Не сакам да завземам страна , но неможам да се воздржам а да не искоментирам ништо покрај сето ова шо го прочитав. Гри ти е класичен пример како државичкава наша медена земја (со пм честички во медо) , како то ние сме најарни а никој друг не чини , секој сака да не заеби, се плука по се живо и диво а во реалност за К не не бива. Сакам да дадам еден најглуп пример, купив блендер од медиамаркт(Дојчланд) пред неколку год, ама кога го отворив дома ми фалеа две капачина од шишињата што идеа со блендерот (блендер од 100еур- не се фалам). Другиот ден појдов да прашам ако може да ги добијам тие две капачиња. Додека јас се обидував да ги убедам дека блендерот е одличен , одлично функционира , дека нема потреба да го сменувам ,ако може да ми ги дадат само капачињата, тие ме убедуваа да го вратам и да ми дадат нов , мислам се разбираме? Со ваков однос кон клиенти и кон потенцијални клиенти што читаат тука и плус рекла казала не се гради бренТ како шо би рекол Климе. Ве чита тој шо ви е извршен директор? Ако да , секоја чест. Успат немам ништо против Гри , можи топ си се климите , можи не , друго ми беше муабетот. Вистина е дека секогаш ќе има "пациенти" во држава со олку "висок" коефициент на интелегенција , ама вие сите ги ставате во ист кош. Во секој случај и тие така наречени пациенти треба да ги третирате со одредена доза на респект доколку сакате да изградите бренТ, оти баш тие пациенти прават најголема анти-бренТ реклама. И ова е форум за искуства , за некој неупатени ко нас шо немаме време или не сакаме да станиме мајстори за клими, да научиме нешто за вие утре да не дишите загаден воздух,а не за герила маркетинг и на кој му е поголем. Поздрав.