- Член од
- 9 јануари 2021
- Мислења
- 994
- Поени од реакции
- 1.020
*Кога ставате псалм, прикачувајте го цел!"
Псалми 61
Ништожноста човекова
Само во Бога успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна Карпа и прибежиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште. Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! Не верувајте во насилство и не посакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови