„Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град!
Не слуша глас, не прифаќа поука, не се надева на Господа, не се приближува до Својот Бог.
Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови – вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска.
Пророците негови се луѓе лесномислени, неверни; свештениците негови ја осквернуваат светињата, ги газат законите.
Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам.“
- Пророк Софонија