Здраво на сите.
Не сум стручен за темава греење, ниту претставувам некоја фирма, сакам само да го поделам моето искуство на оваа проблематика, бидејќи оваа тема и слични на неа по други форуми доста ми помогнаа за изборот на уреди за греење, па можеби и моето искуство некого ќе му помогне во одлуките.
Од лани се преселивме од стан со греење на топлификација во барака без централно греење. Претходните газди се грееја со термо –печка и рекоа дека супер поминувале. За мене тоа беше некако застарен начин (со оглед дека и такви термо печки веќе и не се произведуваат!?), па по препораки се решив за конвектор. 2,5КW Vaillant за просторија од околу 20 и нешто квадрати, дневна соба, трпезарија и кујна. Морам да кажам дека зимата супер поминавме, дури и во периодот јанаури или февруари кога температурите идеа и до -10, -12, кај нас беше 23-24 (некојпат и над 25, затоа што сопругата го вртеше термостатот на максимум, за побрзо да се греело). Спалната ја греевме со едно електрично радијаторче од 2KW и тоа навечер пред да легнеме и рано на сабајле кога е најладно, па се додека станеме (истото има тајмер и се подесува кога да се вклучи). Во купатилото има кварцна греалка (800W) и исто му се фаќа дали грее или не. Од тие греалки топлина се чувствува само ако стоиш 10 сантиме пред нив. Така да во план сум да ставам еден конвертор и во купатило и него да го врзам на тајмер. Зимата најголема потрошувачка беше 1014KW, со просек од околу 900 за другите месеци. Летно време некаде 250-300KW е потрошувачката.
Е тоа лето, за ладење мореше да ставивме еден климатизер. За избор пак се навратив на форумите и изборот падна на Fujitsu инвертер од 12000BTU, од Хидро сет. За Тошиба не се решив затоа што беше некаде околу 150е поскапа, а според спецификациите имаше за нијанса помали COP и EER. Исто така ги скокнав сите LG, Beko, Самсунг и компанија, најмногу од причина што имаа драстично полоши перформанси во спецификациите, настрана муабетите за квалитетот на истите. Зборам за инвертер моделите, такви разгледував затоа што идејата ми беше зима да биде додатна сила за греење.
Летото пројде, климата се покажа одлично, како што и очекувавме, брзо лади, тивко работи, малку троши. Сега почна да застудува па од кул, ја префрлив на хит и можам да кажам дека многу пријатно ме изненади во однос на тоа што го очекував (а очекував доста). Иако не е уште зима и допрва треба да се покаже, во периодот кога наутро беше 2-4 степени, многу побрзо ја загрева просторијата од конверторот. Разликата е чисто вака од осечај што би рекле. Инаку конверторот ја загреваше просторијата во просек за 1 степен на секои 10 минути, за инверторот уште немам направено мерење. Она што пријатно ме изненади во однос на потрошувачката е дека при иницијалното пуштање, работи со максимална сила од 1,4КW во првите 10-15 минути, кога е забележително загревањето на просторијата. Потоа паѓа на некаде 850-900W (што е декларираната потрошувачка), додека ја постигне бараната температура, што исто така е релативно кратко време, за да после продолжи да ја одржува истата при што троши некаде 370-380W, во кој режим и работи во најголемиот дел од денот, а често знае и да сопре на одреден период. Температурата е цело време стабилна, значи нема осцилации нагоре надоле по некој степен.
Што се однесува до производството, Made in PRC е, што би се рекло од Кина. Според моите сознанија, Фуџитсу ја има затворено фабриката во Кавасаки (Јапонија) пред некоја година и целото производство на клима уреди е преселено во Кина и Тајланд. Така да Фуџитсу мејд ин Јапан нема веќе. А моделот е истиот што го има на официјалниот сајт на Фуџитсу за Германија.
Да сме здрави и живи и да видиме како ќе ја пројдеме оваа зима, па здравје понатака би ставил и мулти инвертер систем за останатите простории.