- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
За ‘‘норвешките радијатори‘‘ само имам читано на специјализирани сајтови за климатизација и греење.... можам да кажам дека прочитав само пофални зборови! Прецизни термостати, напредна технологија на греење, иновации некои кои овозможуваат да бидат барем 30% поефикасни од класичните конвектори, што би значело во една просторија од 20м2 со просечна изолација и исто таква столарија, наместо ‘‘Thermor‘‘ со инсталирана моќ од 2Kw, од норвешките 1,5 ке ја врши истата работа! Но тоа е добрата вест! Лошата е што се барем 2-2,5 пати поскапи од обичниве конвектори..... имаш ли податок за цените? Не би требало да се под 200-250 Евра. Инаку од овие Француските Thermor, користам јас... и многу сум задоволен и од квалитетот на греењето па и од сметката за струја (донекаде) греам две простории од по 14 и 12М2 со просечна во едната и добра во другата соба изолација.... сметката за струја 3-3,500,- Ден/мес вон грејна сезона пола 1200-1500....(два члена)Дали некој знае нешто подетално за ''норвешки радијатори''?Кај нас ги нема (најблиску може да се купат во Врање ) а бидејќи се мислам помеѓу Thermor i овие норвешки би сакала да слушнам дали некој има некаква информација која би помогнала да се одлучам
Ама навистина се гнаси! Ми се повраќа од нив! Инсталирање те обична монтажа на клима која бај д‘ веј чини 11-12,000 наплаќа 1/3 или повеќе! Па кај го има тоа!? Остај што се поскапи, и тоа многу поскапи од понудата на клими бо Белград да речеме (отворете Техномаркет Србија па ќе се уверите! Редовно по неколку иљадарки наши се пониски цените)..... па уште и колат со цените на монтажа! Но тука не завршува колежот.... многу ми се интересни ко ке кажат: Гаранцијата се продолжува на 3 години, но задолжителен е годишен редовен сервис кој веројатно се плаќа ‘‘дебело‘‘.... па со монтажата и со двата редовни сервиса двапати ќе ја платам климата бе гадови ниедни!!! Која дрскост човеку!? .... Оди во Нептун купи си Беко, многу задоволни од овие клими се луѓето што ги имаат. Или Мидеа, некој спомна погоре.... незнам навистина каде има Мидеа!? Работеле и на пониски температури од -5.... ама дај не е 30,000! Можеби Мидеа Инвертор, но овичните не би требало да се поскапи од 14-15,000.Денеска бев до техномаркет за да земам од НЕО/то за во спална и се изнервирав малку, климите што ќе се купат таму мора да бидат инсталирани од одредени фирми кој наплаќаат дупло повеќе за инсталација за разлика од останатите фирми кој немаат договор со нив, во спротивно гаранцијата нема да ти биде валидна.
Навистина ми е докурчено од вакви монополски финти и сакам да се јавам во нивната дирекција за да прашам дали тоа е политика на фирмата или пак продавачите/менаџерите од продавницата имаат одреден процент од тие сабконтрактори кој инсталираат клими. Која е логиката да ме условува како ќе ја инсталирам климата и краен случај зошто цените не се фер, не може обичен мајстор да инсталира клима за 1500 денари, додека овие да инсталираат за 4000.
На официјалниот сајт не можам да најдам телефон ниту пак и мејл од главната дирекција кој сигурно ќе бидат загрижени за тоа со каква транспарентност менаџираат во продавниците. Ако има некој телефон од дирекцијата или пак и мејл нека пиши тука или на ПП.