Незнам дали
@Strelec мислеше на мене како новоподновен, но како и да е планирав да пишам деновиве. Посебен мерач за потрошувачка немам, туку го користам мерачот преку далечинскиот, кој пак покажува само месечна потрошувачка. Еве неколку слики од потрошувачката. Првата слика е чисто да се види дека се сега сликани сликите, втората е потрошувачка од минатиот месец, а додека третата е за овој месец. Денеска подолго време ја тормозам чисто за да видам како би ми одговарала најмногу да работи. Преку ден и овој и минатиот месец од 08.00 до 12.00часот е исклучена климата, но како ќе опаѓа температурата во наредните месеци планирам постојано да работи. од 26.10 до 31.10 има потрошено скоро 40 кв, но не работеше постојано, бидејќи се погоди викендов преку ден убаво време и не ја уклучував, а додека два дена преку ноќ работеше (наместена 20степени). Преку ден планирам да ја местам на 22 или 23 степени температураи втора брзина, а за навечер 20 или 21 степен. Климата мнофу брзо ми го загрева просторот кога и е зададена температура 21 и 22 степени по што се исклучува. Исто така почнав да го замлачувам ходникот кој води на поткровот и затоа не ја затварам вратата (каде што ми е климата примарно греење). Без греење во куќата температурата ми се движи од 17 до 18 степени (зависи кој дел) и затоа колку толку со отворена врата климата и да успее да го загрее ходникот барем за еден степен ќе бидам задоволен.
Исто така сакав и да им предложам на поискусните членови на форумов доколку има желба да се направат некои тестови за клими. Пример можете и доколку сакате соберете се неколку членови и повелете за кратот тест ( review ) на хитачито. Мислам дека и други членови ќе бидат заинтересирани за тестови на Toshiba,Mitsubishi, Gree, Fuji па ќе се пријават и со нивните клими. Знам дека нема да може да се споредуваат на тој начин климите, но барем секој нов член кој ќе сака да си купи клима ќе има неколку теста на клими со различна јачина , различно место на користење (стан, куќа, со изолација, без изолација итн).