Инвертер е СМЕШНО оптоварување за струјата, да не забегуваме со муабетите, Значи трошат 3.5киве 500W до кај 1500W, евееееентуално докај 2200W може да повлечат некои модели.
Фенот со кој се суши жена ти коса е 2000W, панелка е 2500W, Нутри булет е 900W!!! Шпорет има? Епа 2000W... Правосмукалка? 1200-2600W е таа.
А за нив пазиш „каде ја уклучуваш“? Не. Не се замараш. А за 800W инвертер ќе се замараш!? И тоа со новиве со исфилтриран напон, со инвертирачки склоп и DC мотори мазен напон вадат и не оптеретуваат ништо посебно кон мрежата. Немаат ни пикови на старт, како што ОН ОФ клими имаат заради нивните AC мотори.
Итн. Многу муабети за небитна ствар. Апсолутно му треба нова инсталација со 16-24 осигурачи, и трофазен довод. Ама не заради инвертерите, туку за општ добробит на жителите во објектот и сигурност при употреба на различните потрошувачи и тоа пред се довод трофазен за штекерот и за бојлерот. Климата е небитен потрошувач во едно домаќинство.
П.С: Повеќе ќе придонесеш со ставање на добри 2700-3000К лед сијалици НАСЕКАДЕ низ куќата, отколку да се замараш со друго. Зошто 60-100W по сијалица од обичнине, си се собира како ништо докај 1KW за заебанција и осветлување во куќа. А со 2700-3000К ледови од 10-13W стига докај 100W што е цел киловат растеретување. Ете ти ја климата беспари да работи.
