Најекономично греење и ладење

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.503
Fujitsu ASYG12LLCC



КЕ ЈА ЗИМАМ...АКО ИМА НЕКОЈ НЕШТО ЗА НЕА НЕКА КАЖЕ СЕГА ИЛИ НЕКА ЌУТИ ЦЕЛ ЖИВОТ
Ubavo proveri dali e LLCC i nadvoresnata edinica, edno vreme LLCB ja nosea...toj model ima povekje modifikacii LLCB LLCA I LLCR eve vidi tuka
 
Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
Fujitsu ASYG12LLCC



КЕ ЈА ЗИМАМ...АКО ИМА НЕКОЈ НЕШТО ЗА НЕА НЕКА КАЖЕ СЕГА ИЛИ НЕКА ЌУТИ ЦЕЛ ЖИВОТ
Тоа е почетен модел на Fujitsu. По тој модел следува моделот LMCA, како стандарден модел, потоа моделот LUCA и топ моделот LTCA.
Ако можеш да дадеш повеќе податоци за кој простор го планираш, дали уредот претежно ќе го користиш за греење или лаење, како примарно греење или ќе имаш и дополнително греење за испомош и сл......
Ме интересира, доколку можеш да кажеш, од која фирма ќе го земеш и по која цена???
Однапред благодарам на одговорот.
Поздрав
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Dojde vreme da ja premestam Gree change od ducan doma vo spalna, zatoa sto 13m2 gi greese vo ducanot ama so golema potrosuvacka na struja (900-1000w konstantno) i fan na 3ta brzina,odnosno uragan prema mene.
Bar i udriv edno dobro cistenje vo selo, sto vika bratmi si ja ocistil kako da ce ga vracas u ducan
Eve i sliki:
20161030_130012.jpg

tuka se gleda greacot vo tacna i dvoredniot izmenuvac. Ventilatorot raboti na AC220, znaci ne e DC motor, laga od Zorba
20161030_130751.jpg

kompresorot i elektronikata
20161030_130842.jpg

na red e uste edna laga od Zorba firmata koi mi ja faleja klimata deka e so Daikin kompresor. Ama,,, 7200rpm kawasaki ne mu e raven vo obrtai
20161030_131049.jpg

is this fucking kapilara?
20161030_131054.jpg

greac na kompresor, nesto kako kais opasano
20161030_131254.jpg

elektronikata totalno nezastitena od vlaga osven procesorot koj go pominale so kalofonium
20161030_143131.jpg

ceselj za cesljanje na resetkite :), ne vrsi mnogu rabota bidejci e od meka plastika
20161030_144902.jpg

vnatresnata, hmmm vidite sto mi napravil molerot so polikolor od bekament vodoperiv. nema vadjanje!
20161030_151500.jpg

cistenje na ventilatorot so blower za suvi lisja inco ~800denari i kako blowerot go vrti ventilatorot jas so cetka samo ja doblizuvam i se cisti, mada ovoj ventilator i ne bese prljav zatoa sto po ducani ja nema taa tekstilna prasina kako po domovite
20161030_151508.jpg

uste edna slika od vnatresnata, da potrosim malku i ja prostor na forumov :)
20161030_151520.jpg

Se sklopeno i vrateno na mesto i iscisteno
20161030_152227.jpg

Klimata sam ja vadev, ja vkluciv na ladenje, se aktivira kompresorot, go zategnav ventilot od potenkata cevka i nekade na 1:20 se sluzna edno zvonkavo rabotenje na kompresorot, ja ostaviv do 2 minuti pa go zategnav ventilot od podebelata cevka i ja iskljuciv klimata. Se nadevam deka sum go fatil freonot :) bidejci koga gi demontirav cevkite nemase pisssshhhh. Posle toa so izloir gi izolirav site otvori na nadvoresnata i vnatresnata edinica da ne vleguva prljavstina, isto i na cevkite

E sega za montiranje doma, dali da zemam majstori od Tetovo koi mislam deka imaat vakum pumpa ili da povikam od Skopje. Koja e cenata na ovie majstori sto gi spomnuvate tuka Zoki i ostali? Zoki od drzavna bolnica mi ja montirase za 50 ili 60eur vo ducan, perfektno brzo i vakumirana so vakum pumpa
Dupka ima vo zidot i mestenjeto e pesma bez skali i rizici. Ce treba novi cevki, izolacija, kabel, silikonsko crevo i drzac bidejci starite mi se na 2.70 a sega ce bide ~3m
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
негативно: ...некои велат дека има прашина од стаклената волна (за ова јас не се согласувам бидејќи ако не е чепкана од нестручни лица нема опасност бидејќи каналите низ кои струи воздухо немаат допирна точка со изолацијата)...
За ова незнаев дека печката во себе содржи стаклена волна. По ова дефинитивно не би избрал термо печка, од проста причина што ако човек ги вдише честиците од стаклената волна можат да настанат страшни последици по здравјето. Иначе баш пред некој ден зборев со моите, а и на Интернет пребарував и сегде за нив пишува дека се најекономичен начин за греење со/преку струја.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Како што ветив порано дека ќе се јавам со информации на +7-8с. ете да напишам и јас нешто што го нема на еуровент за gree change а проверено од мене и тестирано 100% точно. Тој толку бараниот COP на овие надворешни Т изгледа вака:
внатрешна Т 20с. во 4-та брзина COP 5.5
во 3-та паѓа на 4.2 и во втора само 3.6. Во најтивката прва брзина не тестирав, нема некој ефект во греењето со неа. Ако го интересира некој подетално слободно нека праша, да не се расфрлам сега со вати, колку троши а колку дава на издув
Изгледа дека тој електроекспанзиониот вентил си ја врши добро работата сега за сега, ќе видиме како ќе биде понатаму под 5с кога ќе падне Т
 
Член од
27 август 2016
Мислења
161
Поени од реакции
155
..a vo vrska so mlakoto duvanje site inverteri go pravat toa pa i onie najelitnite ostaj muabetive tuka sto se vrtat pa se dobiva dojam deka na nekoj klimite sekogas im duvaat toplo i tivko i neosetno i nikogas ne im gasat kompresorite i moraat da legnat na klimata so uvo ko cika kure u rane na bmw-to za da vidat dali raboti nadvoresnata :)
Neznam kako si se greel porano ama koga ke ja osetis ekonomicnosta na ova greenje veruvaj ke prestane da ti smeta .. :)
Чика Куре:pos:ме изнасмеа:zver:. Се надевам дека ќе биде така, сега за сега задоволен сум од еконамичноста 500-600W на одржување, зададена Т 24С надвор 0С.
 
Член од
5 декември 2015
Мислења
216
Поени од реакции
266
Чика Куре:pos:ме изнасмеа:zver:. Се надевам дека ќе биде така, сега за сега задоволен сум од еконамичноста 500-600W на одржување, зададена Т 24С надвор 0С.
Kaj mene u momentov odrzava vnatresna 23-24C so 500W na zadadena T 22C ama na pogolem prostor i toa ti e dokaz za vaznosta na izolacijata.. Ako nemas problem so duvanjeto ke te gree ubavo i ekonomicno bidi spokoen..[DOUBLEPOST=1477957602][/DOUBLEPOST]I koga sme kaj brojki eve ja da ja otvoram sezonava ovaa zima so kilovatite za Mak-Vent :D svezo snimeni od meracot.. Iako bese blago i samo poslednava nedela podzaladi pozdravo ke sumiram za mesec oktomvri potroseni 154kWh, ko i uvek klimata ne ja gasam odrzavam 23-24C vnatresna denje noke..
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.503
За ова незнаев дека печката во себе содржи стаклена волна. По ова дефинитивно не би избрал термо печка, од проста причина што ако човек ги вдише честиците од стаклената волна можат да настанат страшни последици по здравјето. Иначе баш пред некој ден зборев со моите, а и на Интернет пребарував и сегде за нив пишува дека се најекономичен начин за греење со/преку струја.
Најефтино греење е на фреон, или по нашки со клима, струјата што притоа се троши е само за компресорот кој самиот има COP=3 или повеќе и тоа на +7Ц за разлика од ТермоПечката чиј COP=1. Прво прочитај што е COP па ке ти стане појасно, климата и денски да ја користиш ке има COP или коефициент на искористување погололем од 2 или 3 а кај некои и до 5....ако работи навечер(на ефтина тарифа) ке има дупло COP=4, 6 ili 10....па математиката и споредбата искача сосема друга.
Греењето на ноќна тарифа со Термо печка може да даде највеќе 50% помала сметка за струја. Башка е решение само за една соба.
Зa цел стан т.е кај централно греење, радијаторски систем(парно) исто може да се изведе греење само на ноќна тарифа. За тоа е потребно доста повисока инвестиција во бафер(акумулатор на топлина), но таа инвестиција ке се врати брзо преку повеќе од упола помалите сметки за струја. Велам повеќе од 50% бидејки таа енергија што ја содржи баферот може да се употреби и за наредниот ден доколку не се потроши дента, имаат добра изолација па многу малку губат од топлината што ја имаат акумулирано за 24часа.
Кај нас најчесто го има овој систем, котел-радијатори, ефтина изведба, применлива кога цената на струјата беше многу поефтина.
Radijator.JPG grejanje_120.jpg
А и повеќе од 50% помали сметки за енергенс, струја или било кое гориво (дрва, пелети) може да се добијат само со овој систем, котел-бафер-радијатори а тоа изгледа некако вака.
Clipboard01.jpg Screen-Shot-2015-08-05-at-2.48.04-PM.png image123.jpg
Нови елементи овде се баферот и мешачкиот вентил(Mixing-Valve) кој има 2 влеза а еден излез.
На сликата доле на влез1=60°C и тоа е водата од баферот (или котелот), влез 2=15°C е повратната вода од радијаторите, излезот=40°C ограничен на 40°C со термостатот на мешачкиот вентил и води према грејните тела(радијатори, фенкојлери..).
41Q84n82E7L._SX355_.jpg
Баферот кај котел на струја се грее само навечер на ефтина тарифа на Т најчесто 80 или 90Ц...бафер од 1000L(1m3) загреан на 60Ц содржи 70Kw топлина, а пак на 80Ц има акумулирано 93КW топлина.
Све се пресметува по оваа формула Q = m c ΔT:
m=маса(kg),
c-специфична топлина, за вода=const=4.186 [kJ/kg°C],
ΔT=(T2-T1)[°C]
Ако има грешки во пресметкиве Пајак ке ме поправи одма :)

Пример за бафер од 1000литри, да се загрее водата од 40°C на 80°C.
m=1000kg
Т2=80°C (барана температура во бафер)
Т1=40°C (почетна Т на водата во бафер)
Q=1000 x 4,186(80-40)=167440 kJ
1 kW=3600 kJ/h
Q=167440/3600 = 46,5Kwh
или 46,5Kw искористлива енергија ке имаш во 1м3 вода загреана на 80°C ако ја користиш од 40 до 80°C...ако баферот го грееш преку ноќ (на ефтина тарифа) тие 46kWH ке ги платиш на сметката како 23KwH (50% помалку), прашање e за колкав простор се доволни тие 46KwH што е ствар на изолација и топлотни загуби, може да се доволни и за 46м2 но и за 60м2.

Или друг пример:
За колку °C ке се покачи Т во бафер од 1000L за време од 1час ако почетната Т на водата е 40°C а се користи греач од 8Kw.
Q=mcΔT
Q=1000x4,186x(T2-40) =4186*T2-167440
Q+167440=4186*T2
Q=P*време(sec)
8*3600+167440=4186*T2
46,88=T2
Па за 1час со 8Kw греач 1000Л вода ке ја подигне температурата од 40°C на 46,88°C, или пак за 7часа за цели 48,16°C односно за 7 часа водата од 40°C ке стане 88,16°C. Ефтината тарифа трае 8часа па греач од 8KW би бил доволен за 1000л бафер, со 10КW греач и побрзо би се постигнала Т од 88°C доколку почетната Т1=40°C.
Дали 40°C вода ке биде искористлива е ствар не дискусија за димензионирање на радијатори, ако парнаџијата (и ти самиот) сте штеделе на број на ребра па имаш во 20м2 простор пример 10ребра кои со 80°C даваат 2Kw топлина, тогаш за 40°C ке требало да ставиш дупло број на ребра...итн итн има многу цаки за правилно димензионирање на радијатори и бафер.
Aко те интересира и ти се чита има 2 теми полни со информации тука и тука но ке ти треба доста подолго време за читање од едно попладне дружба со твоите и компјутерот.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.503
Malo info za Daikin modeli za Kineski pazar, eden model celiot e rasklopen so sliki ovde http://detail.zol.com.cn/400/399929/pic.shtml
Ima i drugi modeli ovde a mene mi fati oko ovoj za 5090juani/680eu(li za poeftino ovde) ili ovoj za 4900, blaze si im na kinezive so bi rekol GT1 :)
Interesno sto i ovde na motorceto na ventilatorot pisuva 220V i stvarno neznam sto bi trebalo da pisuva, 12V ili 110V ?
im1.jpg
So ista oznaka na model na motor no so nesto porazlicni podatoci ispisani na etiketata kaj Beko klimi, verovatno i AUX (pisuva AUX pa...)
motor-dvigatel-ydk-20-6a-beko.jpg
Мотор (двигатель) YDK-20-6A вентилјатора наруж блока кондиционера BEKO - 9196610826
A "opasacot" takov i treba da bide....compressor crankcase heater
20150427125742308.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: GT1
Член од
1 ноември 2016
Мислења
6
Поени од реакции
8
Здраво! Пред некој ден купивме инвертер клима уред Vivax ACP-18CH50 AEVI. Ќе ја користиме за загревање на високо поткровје од околу 45 м2 отворен простор, со добра надворешна и таванска изолација. Лаик сум и навистина ми треба помош! Имам неколку прашања и ве молам за совет:
1. На кој мод и на колку степени е најдобро да ја вклучуваме? Знам дека е најдобро воопшто да не се исклучува, па затоа прашувам.
2. Со или без fan и, ако да, колку јако?
3. Како функционира тоа I-feel опцијата?
4. Мислите ли дека е паметно да ја оставаме отворена и вратата од ходникот за малку да се смлачува и во спалната соба?

Значи, најпросто, да сте на мое место, како би ја работеле?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.727
Поени од реакции
5.473
Денес во 9 часот наутро беше ресетиран мерачот кај мене, до пред некое време не дадов ниедна пресметка бидејќи целот спрат кои сакам да го греам не беше завршен па се грееше/ладеше и голем отворен простор како скали ходници од друг спрат и слично (кои носат плус некои 15м2). Моментално за греење се оставени 42м2, горен спрат од куќа. Сите надворешни ѕидови се сендвич цигла+5цм тервол+цигла, нема надворешна фасада, сите прозори се на северна страна дрвени прозори со изолациско стало (иако се стари 15 години се одлични, викендов пред да ги објавите видеата за сервисирање и штелување ми дојде мајстор да ми ги провери и да ги поправи тие мали пропусти кои ги имаа), половина од спратот е со тераса под него така што е отворен простор значи имам топлотни загуби и од таму зашто никој не ја грее терасата. Другата половина од спратот е над соби кои се греат на дрва само во попладневните часови.
Кога купував инвертер летово изборот ми се имаше сведено на неколку, а во потесен круг беа ставени Хитачи незнам цела ознака оној што го даваат за 40к веќе подолго време wpb или така нешто беше и Грее Ломо или Грее Хансол. Пред да се одлучам за купување побарав мислење на форумов и не добов одговор па затоа ги консултирав @tzlako и @Strelec за помош.
По нивните консултации дојде Зоки од техноклима го виде просторот и негова рече дека таа 3,5кв Хитачи ми е мала, па препорача да земам 5,5кв Хитачи, 5,5кв Грее ломо или 3,5кв Грее хансол (но ако е мн ладно може и да требало да догревам со последново)
Си побарав понуди за секоја од наведениве а по она што веќе го имав прочитано на форумов и советите што ги добив од споменатите членови Ломото го тргнав од листата. Од понудите што ги добив Грее за Хансол ми понуди подобар пакет од Техноклима за Хитачи па се одлучив за Хансол (дали се зафркнав или не времето ќе покаже) + е земена и една Change со намера да се користи за догревање но истата уште не е ни поставена.
Е сега малку за работата на хансолот. Да се гаси како што наведуваше @yamaha10 дека правело неговото Чејнџ но кога ќе ја надминеше зададената температура зашто до пред една недела имав отворени скали и плус ходник на долниот спрат. Одкако е затворен тој простор да повторно се гаси кога нема потреба да одржува температура поради помалите загуби од неговиот минимален издув (се надевам дека е поради тоа). Ставена е на auto со вклучен iFeel и зададена температура од 20 степени постојано (тоа е комотна температура за мене), кога ќе проветрам и температурата ќе опадне неколку степени работи со потрошувачка од околу 500-600в за да надополни а потоа намалува на потрошувачка помеѓу 110-150в. Немав ресетирано мерачот од летово кога истите беа монтирани па затоа не пишувам целосна потрошувачка но еве од денес ќе споделам вечер кога ќе се вратам колку се вкупно потрошени па потоа на неделно и месечно ниво ќе ве известувам. (Тие 42 квадрати кои ги спомнав не се еден отворен простор него се 2 спални соби, кујна, ходник и купатило).
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
75
Поени од реакции
31
мајстори, климаџии, ве молам за совет каде би можел да најдам/нарачам лимена тацна за под климата, за одведување на кондензатот (водата од дефрост). Најмногу би ми одговарало некој да понуди целосна услуга, со монтажа, бидејќи климата е надвор од прозорот, а не би се осудил да излезам пола надвор како климаџиите... климата е Тошиба Сузуми, 16кбту.

благодарам однапред.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.727
Поени од реакции
5.473
Како што ветив ќе споделам искуство со хансол како клима. Се што објавувам е мое искуство, ако за некој тоа е неверно добредојден е во секое време да провери.
Извештај од денешниов ден. Мерени нешто над 13 саати, исто толку време климата не била изгасена. Подесена температура од 20 степени на аутофан, далечинското поставено на 5,5-6 метри од климата на висина од околу 80цм. Потрошено нешто над 5кв Ел. Енергија

Сликите се сликани секунди пред да почнам да го пишувам постов и во тоа време потрошувачката беше околу 260в на час

А додека го пишував постот потрошувачката падна на околу 150в на час

Да ве предупредам саатот ми беше поставен на летно сметање на времето и утрово не го променив тоа, па така и ќе остане на сите мои слики. Значи времето на сликите ќе ми биде +1 час од моменталното на сите слики со зимско сметање на времето

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.991
Поени од реакции
1.272
Пошто ти е наместена на 20 степени, ме интересира колку е температурата во собата без уклучена клима ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom