Реалната потреба на -10 е околку 5KW. За надворешната единица за да испорача 5KW на -10 може да треба да биде 9 или повеќе киловати, зависно од тоа како е подесена.
Пример сега гледам дека Mideata MGC- F07W/N1 e 1500 еур со интегриран модул, но со COP помал од 3, ајверојатно на -10 нема да може да испорача ни 1KW.
Од друга страна Panasonic од 7KW на -7 дава 5KW со COP од 2,65.
Во врска со цената на Versati комплетно си во право. Она што јас го имам гледано е ова
GREE HLR 10WZ-Na-M, со цена во Грција од 2800 еур.
Мулти сплит опцијата иако можеби е најевтина по компоненти излегува дека е најкомплицирана за изведба. Потреба од 2 надворешни единици, висока цена на инсталација и компликации.
Во врска со фенкојерите ме интересира зошто има страшно големи разлики во цени? Дали е потребна инсталција на дополнителни елементи кај фенкојлерот? Како топлотната помпа "разбира" која треба да намали или зголеми со греењето? Дали секој фенкојлер директно се поврзува со ТП? Дали инсталцијата е класична како за парно греење со бакарни цевки? Дали се можно да употребуваат друг тип на цевки заради пониската температура?
Генерално мислам дека нема страшно голема разликата помеѓу класичната инсталација за парно греење на топлотна помпа, а не верувам и дека трошоците за користење би биле нешто драстични. Заради тоа и сум заинтересиран.