Најпотценети и најпреценети актери/актерки?

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
И тоа да видиш Сандра Булок да добие Оскар :P (а позната по лесни улоги во комедии, романтични, и по некоја акција). Никогаш нема да знаеме колку некој/а актер/ка може добро да оглуми се додека не се најде некој режисер кој ќе им даде шанса во добар/сериозен филм и ќе го извади максимумот од него/неа. На пр. Хит Леџер познат беше по тинејџ филмови, никој не веруваше дека ќе може да одглуми така добро еден лик како Џокерот ама под палка на Нолан...
Значи според ова и Анистон и Меган Фокс можат да добијат оскар, само треба да се најде режисерот со правиот филм?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
Значи според ова и Анистон и Меган Фокс можат да добијат оскар, само треба да се најде режисерот со правиот филм?
Не гледам зошто не, само оти се убави does not necessarily means дека незнаат да глумат.
Некои си ја ориентираат кариерата кон блокбастери дека е посигурна варијанта и таков имиџ веќе имаат изградено. Слично мислење пример еве имав за Charlize Theron. Се додека не го изгледав Monster. Мене ми е сега најдобра женска глума ever!
Значи не само до режисерот, туку донекаде и филмот и ликот што треба да го одглумат.

пс Сандра не ми ја чепкајте, незнаете колку спамирав во оскари темата. Само јас навивав. :icon_lol:
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Значи според ова и Анистон и Меган Фокс можат да добијат оскар, само треба да се најде режисерот со правиот филм?
A Рис(и) Витерспун? А? :) Некои такви романтични лесни филмчиња , ја земаа во биографскиот за Џони Кеш и оп - оскар! И после тоа пак им се врати на таквите филмчиња и улоги од типот некоја девојка за која се тепаат двајца.​
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе ок до некаде и се сложувам со тоа дека на секој треба да му се даде шанса во некој сериозен филм да се види до кај ќе ја истера работата.
Има многу такви примери, кои од ром-ком филмови, направија еден сериозен и сите награди ги собраа за таа година.
Само што знам искрено после Пријатели и триста слични филмови на тој, едноставно неможам да ја замислам Анистон во сериозно улога.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
BTW Колку лошо измутира оваа , као тинејџерка беше многу слатка сега има некоја коњеста фаца :unsure: како Сара Џесика Пaркер. :LOL:
Да, беше многу слатка, мислам дека главниот проблем освем нормално самиот физички развој, е во самата боја на косата. Далеку подобро би и стоела црна/црвена коса :)

A за глума, и нема рамна во моментов, кој што сака нека каже, I don't care. Се додека не ја изгледате Homeland (што знам дека многу ја избегаваат заради омотот/постерот на Imdb дава погрешна престава) мислам дека неможете да коментирате со факти за глумата (зборам општо не за тебе) Mindblowing performance....напредната е многу, ја донесе серијата на доста повисоко ниво од што заслужува.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Само што знам искрено после Пријатели и триста слични филмови на тој, едноставно неможам да ја замислам Анистон во сериозно улога.
Еве ти најнов пример, Џона Хил дебелион од Супербед и еден куп други такви комедии , сега има номинација за Оскар. Кога може он не гледам зашто не и гркинкана. :)

Од IGN :
...
while we now live in a world in which
Jonah Hill
has been Oscar nominated.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Џона Хил отсекогаш ми бил толку антипатичен. Го немам изгледано во Манибол, ама како појава е страшно антипатичен.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Џона Хил отсекогаш ми бил толку антипатичен. Го немам изгледано во Манибол, ама како појава е страшно антипатичен.
...и не само он, новава генерација "комичари" што ги гледам(е) по денешниве "комедии" (Сeт Роџен, Овен Вилсон (и брат му), Вил Ферел, Мајкл Сера, Зак Галифаинакис (или како и да му беше презимето) Џек Блек....и на овие додај ги Адам Сендлер, Бен Стилер, Кевин Џејмс...) немаат никаков шарм, или си рамнодушен кон нив или ти идат на нерви...а треба да ги "заменат" на едни Бил Мареј, Чеви Чејс, Џон Кенди (RIP), Стив Мартин, Еди Мaрфи итн....
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Е ок во глобала ти се сложувам, ама Адам Сендлер, Бен Стилер и Овен Вилсон неможеш да ги ставиш во ист ќош со другиве. Сепак знаат и да насмеат некогаш овие за разлика од другиве. Имаат неколку интересни комедии иако за да ги стасаат Стив Мартин и компанија треба уште муви да лапаат.
И добра е мислев дека само јас неможам да го замислам Зак Галифанкис,.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
У задње време тоа што ме пизди е преценување на еден вид на глум(и)ци во т.н. комедии/драми. Гослинг, Џастин Тимберлејк - типови кои се појавуваат у секоја ебана комедија - ко некој богат роднина да им цркнал и им остаил пари за да ги покријат сите трошоци за нивните новоштанцани филмови. Исто би ја стаил и Камерон Дијаз - мислам ништо посебно не е, заедно со Мелани Грифит. Ма скоро секој во главна роља во горенаведениве филмови во масовна продукција.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485

Не ги ставај Гослинг и Тимберлејк во една реченица жити се :)
Воопшто и не глуми во комедии освен сега една улога што имаше во Крејзи Стјупид Лов, има повеќе сериозни улоги кои одлично ги одработи.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
У задње време тоа што ме пизди е преценување на еден вид на глум(и)ци во т.н. комедии/драми. Гослинг, Џастин Тимберлејк - типови кои се појавуваат у секоја ебана комедија - ко некој богат роднина да им цркнал и им остаил пари за да ги покријат сите трошоци за нивните новоштанцани филмови.
Озбилно ги споредуваш?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Го глеав у Ноутбук. Слабо ми изглеаше као да ги читаше зборовите од скрипта или као што би рекол еден другар као Фреди од Скуби ду цртаните (не можам да ти опишам сликовито но отприлике некако така). Во крејзи стјупид лов не е лош но не му давам многу. Е сеа за другиве уште го неам забележано, но ме нервира тоа што после овие два некако превише се појавува (се омасови многу брзо). Или јас у заблуда сум? Поправи ме, стварно не го пратам многу ама од овие 2 ништо понапред не ме има однесено кај овој. Не е као рецимо камбекот на Дауни Џуниор, кој има bad ass trolling face на повисоко ниво.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Во Notebook беше одличен според мене, со оглед на тоа дека му беше прва голема улога и во еден дел од филмот глумеше човек повозрасен и позрел отколку што тој може да биде самиот на 24 години. Исто имам пишувано и предходно дека за делот во кој глуми осаменик, земал шатор и заминал во планина некој месец за да се подготви за улогата. Ова одамна го прочитав после Notebook и ме заинтересира затоа што тоа е знак на врвен професионализам, ќе се сложиш.

Е сега, имам изгледано скоро се со него. Ѕирни ги All Good Things, во кој игра потешка улога, потоа Drive и Ides of March. Во сите нив има сериозни улоги и мислам дека одлично ги сработи. Исто би требало да има тешка улога во Blue Valentine ама мене филмот не ми фати око и го исклучив. Мислам дека ќе биде сериозен актер од него.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Го глеав у Ноутбук. Слабо ми изглеаше као да ги читаше зборовите од скрипта или као што би рекол еден другар као Фреди од Скуби ду цртаните (не можам да ти опишам сликовито но отприлике некако така). Во крејзи стјупид лов не е лош но не му давам многу. Е сеа за другиве уште го неам забележано, но ме нервира тоа што после овие два некако превише се појавува (се омасови многу брзо). Или јас у заблуда сум? Поправи ме, стварно не го пратам многу ама од овие 2 ништо понапред не ме има однесено кај овој. Не е као рецимо камбекот на Дауни Џуниор, кој има bad ass trolling face на повисоко ниво.
Ако го судиш според Ноутбук и Луда, глупава љубов, значи ништо не си гледал од него. Отвори негов ИМДБ профил па симни си негов филм. All Good Things прв нека ти биде на листа. Тоа е една од најдобро одиграните машки улоги на платно кои јас сум ги видела. Секоја му чест.

Да ти кажам уште поискрено па споредбава со Роберт Дауни Џуниор нема никаква врска со муабетов. Дауни е човек со завидна кариера, а Гослинг е актер кој ги добива своите пет минути сега. Не го форсира Холивуд, туку печатот. Има голема разлика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom