За ова незнаев дека печката во себе содржи стаклена волна. По ова дефинитивно не би избрал термо печка, од проста причина што ако човек ги вдише честиците од стаклената волна можат да настанат страшни последици по здравјето. Иначе баш пред некој ден зборев со моите, а и на Интернет пребарував и сегде за нив пишува дека се најекономичен начин за греење со/преку струја.
Најефтино греење е на фреон, или по нашки со клима, струјата што притоа се троши е само за компресорот кој самиот има COP=3 или повеќе и тоа на +7Ц за разлика од ТермоПечката чиј COP=1. Прво
прочитај што е COP па ке ти стане појасно, климата и денски да ја користиш ке има COP или коефициент на искористување погололем од 2 или 3 а кај некои и до 5....ако работи навечер(на ефтина тарифа) ке има дупло COP=4, 6 ili 10....па математиката и споредбата искача сосема друга.
Греењето на ноќна тарифа со Термо печка може да даде највеќе 50% помала сметка за струја. Башка е решение само за една соба.
Зa цел стан т.е кај централно греење, радијаторски систем(парно) исто може да се изведе греење само на ноќна тарифа. За тоа е потребно доста повисока инвестиција во бафер(акумулатор на топлина), но таа инвестиција ке се врати брзо преку повеќе од упола помалите сметки за струја. Велам повеќе од 50% бидејки таа енергија што ја содржи баферот може да се употреби и за наредниот ден доколку не се потроши дента, имаат добра изолација па многу малку губат од топлината што ја имаат акумулирано за 24часа.
Кај нас најчесто го има овој систем,
котел-радијатори, ефтина изведба, применлива кога цената на струјата беше многу поефтина.
А и повеќе од 50% помали сметки за енергенс, струја или било кое гориво (дрва, пелети) може да се добијат само со овој систем,
котел-бафер-радијатори а тоа изгледа некако вака.
Нови елементи овде се баферот и мешачкиот вентил(Mixing-Valve) кој има 2 влеза а еден излез.
На сликата доле на влез1=60°C и тоа е водата од баферот (или котелот), влез 2=15°C е повратната вода од радијаторите, излезот=40°C ограничен на 40°C со термостатот на мешачкиот вентил и води према грејните тела(радијатори, фенкојлери..).
Баферот кај котел на струја се грее само навечер на ефтина тарифа на Т најчесто 80 или 90Ц...бафер од 1000L(1m3) загреан на 60Ц содржи 70Kw топлина, а пак на 80Ц има акумулирано 93КW топлина.
Све се пресметува по оваа формула Q = m c ΔT:
m=маса(kg),
c-специфична топлина, за вода=const=4.186 [kJ/kg°C],
ΔT=(T2-T1)[°C]
Ако има грешки во пресметкиве Пајак ке ме поправи одма
Пример за бафер од 1000литри, да се загрее водата од 40°C на 80°C.
m=1000kg
Т2=80°C (барана температура во бафер)
Т1=40°C (почетна Т на водата во бафер)
Q=1000 x 4,186(80-40)=167440 kJ
1 kW=3600 kJ/h
Q=167440/3600 = 46,5Kwh
или 46,5Kw искористлива енергија ке имаш во 1м3 вода загреана на 80°C ако ја користиш од 40 до 80°C...ако баферот го грееш преку ноќ (на ефтина тарифа) тие 46kWH ке ги платиш на сметката како 23KwH (50% помалку), прашање e за колкав простор се доволни тие 46KwH што е ствар на изолација и топлотни загуби, може да се доволни и за 46м2 но и за 60м2.
Или друг пример:
За колку °C ке се покачи Т во бафер од 1000L за време од 1час ако почетната Т на водата е 40°C а се користи греач од 8Kw.
Q=mcΔT
Q=1000x4,186x(T2-40) =4186*T2-167440
Q+167440=4186*T2
Q=P*време(sec)
8*3600+167440=4186*T2
46,88=T2
Па за 1час со 8Kw греач 1000Л вода ке ја подигне температурата од 40°C на 46,88°C, или пак за 7часа за цели 48,16°C односно за 7 часа водата од 40°C ке стане 88,16°C. Ефтината тарифа трае 8часа па греач од 8KW би бил доволен за 1000л бафер, со 10КW греач и побрзо би се постигнала Т од 88°C доколку почетната Т1=40°C.
Дали 40°C вода ке биде искористлива е ствар не дискусија за димензионирање на радијатори, ако парнаџијата (и ти самиот) сте штеделе на број на ребра па имаш во 20м2 простор пример 10ребра кои со 80°C даваат 2Kw топлина, тогаш за 40°C ке требало да ставиш дупло број на ребра...итн итн има многу цаки за правилно димензионирање на радијатори и бафер.
Aко те интересира и ти се чита има 2 теми полни со информации т
ука и
тука но ке ти треба доста подолго време за читање од едно попладне дружба со твоите и компјутерот.