Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што е попатетично, да правиш десет профили и со све живо и диво да напаѓаш или од друга страна да му реплицираш на човек со десет профили што има само една цел... Админите нека размислат исто, дали е попаметно да оставиш некој со десет профили што упор о загадува или да го исчисти тоа зло и да остави на раат обични смртници да тераат нормална дискусија...
ПРИЈАВЕТЕ МИ ГО КОЈ САКА ПОСТОВ ДА СТИГНЕ ДО АДМИНИТЕ ПА НЕКА ПРАВАТ ОНИ ШТО ЌЕ ПРАВАТ ЈАС ТУКА НЕ ГЛЕДАМ ДРУГО РЕШЕНИЕ! @Peja989

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Последно уредено:
NAJNORMALNO DA NEMA FH ILI VE KOGA SE SOSEMA DRUGI MODELI
КАКВИ ДРУГИ МОДЕЛИ ????
Па нели само ГРЕЕ имаше поинакви Модели ?
Да го најдам само лепотанот што имаше напишано......пишеш на Гоогле Mitsubishi FH и 100тици линкови искачале исти за цел свет....ама сепак имало и други модели i za Митсубиши а ?:D
 
:tvg::tvg:
КАКВИ ДРУГИ МОДЕЛИ ????
Па нели само ГРЕЕ имаше поинакви Модели ?
Да го најдам само лепотанот што имаше напишано......пишеш на Гоогле Mitsubishi FH и 100тици линкови искачале исти за цел свет....ама сепак имало и други модели i za Митсубиши а ?:D
 
Здраво,имам грее ломо лцлх 12 ова ми е прва зима со клима,ме интересира како е најекономично да се работи климата дали да се исклучува навечер и кога не сум дома,инаку досега добро и многу брзо загрева 30м2 задоволен сум ке видиме понатаму кога ќе паднат големи минуси.
 
До сеа само сум се греел на парно па немам искуство со греење со клима инвертер па може малце основни прашања али не сум сигурен дали ова е нормлано однесување или нешто не е у ред со климата. Се работи за Инвертер Вивакс (преинсталиран во нов стан) 5.5 W за греење, влезна снага 1,5, прво пуштање, местење на темп 26Ц и едно 20 мин остана да седи на дефрост и не чекав повеќе ја изгасив, а надвор освен влага поголема сепак темп над 0. Дали е ок и очекувано да седи толку време на дефрост или делува дека нешто не е во ред со климата ?
 
Бев видел банирани членови, но не и банирана тема :)

Јас да го споделам моето искуство со Gree Hansol -20, што го имам веќе 20 дена. Model HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D, со цена од 40к.
Еnergenie ставив на 13.11.2017.
Oд 13.11.2017 до 01.12.2017:
-потрошени се 222KWh.
-климата е работена 302h
-во просек климата трошела 735W/h.

Првата недела беше многу топло (5-15 степени), сетпоинт беше 23 степени. Просекот изнесуваше 435W/h.
Втората недела заладе, температурата падна 10тина степени, но пак имаше доста топли денови. Просекот рипна на 670W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Третата недела беше повеќе ладна отколку што беше топла. Просекот дојде до 735W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Собата е 16м2, опишана е во некоја од моите претходни постови.
Се гаси навечер, но штом ќе залади прописно ќе работи 24 часа.
Позитивно изненаден од инвертерот, може да намалува или зголемува потрошувачка за 2W, многу прецизно.
Немам видено баг досега.
Поприлично тивка надворешна и внатрешна единица.
Ме изненади негативно што минатиов понеделник и вторник (27.11.2017 и 28.11.2017) климата често одеше во дефрост. Времето беше околу 0 степени и влажно. Забележани се 6 дефроста, што значи најверојатно биле околу 8 во целиот ден. Климава треба да има 2 греачи? Зошто се уклучува дефрост толку често и на овие не толку ниски температури?
Во досегашната работа не сум видел климава на издув да дава многу жежок воздух, дури и кога на усис е 23, а сетпоинт 30. Порачав сензори за температура со жица па во иднина ќе правам и такви мерења. Мое субјективно мислење е дека на издув најмногу дaваше 45 степени при усис 23 и надворешна 0. Ова е засега шпекулација, вистинскиот резултат ќе биде документиран со инструменти.
Колку за споредба, другaта инвертер Vivax која работи само делумно по неколку часа во ладна соба (Vivax ACP-18CH50GEI со Sanyo C-6RVN93H0V компресор.) во истите денови не влезе во дефрост( a нема ни греачи), дува потопло, побрзо загрева и повеќе троши. Оваа клима ја тера својата 10та зима и надворешната единица никогаш не е чистена.
Друг чуден момент ми е логикава на климата. Работеше на 27 степени сетпоинт, и трошеше во моментот 1800W. Ја зголемив на 30 степени сетпоинт, аутофанот ја зголеми брзината но потрошувачката падна на 1700, што значи климата не се ни потруди да повлечи повеќе енергија за да даде повеќе топлина. Лично очекував да повлечи 2400W или колку и да и е максимумот.

Според она што го разбирам за климиве во овој момент, мислам дека може сите клими да се споредат на едноставен начин и да се избегне моментот со околината (топлински загуби). Треба да се направи тест при што се запишуваат параметрите:
1. надворешна температура. (климава го има тој податок)
2. температура на усис (климава го има тој податок)
3. температура на издув. (порачан мерач за температура)
4. моментална потрошувачка. (energenie)

Значи ќе видиме колку се загрева воздухот (delta Т) и колку струја (delta W) се троши за тоа да се направи. И притоа, најважно, на која надворешна температура се прави истото.
 
Последно уредено:
735 w/h на овие температури за 16м2 е страшно лош просек и далеку од економично. Мило ми е што има вакви објективни постови а не само маркетиншки, спреми се за тешки обвинувања...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Mojot vivax aezi samo vo ponedelnikot napravi 3 minuten suv defrost bez nitu edna kapka voda eve i vcera i denes ne pravi defrosti si raboti nornalno na zadadena 24°C temperatura do sega od koga e pocnata grejnata sezona samo ednas suv defrost napravi.
 
735 w/h на овие температури за 16м2 е страшно лош просек и далеку од економично. Мило ми е што има вакви објективни постови а не само маркетиншки, спреми се за тешки обвинувања...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Изгледа дека има огромни загуби? Нека каже членот.

Кај мене во едниот стан кај што не се готви и не се грее со друго ништо освен таа клима една FH35VE просекот ми е 636W/h за последниве 10тина дена за 80 квадрати. Сега ќе падне денес просек и е околу 430W/h. Секако со PVC прозорци, но без изолација.

И тоа со неделен тајмер:
05ч - 31Ц
07ч - 25Ц
14ч - 29Ц
16ч - 26Ц

Значи може да ја симнам уште и да и зголемам COP ако ги тргнам форсираните периоди (5-7, 14-16), ама нема максимално да ја користам ефтината струја, и ќе ми се качи сметката за некој процент.
 
Аууу дојдов на темава да видам за некој совет за клима да си купам, а уствари на ММА налетав... абе и за амеба да се отвори тема ќе се скарате еј :lolzz:
 
735 w/h на овие температури за 16м2 е страшно лош просек и далеку од економично. Мило ми е што има вакви објективни постови а не само маркетиншки, спреми се за тешки обвинувања...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Не се плашам од обвинувања, сум го направил својот избор врз база на своите истражувања. Не мислам да го бранам мојот избор, пораснав пред 20 години. Сеуште немам ниту целосна претстава што купив, за тоа ќе треба да помини едно зимо. Уште еднаш ќе повторам, не сум овде да напаѓам ниту да фалам нечии јапонски или кинески корпорации во кои немам акции, туку да учествувам во конструктивна дискусија со споделување на точно измерени податоци. Верувам многумина ќе ги најдат моите податоци за релевантни и корисни. На пролет ќе донесам суд што сум купил и дали ги вреди уредов парите. Колку за информација, на хартија беше одличен, скоро без конкуренција.

Изгледа дека има огромни загуби? Нека каже членот..
Пишав во претходните пораки, не сакам да се повторувам. Јас имам големи топлотни загуби, веројатно и огромни. Но тука има нешто што не и е јасно. Ти имаш исто така куќа без изолација, грееш 5 пати поголем простор и трошиш помалце. И двајцата имаме ПВЦ и немаме изолација. Ти успеваш да згрееш 1м2 со 7.95W, мене ми се потребни 45.8W. Пресметката кажува дека ти имаш 5.778 пати помалку топлински загуби. Малку ми делува нереална бројкава твоја и би ми била логична доколку топлиш 30м2 во целосно изолиран стан со 3 внатрешни зида и 1 надоворешен, односно гарсоњера обиколена од сите страни со станови во кои се топли со парно. Јас живеев порано во изолиран стан и можам да кажам дека станот има 3пати помали загуби од куќата, но според бројкиве што ги кажуваш ти, твојата куќа има 2 пати помали загуби од квалитетен и изолиран стан. Со други зборови, не ти верувам.

Во моментов не се плашам од бројката 735w/h за ова време од годината, повеќе ме плаши честиот дефрост што го правеше изминатите денови како и тоа што (на рака) климава немаше жежок издув, но тоа ќе се провери со термометар со жица и ќе бидете повторно известени, веројатно и со видеа и слики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom