Најекономично греење и ладење

Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
735 w/h на овие температури за 16м2 е страшно лош просек и далеку од економично. Мило ми е што има вакви објективни постови а не само маркетиншки, спреми се за тешки обвинувања...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Не се плашам од обвинувања, сум го направил својот избор врз база на своите истражувања. Не мислам да го бранам мојот избор, пораснав пред 20 години. Сеуште немам ниту целосна претстава што купив, за тоа ќе треба да помини едно зимо. Уште еднаш ќе повторам, не сум овде да напаѓам ниту да фалам нечии јапонски или кинески корпорации во кои немам акции, туку да учествувам во конструктивна дискусија со споделување на точно измерени податоци. Верувам многумина ќе ги најдат моите податоци за релевантни и корисни. На пролет ќе донесам суд што сум купил и дали ги вреди уредов парите. Колку за информација, на хартија беше одличен, скоро без конкуренција.

Изгледа дека има огромни загуби? Нека каже членот..
Пишав во претходните пораки, не сакам да се повторувам. Јас имам големи топлотни загуби, веројатно и огромни. Но тука има нешто што не и е јасно. Ти имаш исто така куќа без изолација, грееш 5 пати поголем простор и трошиш помалце. И двајцата имаме ПВЦ и немаме изолација. Ти успеваш да згрееш 1м2 со 7.95W, мене ми се потребни 45.8W. Пресметката кажува дека ти имаш 5.778 пати помалку топлински загуби. Малку ми делува нереална бројкава твоја и би ми била логична доколку топлиш 30м2 во целосно изолиран стан со 3 внатрешни зида и 1 надоворешен, односно гарсоњера обиколена од сите страни со станови во кои се топли со парно. Јас живеев порано во изолиран стан и можам да кажам дека станот има 3пати помали загуби од куќата, но според бројкиве што ги кажуваш ти, твојата куќа има 2 пати помали загуби од квалитетен и изолиран стан. Со други зборови, не ти верувам.

Во моментов не се плашам од бројката 735w/h за ова време од годината, повеќе ме плаши честиот дефрост што го правеше изминатите денови како и тоа што (на рака) климава немаше жежок издув, но тоа ќе се провери со термометар со жица и ќе бидете повторно известени, веројатно и со видеа и слики.
 
Член од
5 ноември 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14
sega sum pak na pocetok pominav voTEHNO KLIMA mi ja ponudija kako dobra klima so Hitaci delovi HISENSE AST-12UW4SVETG-10 so kompresorASM89D18UFZ GMCC mi treba pomos vas za klimava
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Kaj mene toshibata inverter stara 15tina god so r22 poslednive 5-6 dena vadi nekoj prosek okolu 700-750w zagreva 45tina m2 na 23c ,partizanski prozori i sfrj fasada vo zgrada. :v
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
~10W по квадрат е многу нормална бројка. 45W ако трошам според твоиве пресметки за 80кв ќе дојде 2600kwh месечно. :) А тоа е толку многу што неможе ни да се замисли, 12000 денари месечно за Октомври. За јануари колку би ми дошло тогаш? :) 30000? Ја согледуваш нелогичноста се надевам. Сметката ми беше 3800 се на се а не 15000. :)

Јас само фино објаснив како е кај мене и како е релативно нормално да биде.

Kaj mene toshibata inverter stara 15tina god so r22 poslednive 5-6 dena vadi nekoj prosek okolu 700-750w zagreva 45tina m2 na 23c ,partizanski prozori i sfrj fasada vo zgrada. :v
Многу блиску со моите бројки на пример е и ова.
 
Член од
5 јануари 2010
Мислења
195
Поени од реакции
154
Бев видел банирани членови, но не и банирана тема :)

Јас да го споделам моето искуство со Gree Hansol -20, што го имам веќе 20 дена. Model HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D, со цена од 40к.
Еnergenie ставив на 13.11.2017.
Oд 13.11.2017 до 01.12.2017:
-потрошени се 222KWh.
-климата е работена 302h
-во просек климата трошела 735W/h.

Првата недела беше многу топло (5-15 степени), сетпоинт беше 23 степени. Просекот изнесуваше 435W/h.
Втората недела заладе, температурата падна 10тина степени, но пак имаше доста топли денови. Просекот рипна на 670W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Третата недела беше повеќе ладна отколку што беше топла. Просекот дојде до 735W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Собата е 16м2, опишана е во некоја од моите претходни постови.
Се гаси навечер, но штом ќе залади прописно ќе работи 24 часа.
Позитивно изненаден од инвертерот, може да намалува или зголемува потрошувачка за 2W, многу прецизно.
Немам видено баг досега.
Поприлично тивка надворешна и внатрешна единица.
Ме изненади негативно што минатиов понеделник и вторник (27.11.2017 и 28.11.2017) климата често одеше во дефрост. Времето беше околу 0 степени и влажно. Забележани се 6 дефроста, што значи најверојатно биле околу 8 во целиот ден. Климава треба да има 2 греачи? Зошто се уклучува дефрост толку често и на овие не толку ниски температури?
Во досегашната работа не сум видел климава на издув да дава многу жежок воздух, дури и кога на усис е 23, а сетпоинт 30. Порачав сензори за температура со жица па во иднина ќе правам и такви мерења. Мое субјективно мислење е дека на издув најмногу дaваше 45 степени при усис 23 и надворешна 0. Ова е засега шпекулација, вистинскиот резултат ќе биде документиран со инструменти.
Колку за споредба, другaта инвертер Vivax која работи само делумно по неколку часа во ладна соба (Vivax ACP-18CH50GEI со Sanyo C-6RVN93H0V компресор.) во истите денови не влезе во дефрост( a нема ни греачи), дува потопло, побрзо загрева и повеќе троши. Оваа клима ја тера својата 10та зима и надворешната единица никогаш не е чистена.
Друг чуден момент ми е логикава на климата. Работеше на 27 степени сетпоинт, и трошеше во моментот 1800W. Ја зголемив на 30 степени сетпоинт, аутофанот ја зголеми брзината но потрошувачката падна на 1700, што значи климата не се ни потруди да повлечи повеќе енергија за да даде повеќе топлина. Лично очекував да повлечи 2400W или колку и да и е максимумот.

Според она што го разбирам за климиве во овој момент, мислам дека може сите клими да се споредат на едноставен начин и да се избегне моментот со околината (топлински загуби). Треба да се направи тест при што се запишуваат параметрите:
1. надворешна температура. (климава го има тој податок)
2. температура на усис (климава го има тој податок)
3. температура на издув. (порачан мерач за температура)
4. моментална потрошувачка. (energenie)

Значи ќе видиме колку се загрева воздухот (delta Т) и колку струја (delta W) се троши за тоа да се направи. И притоа, најважно, на која надворешна температура се прави истото.
Bate i kaj mene pravi defrosti ako ja forsiram mnogu inace jas gream 45m2 plus hodnik kupatilo i spalna po potreba do kaj 75 m2 merev na izduf so obicen termometar dava okolu 50 stepeni jako duva kje te butne i nervira po malku inace gream neizolirana kukja so dobri pvc prozori bez izolacija so daikin ftx 50 gv
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
valvoline напиша:
Kaj mene toshibata inverter stara 15tina god so r22 poslednive 5-6 dena vadi nekoj prosek okolu 700-750w zagreva 45tina m2 na 23c ,partizanski prozori i sfrj fasada vo zgrada. :v
Многу блиску со моите бројки на пример е и ова.
@mdeni само да го дообјаснам примеров на Valvoline,

Стан наместо куќа (2-6 пати помали загуби, не можам доволно да потенцирам колку е ова важно)
45м2 наместо 80м2
750W наместо 636.

Потрошувачката на Valvoline е блиска со твојата колку што е блиска со мојата. Трошиме исто, но Valvoline грее 2.8 пати поголем простор, што е логично затоа што грее од 3 места излоирано (од комшиите) станче и има веројатно 2.8 пати помали загуби од ќуќава што ја грејам.

Сепак за мене поважни параметри се:
-deltaT/deltaW, колку го загрева воздухот и колку притоа троши и колку е надворешната температура
-колку често прави дефрост.
-до која температура работи.
Овие работи треба да се измерат. Тие податоци се релевантни за климата. Останатото е помалку важно.
 
Последно уредено:
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
@omlet13m stavija na 25°C i na fan 3-ta brzina i vidi dali i kolku cesto ke vleguva vo defrost isto moj sovet ti e da ja rabotis klimata so vklucen IFEEL na dalevcinskoto odaleceno od klimata minimum 4m
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
@mdeni само да го дообјаснам примеров на Valvoline,

Стан наместо куќа (2-6 пати помали загуби, не можам доволно да потенцирам колку е ова важно)
45м2 наместо 80м2
750W наместо 636.

Потрошувачката на Valvoline е блиска со твојата колку што е блиска со мојата. Трошиме исто, но Valvoline грее 2.8 пати поголем простор, што е логично затоа што грее од 3 места излоирано (од комшиите) станче и има веројатно 2.8 пати помали загуби од ќуќава што ја грејам.

Сепак за мене поважни параметри се:
-deltaT/deltaW, колку го загрева воздухот и колку притоа троши и колку е надворешната температура
-колку често прави дефрост.
-до која температура работи.
Овие работи треба да се измерат. Тие податоци се релевантни за климата. Останатото е помалку важно.
Да, да тоа дефинитивно.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
Autofan практикувам затоа што сакам ниска бучност на внатрешната, па кога се стабилизира на некои си 700W, не сакам да бучи или да дува непријатно.
Од Ifeel немам потреба затоа што ја тестирав климава без IFeel и постигнува сетпоинт температура на усис iсто така и во центарот на собата. Бидејќи е една соба, лесно е да се згрее воздухот рамномерно без IFeel.

Продавам Ifeel скоро нов, поволно :)
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ај на рачун на дефростите!
Сфатете дека дефростот колку од оптеретувањето на климата , уште повеќе зависи од влажноста на воздухот и потенцијалното струење на тој воздух околу надворешната единица.
Значи ако имате поголема влажност на воздухот и помала циркулација, ќе имате и повеќе кондензација на надворешната единица. Следствено на тоа ако ја форсирате климата, дали со гасења или со задавање на 30 степени, очекувајте тој кондензат да стане замрнат, и да има потреба од размрзнување т.е. дефрост.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Момци дали се добар квалитет Haier?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Момци дали се добар квалитет Haier?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Тоа ти се чисти кинези , имаат јака подршка од државата и на времето имаат купено технологија од Liebher.
Почнати се со фрижидери , сега фураат се од електроника. Онака од читање на мислења по странски форуми, си ги вредат парите, изгледа.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.116
Поени од реакции
1.262
@omlet13m дали може да не ти е исправен мерачот, да не покажува точно?
патем кои се отприлика најголемите топлотни загуби кои може да ги има една кука стан (50,100,200 W на м2)?
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
44
Поени од реакции
53
Еве и јас да ви ја приложам потршувачката на fujitsu 12 LMCE на задена температура од 23 степени, за 482 сата потрошени се 161 kw или 828 денари. Јас сум екстра задоволен, греам салон од 35 квадрати.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom