Без добра инвестиција нема ефтино греење, 100евра за панелка од ваква или онаква марка не е некоја голема инвестиција и тука економичност нема да најдеш, а дали суши или несуши според комшиски муабети лесно се проверува, со 500ден купуваш термометар кој има и мерач за влажност, ако е вистина сув воздухот имаш навлажнувачи електронски за 50-60евра, има и за 100ден керамички садчиња во BAZZARO што се закачуваат на радијатор/панелка и испаруваат вода и решаваш проблем со влажност но пак мораш да мериш за да кажеш Ок е или не е ОК влажноста, без мерач може само да се претпоставува.
Што значи сув воздух може да се дискутира на долго и широко, по информации по нет по сеќавање мислам беше 40-60% нормална влажност.[DOUBLEPOST=1420390053][/DOUBLEPOST]
Термо печката е топлински акумулатор, ја полниш навечер ја трошиш преку ден а toa e COP=2, панелката ја трошиш кога ти треба неможеш да ја акумулираш преку ноќ и тоа е COP=1. За иста просторија под исти услови двата уреда исто ке потрошат во KW струја, но тој со термото ке има во денари упола поефтина сметка оти ја полнел на ефтина тарифа