Во Notebook беше одличен според мене, со оглед на тоа дека му беше прва голема улога и во еден дел од филмот глумеше човек повозрасен и позрел отколку што тој може да биде самиот на 24 години. Исто имам пишувано и предходно дека за делот во кој глуми осаменик, земал шатор и заминал во планина некој месец за да се подготви за улогата. Ова одамна го прочитав после Notebook и ме заинтересира затоа што тоа е знак на врвен професионализам, ќе се сложиш.
Е сега, имам изгледано скоро се со него. Ѕирни ги All Good Things, во кој игра потешка улога, потоа Drive и Ides of March. Во сите нив има сериозни улоги и мислам дека одлично ги сработи. Исто би требало да има тешка улога во Blue Valentine ама мене филмот не ми фати око и го исклучив. Мислам дека ќе биде сериозен актер од него.