Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофа жива, за ист простор од 50 м2, многу повеќе грее сплит климата Quadro од оваа Inventorot од Џиви. Ова го зборам од лично искуство, во мојата куќа, каде што се монтирани двете клими кои греат иста површина, само што едната е на први, а другата на втори спрат.
аман бе шо лафиш , јас па лагум да зеам уд таа уд 26К шо е
мер толко не а биве , шо само ги фаљат исти биле кути gree климте
извинете на дијалектот :D
 
Еве ги сервисните за Инвенторот од погоре, според нив се работи за компресор на GMCC и модел DA130M1C-31FZ кај 18ките. И алфата и пасионот го имаат истиот според овие PDFи на линкот.
За компресорот повеке имате на 320 страна каде @kokin4e го опишува својот Vivax AELI и негова работа/потрошувачка во Битолски услови.
 
аман бе шо лафиш , јас па лагум да зеам уд таа уд 26К шо е
мер толко не а биве , шо само ги фаљат исти биле кути gree климте
извинете на дијалектот :D

Инвенторот е
аман бе шо лафиш , јас па лагум да зеам уд таа уд 26К шо е
мер толко не а биве , шо само ги фаљат исти биле кути gree климте
извинете на дијалектот :D

јас лафум за таа од 52.000 па сеа ти види, или ела на лице место увери са :D
 
јас лафум за таа од 52.000 па сеа ти види, или ела на лице место увери са :D
па таа е де истата серија Алфа , само 24-ка си зимал, ако а мести Чуљ мора да топле :D
за шо викиш катастрофа е не та знам , нормално квадрото дуе пожешко оти мора да набие и да искључе ,така када мене работе неото , не са стое пуд неа мислиш огин излеве :D
воа инвенторот сигурно дуе млако затоа не ти праве кејф , таа е работта знам :D
 
Не е баш за тука прашањево, али ми е голем проблем, па ако може некој да ми помогне.
Задов од битпазар ваква боца (сина е по боја) од 5литри. Ја наполнив и пробав да ја користам, првиот пат си беше ок си сварив кафе, вториот пат ставив тенџерче мало и на минутка откако ја уклучив го врати пламенот низ двете дупки што се наоѓаат над вентилот. Поради што може да е ова?
boca.JPG
Чаре што да правам со боцава?
 
Расипано е нешто,а најдобро е наместо да го поправаш да купиш нов наставок.менувањето е едностано,се одвртува горниот дел над вентилот и се монтира новиот(кошта околу 220-250) денари.И јас го имав овој проблем,кај мене беше до дихтунгот,ама јас го сменив целиот дел бидејќи не е скап.

Боцата си е боца и нема потреба да чепкаш на најзе.Ако и вентилот е расипан,смени го и него.овие се потрошни делови
 
Расипано е нешто,а најдобро е наместо да го поправаш да купиш нов наставок.менувањето е едностано,се одвртува горниот дел над вентилот и се монтира новиот(кошта околу 220-250) денари.И јас го имав овој проблем,кај мене беше до дихтунгот,ама јас го сменив целиот дел бидејќи не е скап.

Боцата си е боца и нема потреба да чепкаш на најзе.Ако и вентилот е расипан,смени го и него.овие се потрошни делови
Знам како се вади го одвртив и го гледав, единствено ме буни што на ептен малку кога е пуштена не го враќа, ми изгледа дека го имаат утнато отворот на наставокот каде што влегува и го враќа назад или како и да е. Ми е криво што еднаш само ја уклучив, ќе пробам да ми го сменат брачата на битпазар ако е можно не се ни познава дека е користен
 
Да не забегаваме со вакви муабети,ја расипуваме темата.може да продолжете на пп

Што е разликата од ефтна и скапа инвертер клима?
Прашувам бидејќи има инвертери од 25000 и 50000 ден.
 
Да не забегаваме со вакви муабети,ја расипуваме темата.може да продолжете на пп

Што е разликата од ефтна и скапа инвертер клима?
Прашувам бидејќи има инвертери од 25000 и 50000 ден.
разликата е исто како да се возиш со југо и мерцедес
и со двете ќе стигнеш од А до Б точка , но со различен конфор
 
Ако ја употребуваме горната метафора, тогаш да -
и со југо и со мерцедес е можно да стигнеш од точка А до точка Б, но со таа разлика што ќе зависи од времето: ако е многу ладно или има многу магла, до точката Б може да дојдеш и на пролет. ;)

Сериозно, не може туку така да се симлифицира. Разликата е пред се во квалитет. Со сегашниве цени (поскапувања заради растот на доларот), 35к е појдовна цена на клими (со инвертор) кои можат да се наречат пристојни за греење.
 
Не, не сум во можност да останам таму толку време а воедно и набљудувам работата на истата. Вратата кон останатите простории беше затворена.


Ајде, кажи ми да ти кажам :) За клима која примарно ќе ја користам за греење за ~1000 евриња, мојот став е:
1. MSZ-FH35VE - личен фаворит, топ класа на Митсу со супер карактеристики и задоволни потрошувачи. Ме двоуми фактот дали ќе ми биде доволна за моите ~35m2.
2. Ако ја баталиме таа, следен логичен и “побезбеден“ избор (од страна на финансиски и тех. карактеристки аспект) е RAS-16N3KV2-Е.
3. А во случај ако си екстра параноичен и обмислуваш стотици сценарија и шо не, би ја избрал необјасниво и веројатно непотребно поскапата RAS-18N3KV2-Е.

Земено дека се што разгледувам последниов период е околу FH35VE, знам дека си барам оправдување како би ја купил баш таа. Ама од друа страна никако не може да престанам да се сомневам во тоа дали ќе ми биде доволна, па без разлика на колку форуми читам, постирам, правам пресметки за загуба, и што не.
Ова последното беше нешто како disclaimer дека проблемот си лежи чисто во мене, и секоја чест на сите оние кои помагаат нонстоп со совети информации и воедно да трпат такви како мене. :toe:

Имам читано дека потребната моќност на климата се одредува ако површината која треба да се грее се подели со 10. Значи за површина од 35 кв. испаѓа грубо дека потребно ти е минимум 3.5 kW клима. Еве за посигурно нека биде нешто над таа бројка, до кај макс 4 kW. Има нешто точно во ова?
Ме интересира кога е најдобар период за купување инвертер? Дали воопшто постои период во годината кога може да се начека тн. мртов период кога побарувачката е помала, па со тоа да се издејствува некој попуст или да се начека промоција?
 
Имам две нејасни прашања и мислам дека овдека заедно ке ги разјасниме.
Значи вака: се работи за две соби (детска и спална) од по одприлика 10квадрати во нова градба со 8цм стиропр на фасада и 4ри сезонски пвц прозори и двете соби се свртени кон запад со по еден надворешен зид.
Е сега откако ова зима (која уште не е заврсена иако е календарски пролет) ја поминав со VIVAX - ACP-12CH35GEYI веке и немам намера да барам друго решение за греење освен на клима, па прашањата ми се?
Дали за овие две соби за греење ке ми бидат доволни две седумки или подобро ке биде да се стави две деветки?
И второто прашање е дали е поисплатливо да се стави две одвоени за секоја соба посебно или еден мулти сплит систем од една надворешна и две внатрешни единици.
Спрема мене кога би се одлучил за милти сплит и да ставам седумки и да ставам деветки надворешната ке мора да биде осумнаеска, е сега ако ставам две седумки на надворешна осумнаеска дали ке има тешкотија тој компресор кога внатре би работела само една седумка (тешкотија мислам да се мачи на мали обртаи затоа што колку ке му треба работа на тој компресор од осумнаеска единица да задоволи седмица внатрешна, да не довага до чести дефросови затоа што по мене тоа ке биде предимензионирана комбинација). И дали е голема разлика во инвестиција за купување две посебни отколку една мулти сплит, бидејки за мулти сплит системите неможам никако да најдам како се движат цените на надворешна и внатрешна пооделно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom