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?“ 2Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал. 3Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
в. Слуга во Божји очи: полна победа и слава

4А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. 5За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. 6Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
г. Негова смрт во човечки очи: неуспех и пораз

7Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. 8Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. 9Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.

д. Негова смрт во Божји очи: полна победа и слава
10Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него. 11Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе. 12Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.608
Поени од реакции
3.418
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече:
„Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови;
15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот:
16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил:
17‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа.
18И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад.
20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
21И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него,
23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте. 24Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам. 26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;
27зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден.
30Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека ќе Го подигне Христос од плодот на неговите бедра на престолот Свој,
31предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.
32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци.
33И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате.
34Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35додека не ги поставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
36И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
Иако е текстот на македонски искршив и заби и јазик и внатрешниот глас ми се поремети додека го прочитав текстот до крај..Така е преведен да нема никаква енергиска вредност и ако работата е само колку да го има тогаш целта е постигната..Преведувачот е доста поетичен и ,,душа дава" за некој иден конкурс на струшките вечери на поезијата..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom