Веројатно квалитетот! LG и Beko се со потекло од Турција, првите ‘‘као‘‘ со лиценца на Корејците.... Да, Toshiba послабите модели се тука некаде 45-6,000! Додека Hiperinverter Daiseikai 5 оди скоро дупло 85,000,-.... Послабите модели на Toshiba се произведуваат во Тајланд, додека хиперинверторот е оригинал Јапонски! Погледни ги перформансите негови особено COP факторот - преосечно троши колку 6 светилки (сијалици)... далеку ги надминуваат овие наведените, што реално се трета лига во загревањето... Ист е случај и со Panasonic-от кој се продава во Техномаркет - тоа е кинеско ѓубре, кое добро ќе работи една или максимум две години, а потоа спремај 150+ Евра за компресорот! Познавам двајца на кои им прегоре компресорот по 3 год користење, точно по истекот на гаранцијата (порано гаранцијата беше 2 год)... и тоа и двајцата со приказна дека ги купиле инверторите по 50-тина илјади и дека по потекло им биле од Малезија.... Ми се чини ист е случајот и со LG, Beko.... ке работат добро 2-3 години, додека Toshiba дава 3 години гаранција, а со посочената потрошувачка можеш да очекуваш дека тој модел од Малезија бар 7-8 години нема да изгуби од енергетската ефикасност, додека Daiseikai повеке од 10 години!!!
‘‘Епа сега ти види зошто би рекле овде: Колку пари толку музика‘‘ или зошто Србите би рекле: ‘‘Ако незнаш шта је лепо, питај шта је скупо‘‘.... имаат многу логика и двете поговорки! Дури и во случајот на моите пријатели: Сиромавио двапати плаќа излегува дека е така... (иако тие велет дека не платиле евтино)... Ееееее, ама од скапото имало поскапо.... и многу поубо!