Ми иде сликата кога Нант даде гол во последна минута. Кога Mилан му пушти на Лил на домашен терен зашто BET&WIN им е главен спонзор.
Кога сме кај BET&WIN би сакал да истакнам до колку е забегана целата работа. Имено BET&WIN ги имаат ангажирано најдобрите 20 психолози кои за задача имаат да прават профили на играчи заразени со оваа игра. Што играат, што очекуваат, што би сакале итн. ти влегуваат во психа бе мамчето нивно.
Добро, затоа и не случајно е дека една кладилница како што е BET&WIN е посилна финансиски од еден гигант како што е ОПЕЛ.
И ние сега сакаме да ги победиме!?
Уствари, од друга страна па кога малку ќе размислиш и не е се така црно.
Имено, јас сметам дека оваа игра е најфер КОМАР од сите други.
Значи они ти даваат три типа или шанси 1, 0 и 2 па ти повели. Уствари има и многу други комбинации од типот на вкупно голови, прво-второ полувреме и секакви други глупости ама воглавном 1 0 2 се стандардните.
Е сега која е нивната предност? Они, имаат повеќе информации од нас играчите. Значи, имаат увид кој што уплаќа, каде може да изгубат многу пари итн. И според тоа они реагираат. Пред утакмица, на полувреме, на крајот од утакмицата итн.
Па тие имаат цели првенства под нивна контрола. На пример, португалското првенство е под целосна контрола на BET&WIN. Демек се спонзори на лигата.
Ама сепак и покрај се останува дека ова е досега најфер комар.